Малце се чудни овие луѓе што имаат по 2-3 постови, и сите постови им се врзани со некој си диет-клуб. Сеа малце иронично ја ова да го посочам, дека и ја сум од тие самошто зачленетите
Али имам искуство од маркетинг и како одат овие работи на интернет. Постојат фирми кои прават финти, демек се распрашуваат за нешто, а уствари му прават маркетинг... пуштаат свои луѓе по форуми и слично.
п.с.
До девојката што ми постави прашање на ПМ, со диетата и свадбата... Не ми дава форумот да одговорам на пораката бидејќи сум нов. Извини
Диета да само од диет клуб како што ке ти каже нутриционист, а не денес не јадам ништо...јас осалбев таму здраво и секогаш најадена,ве сакам:back:
Нутриционист, ако имаш некаква болест врзана со варење или слично. Да бараш нутриционист за слабеење е како да бараш механички ауто-инжињер да те учи како да паркираш кола.
Нутриционистите се теоретичари со еден куп теорија, ништо од пракса.
Дефиницијата на диета btw е обично... Кога јадеш базирано на програм, а не интуиција, глад, традиција. Односно, некој од надвор ти диктира што да јадеш, а што да не јадеш - тоа е диета.
Штетноста на диетите не е само затоа што големиот дел се брзи... Туку и кога не се брзи, пак има штета затоа што човек се тера со сила нешто да јаде, а нешто да не јаде. Скоро секогаш пропаѓаат диетите долгорочно, бидејќи им пука на луѓе филм, и психолошки и физички да си ограничуваат што смеат, а што не смеат да јадат.
Има многу други пристапи за слабеење освен диети.
Вежбање...
Ништо друго у живот да не промениш, само да вежбаш редовно, за година дена ќе тежиш 5-10 кила помалце, ќе се чуствуваш супер и ќе изгледаш подобро отколку човек што ги изгубил само преку исхрана.
Психолошки...
Ако некој има вишок килажа, скоро сигурно има голем број на психолошки оброци... Тоа се јадења кај што јадеш од досада, стрес, навика, нервоза... итн... Ако ги отстраниш сите психолошки јадења, сигурни 5-10 кила, додатни за година дена.
Постење...
Доста популарно помеѓу манекенки и танчери, танчерки... Ова е едноставно период на нејадење, или јадење само чист зеленчук. Пример 1 ден во неделата јадат само зеленчук цел ден, или секој ден имаат период на нејадење... Пример, не пипаат храна после 8 навечер, само зеленчук. Инаку, јадат што сакаат, кога сакаат.
Брзина и свесност при јадење...
Обично луѓе пронаоѓаат дека ако се натераат да јадат супер бавно, џвакајки го секој залак еден куп пати, вкусувајќи го секој молекул, дека генерално јадат некогаш дури и 2-3 пати помалце. Ја првпат кога го пробав овој принцип ме прашуваа луѓе да не станувам анорексичен. Али стварно не ми се јадеше повеќе... Кога јадеш вака, ти даваат пица, сецнуваш мало парче, додека да го изџвакаш се чуствуваш препун... И не ти се јаде веќе.
Итн... Итн... Причината зашто највише се форсираат диеталните пристапи е зашто има најголем профит во нив. Во реалноста диеталниот пристап е нај-не-ефикасен за луѓето (но најпрофитабилен за компаниите).
Никој не вади профит ако ти јадеш помалку од истата ефтина храна. Па затоа овие прикаски за злобната евтина храна, и чудотворните (иако грозни на вкус) т.н. здрави храни кои по некое чудо се изгор скапи.