Не разбирам што ви е целта на муабетов, која диета е најздрава или најефективна?
Најефективна: диета која нема да ви биде преголемо замарање и прилагодлива на начинот на живот, се што е екстремно ќе го исфрлите за кратко време, ако научите што треба да јадете и колку да јадете нема да имате мака за цел живот, особено ако е комбинација со спорт.
Најздрава: е тоа е тема каде што се кршат многу копја, излегува дека се во право и едните и другите, сите прават научни истражувања и сите постираат резултати по кои излегува дека се во право
Mислам дека баланс е одговор на ова прашање, исфрлете процесирана храна, прженици, брза храна, алкохол, сите сокови (газирани/негазирани), дневниот внес нека ви биде баланс од јаткасто овошје, зеленчук, риба, месо и овошје (особено малини, капини, аронија, вишни, тиква, портокали, грејпфрут..) и нема да имате проблем со килограмите, а воедно и со енергија и имунитет.
Јас лично не би можел да бидам веган, барем не можам да се замислам, можеби може и како вегетаријанец да се внеси се (со помош на суплементација, особено делот на омега 3), али не би се замарал со таква работа, особено додека вежбам по теретани и боречки вештини.
Моја препорака за тие што слабеете, брза лента intermittent fasting+keto, малку побавна само кето или само intermittent fasting, а фастингот ви е топ и за цел живот, станува навика после 2-3 недели, јас го практикувам 16/8, практично е и нема ни да осетите дека сте на диета, имате лимитиран период во кој се внесува храната, па и да сакате тешко дека ќе надминете калориски внес ако јадете „чиста храна“.
@Psyside и кравата е веган, ама е 500кг