Децата и разводот

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
ти што си ја отворила темава те молам не биди себична дотолку. штом твоите решиле да се разведат после толку години брак, значи последната капка ја прелила чашата. повеќето родители не се разведуваат заради децата, да не пателе, ќе им било тешко и сл. сето тоа е вистина и сигурно и твоите на тоа размислиле пред да се разведат ама кога нешто не може, едноставно не може.
си оставила во податоци дека имаш 20 години. ако е вистина значи не си повеќе мала, не си тинејџерка, вистина е дека не си доволно зрела ама доволно си возрасна да ја сфатиш ситуацијата и да си продолжиш со животот најнормално
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Јас искрено сум најсреќен шо моите се разведени.Со волот кој неќам ни името да му го спомнам на чаршија се разминуваме како прв пат у живот да се гледаме.За какво патење зборуваш,знај дека имало опасни расправии па сигурно и тепање од страна на посилниот пол само ти очигледно не се сеќаваш...
 
M

Moon Child

Гостин
ти што си ја отворила темава те молам не биди себична дотолку. штом твоите решиле да се разведат после толку години брак, значи последната капка ја прелила чашата. повеќето родители не се разведуваат заради децата, да не пателе, ќе им било тешко и сл. сето тоа е вистина и сигурно и твоите на тоа размислиле пред да се разведат ама кога нешто не може, едноставно не може.
си оставила во податоци дека имаш 20 години. ако е вистина значи не си повеќе мала, не си тинејџерка, вистина е дека не си доволно зрела ама доволно си возрасна да ја сфатиш ситуацијата и да си продолжиш со животот најнормално
Разводот на родителите е болно за секое дете, без разлика на годините.
И јас имав 20 кога моите се разделија, па ми беше тешко. Само има една да речам светла страна, што најкритичните години се поминати, па така да на позрел начин го поднесов тоа и фала Богу не застранив по лоши патишта, а можеби ќе сум застранела ако се случеше 3-4 години порано.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Jas nemozam da zboram od licno iskustvo,zatoa sto moite ne bea razvedeni...no mozam da kazam kako e da se zivee so covek od razvedeni roditeli...
Mojot soprug imal 9 a brat mu 11 godini.....oni nikogas ama nikogas ne im oprostia na roditelite,ni sega posle edniot 7 drugiot 6 godini.od nivnata smrt:(
Oni dvajca si go fatile patot,tatkoto se prezenil,majkata se premazila...decata stradale a i den deneska patat i se prasuvaat zasto i zasto nemale roditeli kako drugi deca....
Devermi 28 god.e nadvor od Makedonija i zivee sam nesaka da slusne da se zeni...mozebi i toa e del od posledicite od razvodot na negovite roditeli:place:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Разводот на родителите е болно за секое дете, без разлика на годините.
И јас имав 20 кога моите се разделија, па ми беше тешко. Само има една да речам светла страна, што најкритичните години се поминати, па така да на позрел начин го поднесов тоа и фала Богу не застранив по лоши патишта, а можеби ќе сум застранела ако се случеше 3-4 години порано.
Има разлика од развод до развод, и моите се разведоа на мои 20 години, (сега имам 20 се разведоа пред 4 месеци). Можеби твоите се развеле поради тоа што си здосадиле едноставно, несогласувања и некои „мали“ работи, па и потешко ти паднал разводот, бидејќи не си сметала дека имаат доволно „големи“ проблеми за да се разведат. Глупаво е што нагаѓам али ваљда ќе ме сфатиш. Во мој случај, разводот се случи во екстремни услови, каде што и дадов ултиматум на мајка ми или да се разведува, или да ми ги спакува куферите. Што викаш критичните години мене ми беа поминати, ама ми беше страв за брат ми кој има 10 години, ама жива среќа, детето е посреќно од било кога, и тоа го повторува секој втор ден.

Што ми беше поентата, не секој развод е болен за децата, има такви коишто предизвикуваат чувство како да си добил на лото. :)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Што ми беше поентата, не секој развод е болен за децата, има такви коишто предизвикуваат чувство како да си добил на лото. :)
Toчно.Доколку секој ден биле сведоци на расправии помегу родителите,исто и сведоци на физички пресметки помегу нив.На пример мажот да ја малтретира жената а детето не може да го поднесе тоа...Ни да ја одбрани ниту пак да помогне на било кој начин...Туку само гледа,или се затвара во својата соба но сепак како се уште да е присутно таму,слушајки го плачот на својот родител во тој случај мајката.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.794
Не секогаш е болен.

Голема улога играат луѓето што ќе бидат околу тебе после тоа и вниманието што ќе ти го обрнат.
Ако направат да се чувствуваш како ништо да не се случило тогаш си имал среќа ама ако на нив им треба поеќе време да се соземат тогаш дефинитивно кај детето ќе има последици.

Мене ми се има случено тоа на 8 години и 8 години не ни контактирам со едната страна од "фамилијата" но сум имал сосема нормално детство благодарение на оние што се жртвувале за мене и денес го ценам тоа.
Не е секој развод болен ама ако не ти се поклопат коцките сигурно знае да поремети некое детство и да остави последици па затоа нека има што помалце такви, греота е децата да поминуваат низ такви работи во тие години кои треба да им се безгрижни.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
Veruvajte vo sekoj slucaj e bolno za decata koga roditelite se razveduvaat,go govoram od aspekt i kako dete na razvedeni i sega kako roditel sum vo situacija dali da se razvedam ili ne.Neverstvoto e pogubna rabota za dusata posebno ako si vernik.Pa zaradi toa sto go pominav isamiot i prostiv na zenata iako taa e od "normalna familija"i ne e svesna za posledicite sto proizleguvaat od "momentot na slabost" ili povtorna zaljubenost kako sto veli taa.So ova mnogumina nema da se slozat no vo mene nesto veli da izdrzam i prostam.Seuste ja sakam a mislam deka povtorno da ljubam druga ne bi mozel.
 
Член од
24 март 2013
Мислења
64
Поени од реакции
61
Секое едно дете сака да порасне во топол дом со неговите родители. Но кога мажот и жената сфаќаат дека не се еден за друг, дека не можат заедно да живеат повеќе, и почнуваат да урлаат, да се караат дома, едниот родител седи дома и кука, додека другиот излегол од дома, крајот му го нема, детето затворено во својата соба- рони солзи и нормално ќе моли Бога и да се разведат. :) А од коа ќе се деси тоа, ќе почувствува во себе мир и спокојство. Затоа е среќен. Затоа што повеќе нема да биде дел од тие кавги и сл.:)Тешко е, мн тешко. Е сега зависно од годините на детето, неговиот став, карактер, не секое дете го доживува Разводот на ист начин.
Има деца што преминуваат преку тоа било разводот да бил за време на пубертетот, било тоа порано ли подоцна гајле не им е... А има деца нарочито во тој ранлив период ( пубертетот ) , каде што се`си зимаат при срце, се затвараат во себе и толку. Им треба многу, многу време да мине, за да го преболат тоа. Не целосно, целосно преболување нема. Без еден родител, едно делче во тоа дете секогаш ќе биде и остане празно. А ќе се изгуби кога ќе замине од овој свет.
Да не зборувам за тоа колку е тажна сликата - сите деца во парк со своите 2 родители, си се смеат, толку се безгрижни, а додека другиот како некоја кукавица сам/а само со едниот родител или пак во школо, претстави и такви чуда... Зависи многу и од тоа каков ќе биде разводот:)
А најтешко од се е ако едниот родител одлучи да замине далеку и видување, контакт со детето Амин! ...Затоа и велиме на ова последиците највеќе ги трпат децата:pipi:
За да едно дете порасне безгрижно, нормално, среќно... Потребни се и 2-та родители, а не само еден. Пеколно е...:(
Но добро, има и една добра работа во сево ова, после се` тоа дете сигурно ќе знае да застане на свои нозе цврсто и гордо да си чекори и да се соочи со сите препреки кои ќе му застанат на патот... Кога ќе падне, тој ќе знае како да стане... нема да остане во дупката :unsure:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Едно нешто не ми е јасно. Зошто кога коментирате околу разводот упорно алудирате дека по него детето има еден родител? Тоа што детето нема да живее под ист кров со родителот не значи дека тој веќе не постои во неговиот живот.

Реално, до ден денес мислам дека разводот на моите родители беше една од најдобрите лекции во мојот живот. Ме научи дека на проблемите не се гледа од денес за утре, туку треба секогаш да се размислува на долг рок. Дека колку и да звучи како клише, со сила убавина никогаш не бидува. И не, јас не изгубив родител, напротив, добив бонус родители. Се разбира дека на нив не гледам како на биолошки родители и дека мама си е мама и тато си е тато, но нема ништо лошо во тоа твоите родители да бидат среќни и задоволни. Животот не почнува и не завршува со вашето дете, а цврсто сум убедена дека мислењето оти „мама не смее да се премажи, ако го направи тоа ќе се откажам од неа/ќе се убијам“ е причината поради која денес шетаат толку многу луѓе што не умеат да си погледнат подалеку од сопствениот нос.

Потем, моите се разведоа кога имав 12 години. Да, беше тешко, затоа што мирен и цивилизиран развод реално постои само во филмовите, и не, не се чувствувам како да изгубив еден од нив. Јас сум значително позадоволна и посмирена откако и двајцата се среќни со новите партнери, наместо да бидат мизерни заедно.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
3
Поени од реакции
1
Gadna rabota! Bog da 4uva od takva stfar.......tesko na tie so im se razvedeni roditelite......
Господи да чува и да брани!
Ајде бе, зошто тешко на тие шо им се разведени родителите? А тие не се деца, и дали тие се криви што нивните родители неможеле да се трпат па се разведиле. Не сме паднати од оџакот де :tapp:
И јас сум дете на разведени родители. Имам и брат, заедно живееме кај баба и дедо. И сто пати ни е подобро. Јас стварно незнам зошто се разведиле моите, еве веќе 12 години можеби и повеќе и не ја отвараме темата во оваа дома. И мене ми беше мака што јас само сум дете на разведени родители од мојот клас, и често пати ме навредуваа, ама тоа е, ништо јас неможам да сменам. И многу подобро ми е во оваа дома, од ништо не сме скратени, а со мајка ми не се имам, а со татко ми онака во неделата еднаш до два пати ќе се слушнаме.
И стварно нема потреба да пишувате коментари леле тешко на тие шо им се разведени родителите:facepalm:, оти немате почустввано на своја кожа, а ако почуствувате не дај Боже, ќе видите дали ќе викате тешко на оние шо им се разведени родителите.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Едно нешто не ми е јасно. Зошто кога коментирате околу разводот упорно алудирате дека по него детето има еден родител? Тоа што детето нема да живее под ист кров со родителот не значи дека тој веќе не постои во неговиот живот.

Зависно од тоа колку бил лош разводот...Постојат примери кои сега не би ги набројувала но да бидам поконкретна...Не сака да го види својот друг родител,смета дека е тој/таа виновна за таа одлука и не сака никаков контакт со него. Тоа е на почетокот додека не помине болката,ако воопшто помине.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
234
Зависно од тоа колку бил лош разводот...Постојат примери кои сега не би ги набројувала но да бидам поконкретна...Не сака да го види својот друг родител,смета дека е тој/таа виновна за таа одлука и не сака никаков контакт со него. Тоа е на почетокот додека не помине болката,ако воопшто помине.
Тоа не е вина на родителите, тоа е вина на детето, кое, како што кажав во претходниот пост, не умее да си погледне подалеку од сопствениот нос. Поентата ми беше дека не може сите да тргнуваме со ставот „аууу развод, никако, детето губи еден родител“. Едноставно е, родителот се разведува од својот брачен партнер, а не од детето. Ако детето, пак, не сака да остане во контакт со родителот, тоа е веќе избор на детето, кое ако е доволно големо за да обвинува и за да не сака контакт, значи не е дете, туку свесна единка.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Јас од то шо сум учел по книгиве како Криминологија/Социјална патологија, разводот се споменува често пат како фактор во креирањето на здрава личност која нема да прави престапи. Но не се спомнуваше само разводот, туку се спомнува и семејство каде има постојани караници, несогласување, нема хармонија и љубов. Се си има влијание врз личноста на детето, но убеден сум дека може да се амортизира, или да се создаде горе долу чувство каде детето ќе го продолжи животот нормално, со верба дека мора да гледа напред кон посветли денови. Најбитна е возраста по мое кога се случило нештото. Колку порано толку полошо.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тоа не е вина на родителите, тоа е вина на детето, кое, како што кажав во претходниот пост, не умее да си погледне подалеку од сопствениот нос. Поентата ми беше дека не може сите да тргнуваме со ставот „аууу развод, никако, детето губи еден родител“. Едноставно е, родителот се разведува од својот брачен партнер, а не од детето. Ако детето, пак, не сака да остане во контакт со родителот, тоа е веќе избор на детето, кое ако е доволно големо за да обвинува и за да не сака контакт, значи не е дете, туку свесна единка.
Се ова е апликативно ако детето е всушност доволно емотивно зрело да направи само избор дали сака да го гледа родителот што е навистина редок случај во реалноста.
Имам еден пријател кој маки мачи за да си го види барем на момент сопственото дете, тој живее и работи надвор и кога си иди во Македонија и треба да направи средба со детето неговата поранешна сопруга секогаш најдува изговори и фактички го крие од него.
Од друга страна тие се во многу лоши односи сеуште и не сака да оди сам кај неа и прави драми пред сопственото дете.
Социјалниот работник кој треба да посредува за средба според пријателот е близок со семејството на поранешната сопруга и не му излегува во пресрет да си го исполни законското право, односно манипулираат со тоа дека детето било настинато, болно итн, итн додека да помине неговото време за одмор и замине одново надвор.
Годинава по две или три години голгота го промени социјалниот работник и конечно си го виде сопственото дете.
Неговата поранешна сопруга која ја познавам и е тежок идиот толку го искомплексирала девојчето што не можело средбата да се приведе при крај и уживаат во неа. Девојчето во сопствениот татко гледала како некој монструм и вриштела, и покрај тоа што човекот редовно си плаќа алиментација плус праќа поклони за празници, родендени колку што е во можност.
Се работи секако за помало дете од неколку годинки, но истото може да се случи и на повоздрасни деца.
Инаку се согласувам дека подобро е да се преживее периодот на развод, отколку да растеш цело време додека се одделиш во дисфункционално семејство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom