Диети и слабеење

Член од
31 јули 2012
Мислења
59
Поени од реакции
18
Дали е возможно да се ослаби 30 кила за 6-8 месеци? Имам 110 кила, висок сум 1.80 и сакам да бидам некаде 80 кила до лето, некој испробан начин?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Не бев на некоја специфична диета,броев калории и вежбав интензивно.
Ослабнав 25 кг и добив сигурно некаде 5-10 кг мускулна маса за 1 година.
Тоа што го бараш е возможно ако го сакаш. 551297_421451854625539_1012217937_n[1].jpg
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Дали е возможно да се ослаби 30 кила за 6-8 месеци? Имам 110 кила, висок сум 1.80 и сакам да бидам некаде 80 кила до лето, некој испробан начин?
Фала богу дека е возможно. Не пиј сокови или барем намали ги ептен, не јади благо, јади троа помалце од тоа што обично јадеш.
Не јади надвор (фаст фуд/ресторани и слично).
Пиј вода. Пиј многу вода.
Јади зеленчук колку што сакаш.
Јади и овошје, доволно за да ги задоволи твоите потреби за шеќер.
Спиј 8 часа. Ноќно. Асално. А не во 5 саат сабајле да ми пишуваш на кајгана.
Која ти е кондицијата? Претпоставувам very low.
Почни да се движиш, секој ден.
По пола час дневно, 1 недела.
Зголеми на 45 минути.
Зголеми на 1 саат.
Пробај да трчаш. Полека, небрзај нигде. Читај
Веќе се поминати 3-4 месеци а ти си ослабел 15 кила. Можно е да дојде период каде што едноставно што и да правиш, вагата не мрда. Ќе помине и тоа, и ќе паѓаат повторно килограми само ти не треба да се обесхрабруваш. Продолжи, ќе биде.
Веќе нема ќар од пешачење/трчање. Сега е потребно да почнеш вежби за мускулна маса.
Оди во теретана или вежбај дома. Склекови, чучњеви и слично.
Почни да јадеш повеќе чисто месо. Риба, пилешко... говедско.

Се гледаме на плажа со коцките.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
Барам мислење.. од поискусни...вежбам веќе 1год 2месеци, и ослабев доста многу неколку броја незнам кг :)... ама проблем е ми остана последниот слој најдоле кај стомачни.Доста ослабев ама некако ме фаќа страв да не расипам организам.. иначе кога некогаш ќе фатам да јадам -јадам за цел ден, а некогаш па и одржувам диета.. само една недела тешко зошто секогаш ќе се појави нешто (јадење) да ме излаже да го изедам.Пред некое време ми даде доктор да пијам за зајакнување на коските.. бев за рбет искривен малце.
иначе газирано отфрлено веќе 3/4 месеци.
шеќери на најниско ниво во ништо не ставам.. освен некогаш да пробам чоколатце..
Пари некако послабо..-скапа исхрана е па се прилагодувам на тоа што имам.Манџа кога има ја јадам без запршка.. вода/грашок.. и вкусно е.-Само попладне
Овошје-Најчесто јаболка и банани.Јаболка купувам секој 3/4 ден од зелено пазарче.. поефтино е 100ден 5кг. банани 35/40ден 6/7 банани.
Зеленчук-Среќа сега има зимница.. и јадам кога сакам.. колку сакам.. исто и за овошје.
Маснотии..-гледам да конзумирам во што помала количина.
Течности-Најчесто пијам вода и природно млеко од крава-среќа имам од каде да земам / купам :) некој ѓи нема тие услови па мора вештачко+ поскапо е.
Најважното е -често вежбам.. стомачни,склекови,чучњеви -во домашни услови.. порано и трчав на кеј ама ме фати некоја мрза па сега за сега само дома од утре и пред зграда на справа имам ја напраиле поголемите :)
Утре планирам и на доктор да си проверам организмот, но ќе ми биде добредојден секој совет.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Треба да прогресираш со вежбите и со интензитетот,телото ти се адаптирало и сега мора да направиш поинтензивен тренинг.
Исто ти требаат и повеќе протеини за да немаш кризи за јадење,затоа што протеините бавно се апсорбираат.
 
Јадам стекови,риби ако имаш уште некое јадење .. додади.
иначе не сум мн по готвење.. па моите дома ми прават пржено.. ја маснотијата ја собирам со хартија.. притиснувам.Ако знаеш некој подобар начин на приготвување кажи?
А за интензитетот преголем ми е.. за мои години.. 17-18... а правам од 750-1000 стомачни дневно.. можеби за некого ќе изгледа невозможно но ги правам.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ти зборувам за да се зачлениш некаде во теретана,да вежбаш таков интензитет,наместо да правиш стомачни колку што викаш направи 10 но со поголема килажа,ако целовреме го правиш истото телото се адаптира.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.779
Поени од реакции
12.245
Научно докажано: Откриени вежбите кои го намалуваат апетитот?

Еден од стереотипите е митот дека вежбањето потикнува глад и дека после физички напор со храна ќе ги надополниме потрoшените калории, но најновите истражувања зборуваат поинаку.
Според статијата објавена во списанието „Science Daily“, истражувањата спроведени во Јапонија и Англија покажува дека некои вежби имаат спротивно дејство – го намалуваат апетитот.
Најдобри резултати се постигнуваат со скокање со јаже. На второ место е трчањето, со што се потиснува апетитот повеќе отколку со возењето велосипед.
Јапонските научници набљудувале 15 здрави мажи на возраст од 24 години кои наизменично скокале со јаже, возеле велосипед или се одмарале. Експертите ги адаптирале двете вежби, и скокањето со јаже и возењето велосипед со цел потрошувачката на енергија да биде еднаква.
За време и после вежбањето на доброволците им биле мерени хормоните одговорни за апетит и глад и ги прашале колку субјективно се гладни и каква храна би сакале да јадат. Се покажало дека најгладни биле оние кои одмарале.

http://www.zenskikutak.rs/lepotaizdravlje/18583_Otkrivene-vezbe-koje-smanjuju-apetit.html

Можеби вакви статии треба да се земат со резерва, но активноста во секој случај е здрава работа
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Барам мислење.. од поискусни...вежбам веќе 1год 2месеци, и ослабев доста многу неколку броја незнам кг :)... ама проблем е ми остана последниот слој најдоле кај стомачни.Доста ослабев ама некако ме фаќа страв да не расипам организам.. иначе кога некогаш ќе фатам да јадам -јадам за цел ден, а некогаш па и одржувам диета.. само една недела тешко зошто секогаш ќе се појави нешто (јадење) да ме излаже да го изедам.Пред некое време ми даде доктор да пијам за зајакнување на коските.. бев за рбет искривен малце.
иначе газирано отфрлено веќе 3/4 месеци.
шеќери на најниско ниво во ништо не ставам.. освен некогаш да пробам чоколатце..
Пари некако послабо..-скапа исхрана е па се прилагодувам на тоа што имам.Манџа кога има ја јадам без запршка.. вода/грашок.. и вкусно е.-Само попладне
Овошје-Најчесто јаболка и банани.Јаболка купувам секој 3/4 ден од зелено пазарче.. поефтино е 100ден 5кг. банани 35/40ден 6/7 банани.
Зеленчук-Среќа сега има зимница.. и јадам кога сакам.. колку сакам.. исто и за овошје.
Маснотии..-гледам да конзумирам во што помала количина.
Течности-Најчесто пијам вода и природно млеко од крава-среќа имам од каде да земам / купам :) некој ѓи нема тие услови па мора вештачко+ поскапо е.
Најважното е -често вежбам.. стомачни,склекови,чучњеви -во домашни услови.. порано и трчав на кеј ама ме фати некоја мрза па сега за сега само дома од утре и пред зграда на справа имам ја напраиле поголемите :)
Утре планирам и на доктор да си проверам организмот, но ќе ми биде добредојден секој совет.
имаш два избори тука
1: да се малтретираш со калориски дефицит и да се отепаш од трчање за да го скиниш долниот дел од стомакот со ихраната која ти се нуди пред тебе, али ќе биде долго, тешко и ќе се направиш како стап.
2. да задржиш колку што е можно повеќе од мускулчињата кои ги имаш и да промениш целосно исхрана, да инвестираш некој денар плус....или пак некои недозволени работи. Недозволените не ти ги препорачувам бидејќи си мал, а новата исхрана би те чинела нешто повеќе. Незнам колку имаш во тој предел за топење, али има начини од 1-3 месеци да го скинеш со оваа исхрана. За повеќе инфо ако си заинтересиран во пп или било кој друг ;)
се е возможно али си треба жртва...
 
Член од
23 август 2006
Мислења
46
Поени од реакции
96
Јас ги скинав со твојов режим на исхрана и трчање (5К 2-3 пати неделно, 10К еднаш неделно, планинско трчање еднаш неделно), но јас се фокусирам на планинарење и издржливост па мускулната маса на горниот дел од телото страда заради режимот на вежбање.
185цм - 69кг
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Јас ги скинав со твојов режим на исхрана и трчање (5К 2-3 пати неделно, 10К еднаш неделно, планинско трчање еднаш неделно), но јас се фокусирам на планинарење и издржливост па мускулната маса на горниот дел од телото страда заради режимот на вежбање.
185цм - 69кг
според чиј режим?
се задржува мускулна маса, а и се качува и покрај толку физичка активност...:)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Сте се запрашале ли што сакате да изгубите од вашето тело?
Може сте изгубиле 10 кг за еден месец но погодете што,поголем број од таа бројка е вода,бидејќи нели телото е 60-70 % вода лесно е да се излажеш дека си изгубила тежина.
Телото е составено од мускули,коски,вода,минерали(активна маса) и масти(неактивна маса цитирам подоле дека и тоа не е така).
Кога вие идете на рестриктивни диети и гладувате вие губите мускули и вода,мастите се согоруваат последни затоа што телото секогаш сака да складира не сака да троши резервна енергија.
За да согорите 1кг мускули е потребен дефицит од 1200 калории,наспроти 7000-8000 калории за 1кг масти.
Затоа вагата може да ви покаже дека сте накачиле килажа,а тоа да се мускули и вода и малку масти.
1499564_582468915178670_59522828_n[1].jpg
Плус 1 кг мускули и масти не задржуваат ист простор(волумен) во нашето тело.
За истиот волумен 1 кг мускули зафаќаат помалку простор од 1кг масти.
Затоа наместо да се фокусирате на вагата земете трака за мерење и калипер за телесни масти.
Фокусирајте се на огледалото и телесната композиција.
Со драстично намалување на килограмите не го постигнувате тој резултат што го посакувате и целулитот не го тргате.
За да го избегнете јо-јо ефектот купете си вага,земете видете колку калории ви треба и намалете 20% од вашите калориски потреби.
Бидете трпеливи и максимум што треба да ослабнете е 2.5 кг месечно.
Изгледа малку но резултатите се долготрајни,наспроти јо-јо ефектот на деструктивните диеити.
Body+Transformation+-+Girl+with+Abs+muscle+-+66+kg[2].jpg

Колку % телесни масти е здраво.
Погледнете ја табелава.

Weight-Loss-VS-Fat-Loss2[1].jpg

Илустративно колку % телесни масти имате.
bodyfat[1].png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom