HELGA напиша:
LJUBOVTA,LJUBOVTA!!DA !! GOLEMATA LJUBOV KON DECATA ZASTO TIE SAKAT DA GI IMAAT I TATKOTO I MAJKATA NA EDNO MESTO VO ISTA KUKA KADE SE I TIE ,PA MAKAR RODITELITE DA IM BIDAT VO POSEBNI SOBI!! DECATA GI SAKAAT RODITELITE VO PAKET BEZ RAZLIKA KAKVO E PAKOVANJETO!!!
Да, прекрасно е кога децата живеат заедно со двата родитела. Нема дете што не го сака тоа. Но, само кога живеењето е издржливо.А кога нивните караници го претвораат домот у место од кое сакаш да побегнеш, не можам да се согласам дека е подобро да останат во "пакет".
Јас сум дете на разведени родители, и после првичниот шок, раводот ми дојде како олеснување. Не мораше веќе да бидам сведок на нивните викања и меѓусебни навреди, у кои често и мене ме вовлекуваа. Конечно домот не го доживував како пекол и можев да бидам мирна. Поради тоа не сметам дека е најдобро за децата родителите да останат заедно по секоја цена.Затоа што ако моите беа сеуште заедно и продужеа со своите конфликти, не сакам ни да помислам што ќе се случеше со мене.
Black angel, прво олеснителна околност е што не си мало дете и можеш пореално да ги согледаш нештата. Доколку беше помала сигурно ќе ти беше многу потешко. Не сакам да те лажам дека ќе биде лесно или дека нема да осетиш поголеми промени. Сепак еден многу важен сегмент од твојот живот се менува, а тоа не може да те остави рамнодушна. Но верувај ми дека после извесно време ќе се осеќаш дури и подобро. Иако веќе нема да живеете сите на исто место, барем нема да бидеш изложена на негативните чувства кои ги создаваат несогласувањата на родителите, и ќе се осеќаш многу поспокојно.
Нема конкретен совет кој би ти ја отстранил болката. Едноставно мора да си дозволиш да поминеш низ овој период. И колку и да звучи ко клише, од лично искуство ти кажувам дека времето само од себе ќе ги излечи раните.
Само додека сеуште се привикнуваш на променава, немој да се изолираш од пријателите, да се затвараш дома и постојано да мислиш на разводот. Излегувај, дружи се, цртај, пишувај и прави се што барем на кратко ќе ти ги оттргне мислите. А потоа верувај ми дека едноставно ќе го прифатиш фактот дека твоите се разведени и истиот нема да ти предизвикува болка. И запомни дека со нивниот развод не губиш еден од родителите, колку и да мислиш дека тоа е така. Баш напротив, сега кога ќе почнат да живеат одвоено можеби дури ќе се зближиш уште повеќе и со двајцата.