Децата и разводот

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Дефинитивно е подобро да се живее во разведена фамилија него во фамилија што не функционира но многу е важно детето според мене да се гледа константно и со двата родитела бидејки се потребни и татко и мајка и ја живеам во разведена фамилија веке доста години но навикнат сум само првиот месец ми беше малце чудно сеа ми е сосема нормално.
А во светот вакви работи се дешаваат премногу така да не е многу ужасно нешто додека родителите се ОК :)
 
^amfibija^

vodozemec
Член од
31 јануари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
14
DA ZIVEES SO NEKOJ STO NE GO SAKAS !!!!
GO ZIVEAM TOJ ZIVOT, AKO MOZE DA SE NARECE ZIVOT.NO USTE POSTRASNO STO I TOJ NE TE SAKA I TUKA TREBA DA SE STAVI KRAJ NELI!?ZNAAT I DECATA DEKA NEMA LJUBOV NITU VO KUJNA NITU VO SPALNA ,A SEPAK NE ZAMINUVAS??!!PA STO MOZE DA TE KOCI 15 GOD.DA OSTANES KADE SE GUSIS:nesum:
LJUBOVTA,LJUBOVTA!!DA !! GOLEMATA LJUBOV KON DECATA ZASTO TIE SAKAT DA GI IMAAT I TATKOTO I MAJKATA NA EDNO MESTO VO ISTA KUKA KADE SE I TIE ,PA MAKAR RODITELITE DA IM BIDAT VO POSEBNI SOBI!! DECATA GI SAKAAT RODITELITE VO PAKET BEZ RAZLIKA KAKVO E PAKOVANJETO!!!
хелга, ако се уште те има на форумов, би сакала да знам каква ти се сега состојбата. дали се уште си во таков брак, се подобри ли нешто со тек на време или се реши за развод во меѓувреме? ако не е тајна, колкави ти се децата и како си ти би сакала исто така да знам. поздрав
 
M

Moon Child

Гостин
На темава можам роман да напишам. Моите се разделија на мои 20 години, т.е. пред една година. Без разлика што веќе не сум дете, зрела и возрасна личност, мене многу ме погоди тоа. Не само што ме погоди, туку и комплетно ме смени. Се повлеков во себе, не комуницирам со никој, почнав да имам и проблеми при комуникација. Онака, ме растресе психички, емоционално исто така, ослабев поради тоа, мислам дека бев на работ на нервен слом, 3 пати во рок од еден месец ми се случуваше да паѓам во несвест, од толку многу што бев психички слаба. Уште ме боли, ако помина една година, и кога разговарам со некој на оваа тема едвај можам да се соберам а да не се расплачам:( .
Во почетокот бев лута и бесна, особено на татко ми, но денес со ладна глава често анализирам што доведе до таа ситуација, и сфаќам дека впрочем двајцата беа виновни за тоа.
Како и да е, тешко е. И последиците се огромни:(
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855

Обично не ги сакам муабетите или советите со полоши судбини и животи од нашите, но знае и тоа да помогне ако немаме веќе друга утеха. Тоа барем на кратко може да не разведри, а тоа време може да е доволно за со потрезвена глава да најдеме подобра утеха. Секогаш може да се најде. Макар тоа да е и мачето.
Едно е важно и на тоа треба да се сконцентрираш. Штом твоите згрешиле и го растуриле бракот со кој те повредиле тебе, ти мораш да останеш силна и да станеш попаметна од нив, за да можеш во иднина да им обезбедиш подобар живот на твоите деца. Тоа нема да го постигнеш ако се затвараш во себе и се разболуваш често. Потруди се со твоите блиски луѓе да ги споделуваш своите болки и разочарувања. Не за да ти помогнат, туку за да си помогниш ти со тоа што ќе исфрлиш од себе дел од тешкотиите. Јас многу убаво разбирам дека денес скоро и да нема поверливи луѓе или такви кои сакаат и можат да не` сослушаат, но сигурно барем двајца имаш.
Животов е лајно и без тој проблем, а ти тоа сигурна сум дека добро го знаеш. Сигурна сум и дека можеш и ќе успееш да му ја отстраниш смрдеата, за еден ден, додека сеуште го гледаш таков, барем раат да дишиш.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
На темава можам роман да напишам. Моите се разделија на мои 20 години, т.е. пред една година. Без разлика што веќе не сум дете, зрела и возрасна личност, мене многу ме погоди тоа. Не само што ме погоди, туку и комплетно ме смени. Се повлеков во себе, не комуницирам со никој, почнав да имам и проблеми при комуникација. Онака, ме растресе психички, емоционално исто така, ослабев поради тоа, мислам дека бев на работ на нервен слом, 3 пати во рок од еден месец ми се случуваше да паѓам во несвест, од толку многу што бев психички слаба. Уште ме боли, ако помина една година, и кога разговарам со некој на оваа тема едвај можам да се соберам а да не се расплачам:( .
Во почетокот бев лута и бесна, особено на татко ми, но денес со ладна глава често анализирам што доведе до таа ситуација, и сфаќам дека впрочем двајцата беа виновни за тоа.
Како и да е, тешко е. И последиците се огромни:(
Знам како ти било,моите на порана возраст завршија работа...но гледав само една позитивна работа од сето тоа и најверојатно тоа ме извади од психолошка кал,а тоа е дека со изгубената родителска контрола врз мене ,имав можност да правам се што ке посакав,и правев доста работи што на луѓето од мојата генерација уште не ни помислиле да ги направат:icon_lol: (односно предвреме пораснав) ... знае некогаш да се јави чувство на празност,немање волја за ништо,некое гадно чувство,но тоа чувство научив лесно да го ставам под контрола...мој совет е лутината пробај некако да ја искористиш да сториш убава ствар ,да си направиш од таа негативна енергија нешто убаво за тебе,нешто што би те радувало...незнам ...ова е нешто најпрецизно што можам да ти појаснам како би ги ставила сите тие раб. под контрола,иаку знам дека овие работи се сложени,а плус сум и машко,така да не навлегувам во детали:) ... како и да е ,како идат годините,или ке се снајдеш некако психолошки за да можеш да продолжиш со животот,или ке избегаш од контрола(што е прескапо да си дозволиш)...туку да не изигравам многу психолог во доцни часови,најискрено се надевам и посакувам да си на патот кон првото од горенаведеното,бидејќи иста работа имам преживеано...поздр
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Децата треба да бидат со таткото, а мајката треба да плаќа алиментација.
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Кога 16 години ги молиш твоите да се разведат, чувствуваш само олеснување. Дека конечно можеш да им обрнеш внимание на своите проблеми. Не е едноставно, без разлика на годините. И да имаат децата 5, 15, 35 секогаш разводот ќе го преживуваат со неубави емоции.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
28
Поени од реакции
23
Пошто ќе почнат да брмчат модераторите дека сум отварала многу теми. Еве оваа ми е последна за овој месец.

Темава одамна сакав да ја отворам, но некако немав храброст. И јас сум дете на разведени родители и морам да признаам многу патев и патам ради тоа. Не сакам да ми доаѓате со совети во вид на : Епа имале причина, подобро што те поштедиле од кавги... Едноставно сакам сите деца на форумов кои некогаш ја осетиле таа страшна болка да одеднаш целото семејство им се сруши да изјават како се справуваат со тоа. Што прават... Јас само едно нема да си простам. Кога тато ме молеше да и зборам добро на мама за него јас стоев на нејзина страна и уште толку ги скарав :( И тоа секогаш ќе ме прогонува. Можеби ќе ме пратите на психијатар, но тоа не ме лечи. Пробав се, не помага.

Толку за вечерва...
Ајде да видам кој ќе се осмели да каже нешто за свои искуства...
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Во рок од 4 саати дури 3 нови теми отвори. До утре можеби овој број ќе биде 10 пати поголем.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Не ти ја знам ситуацијата, ама јас буквално славев кога се разведоа моите. Чим се развеле, не ви цветало дома, имало кавги, расправии, можеби и нешто повеќе (како кај мене). Поубаво ли ти беше тогаш или сега? Мене ми е поубаво сега кога живеам со мајка ми и брат ми едно 100 пати и кога ми е мирно дома, него кога живеевме во „заедница“ и секој ден се нервирав и искачав од дома за да не трпам сешто. Ме нервирате едноставно кога сакате некој да ве жали пошто сте од разведени родители.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
28
Поени од реакции
23
Не ти ја знам ситуацијата, ама јас буквално славев кога се разведоа моите. Чим се развеле, не ви цветало дома, имало кавги, расправии, можеби и нешто повеќе (како кај мене). Поубаво ли ти беше тогаш или сега? Мене ми е поубаво сега кога живеам со мајка ми и брат ми едно 100 пати и кога ми е мирно дома, него кога живеевме во „заедница“ и секој ден се нервирав и искачав од дома за да не трпам сешто дома. Ме нервирате едноставно кога сакате некој да ве жали пошто сте од разведени родители.

НЕ МИ Е НАМЕРАТА НИКОЈ ДА МЕ ЖАЛИ. ЗНАМ ДЕКА ИМАШЕ НЕСОГЛАСИЦИ ДОМА, НО НЕ БЕА ТОЛКУ ГОЛЕМИ ЗА ДА РАСТУРИ БРАК ОД 13 ГОДИНИ СПОРЕД МЕНЕ. ПОУБАВО МИ БЕШЕ ТОГАШ.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
НЕ МИ Е НАМЕРАТА НИКОЈ ДА МЕ ЖАЛИ. ЗНАМ ДЕКА ИМАШЕ НЕСОГЛАСИЦИ ДОМА, НО НЕ БЕА ТОЛКУ ГОЛЕМИ ЗА ДА РАСТУРИ БРАК ОД 13 ГОДИНИ СПОРЕД МЕНЕ. ПОУБАВО МИ БЕШЕ ТОГАШ.
Не викај бе. Отвори си тема, ќе те среди.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Не викам. И не те разбрав.
Не им одело, се развеле. Сосем нормално и нема ништо чудно, гледај да не одиш по нивните стапки, сега на ред е твојот мозок и среќа, како ти ќе успееш во животот и како ќе обезбедиш добри услови за живеење на твоите деца со твојот сопруг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom