Дејвид Кроненберг?

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Одамна сум ја мислел темава.
Еден другар ми го даде Crash филм од 1996та година, филм во режија на Дејвид Кроненберг пред околу една година.
Дури сега ја отворам пошо гледав уште еден филм на Кроненберг во кој го забележав истото она за што сакам да дискутирам.

Како прво, Crash е болен филм. Го уклучив, и го исклучив после 30 минути.

Замислете колку "јака" приказна имат. Значит, филмов почвит со една добра порно сцена (немам ништо против такви сцени во филмој, све дур не преминет во нешто болно). Значит, типов доживуват сообраќајка, одит во болница. Не е битно.
Битното е шо откриват дека всушност сексуалниот нагон му се покачвит ко ќе е близу да доживејт сообраќајка.
И откриват еден куп личности шо намерно возат како лудаци за да им се покрене желбата за секс.
И имат многу болни секс сцени.

Пред некое време го гледав A History of Violence, и пред све го гледав ради Ед Харис (и филмов е исто на Кроненберг и поради то ми текна дека редно е да отворам некаква си тема), и имат една многу ретардирана сцена кај шо Виго Мортенсен се ебит со типкава на многу ретардиран начин, сцената на скалите ако некој се сеќават. И таја сцена го прогонвит цел филм. Филмот во основа е за нешто сосем десетто, за неочекувано да ти се појавит сцена во која двајца се ебет на многу болен начин???

И она шо го мислам е, колку болен можит да бидит чоек за да напрајт таков филм ко Crash?
Мислам, то не е ни секс сцена во филмот. Сакам филмој шо имет одредена количина такви сцени, ама филмој шо веќе преминвет во порно? Американска пита 6,7,8, некој? Која сатисфакција е да гледам нешто шо е наречено филм, а е ефтино порно? Имат цели колекции на замунда ако ми беше стигнато до то.



И која беше поентата на филмот? Не можам до крај да се држам до овие ставови дека е многу лош филм затоа што го гледав само 30 минути, ама кој го гледал цел нека искоментира.

Еве коментар од имдб:
It's basically a sick mild porn movie for sick people.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Штом си таков, замисли колку муда треба за да го изгледаш Српски Филм, или да избегаме од балканот, пример делото на мааааааалку преценетиот Lars von Trier - Antichrist. :icon_lol: Иначе штознам за Кроненберг, освен Crash, oнака исфорсиран како класика нешто е Videodrone. Него: It's basically a sick mild porn movie for sick people. Лошо е ова, не чини, исто може некој да напише за A Serious Man: It's a stupid pointless movie for stupid people. Значи не сум фан ни на Кроненберг ниту пак на Cohen, онака објективно гледам.

Инаку колку и порно да има во еден филм, никогаш не добивам hard-on и слично туку го гледам како уметност, барам поента и смисла, позадинска слика и тоа. Уште во расплетот на сцената/ите се фиксирам дека гледам визија, уметност, е сега ако е невкусно е друга прича (оправдувам и да е невкусно ама да има се поназад набројано) И сега освен ако е невкусно нема ни поента, ни смисла и се поназад наброено #2, пак оценувам уметност. Затоа тука се ниските оцени. Ништо страшно. Така гледам на филмовите.

Има поинлес секс сцени, има некои со причина и не бе бил филмот без истите, безразлика на експлицитноста.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
И која беше поентата на филмот? Не можам до крај да се држам до овие ставови дека е многу лош филм затоа што го гледав само 30 минути, ама кој го гледал цел нека искоментира.
И дали постојт некој добар филм на Кроненберг шо вредит да се гледат?

Еве коментар од имдб:
It's basically a sick mild porn movie for sick people.
Еј крашов одамна не сум го гледал еднаш на тв го гледав али има 10тина години така да ќе треба пак да го зирнам. А иначе Кроненберг ми е еден од омилените режисери и дефинитивно има филмови што вредат да се изгледаат. Како на пример последниот негов филм Eastern Promises овој верувам дека ќе ти се допадне и не памтам да имаше некоја болна секс сцена. Иначе незнам што толку те погоди сцената на History of Violence, ги пукна страст луѓето де ништо псоебно не беше :) Други филмови добри за гледање од Кроненберг се: Existenz, Spider, The Dead Zone, овие мислам дека ќе ти се допаднат, а мене лично ми се допаѓаат уште и Scanners, Videodrome и The Fly. Уште Naked Lunch не го имам гледано и незнам zошто сеуште не сум го гледал :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Scanners го заборавив, a Existenz го имам ама не ми е уште гледан. У мајндфак фолдерот ми е као. :D
Eastern Promises ми беше бледа копија на некој, ама да ме убиеш не ми текнува во 4:30 аm на кој.
Мада солиден филм as stand-alon e истотака. Да не излезе нема приказна во него.

И офтопик сме, за болните сцени мислам дека треба да тргне дискусијата, пропатно беше режисерот.
Или јас сум грешка?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Дефинитивно Кроненберг е малку изопачен. Одамна не сум гледал некој негов филм, ама да се потсетам: Мува, Гол ручек, Видеодром и можеби Dead zone. Веројатно малку за генерален заклучок. Сепак, заедничко на филмовиве им е, како што реков, изопаченоста, најчесто сексуална (садизам, мазохизам, хомосексуалност и др.) која од некакво замислено, кошмарно ниво се рефлектира во реалноста.
Авторов не се воздржува да ја прикаже и комбинира со научно-фантастични и натприродни елементи во своите бизарни филмови, од кои како што прочитав, некои се вбројуваат во поджанрот биолошки хорор. Не сум баш многу воодушевен. Кроненберг сака да шокира, на пример, со прикажувањето на некаква физичка или психолошка ужасна деформираност, а откако тој ефект ќе помине, не останува многу од она што би ме восхитило. Не велам дека не е оригинален. Веројатно е еден од поинвентивните хорор режисери, но оригиналноста самата по себе, не мора да значи квалитет, ниту пак, генијалност.
Мислам дека неговиот стил, начин на размислување и режирање е донекаде сличен со оној на Клајв Баркер (на пример, Кроненберг глуми во еден негов филм, што секако не е случајност, а и Баркер е опседнат со перверзии од секаков вид) и можеби, ама само можеби, со Карпентер (оваа констатација веројатно се должи на тоа што порано некои филмови на Кроненберг погрешно му ги припишуван на Карпентер). Како заклучок: секако се работи за режисер кој не е за секого и кој има ограничен број почитувачи на неговото дело. Не сум баш сигурен дека сум меѓу нив :).

А да, како дополнување, го заборавив eXistenZ, кој не беше лош филм.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас го имам гледано Eastern promises и не ми беше ништо посебно. Ама тој немаше експлицитни сцени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom