Детска облека нова или позајмена?

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Дали сте за нова или посудена облека за вашите деца.

Како бебе купував само за едното си ги чував така да беа употребувани и за другите две.Сега се што остане од погоголемата керка помалата го носи така да не давам којзнае колкава сума за гардероба.

И сум против уште мали да ги учиме децата на марка гардероба.

Што мислите вие,дали купувате,ке купувате во изобилство,марка или ке си посудите од некој...
Јас сум за нова. Бар на таа карта би играла во иднина:). Можеби некое парче би позајмила од страна но добри 80% јас би ги обезбедила. Имам специфично размислување дека ако позајмам ќе го изгубам идентитетот на детето и дека со туѓата облека би асоцирало на другото дете од каде што е позајмена. Јасно ми е дека се работи за деца, новороденчиња и дека страшно многу пари идат во безброј и една работа и дека позајмувањето е една олеснителна околност но јас би гледала тоа да биде ново и нивно. Секако тука се и финансиските можности,но да гледаме позитивно за во иднина.:)
Гардероба марка не би им зимала поради многу општо сватени причини но сигурно би купувала нешто што пред се мене да ми се допаѓа иако тоа би било несекојдневно за бебиња:)
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Ќе го користам фамилијарното наследство во бебешка и детска облека, па и колички, креветчиња, релаксатори, седишта за во кола, оградички - ма све. Бебешките работи се ионака безобразно скапи. Сте влегле ли во Чико? :nesvest:

Вишокот пари ќе го вложам во фондот за високо образование на детето. Ќе ми биде благодарно кога ќе порасне.
 

tete

серанова
Член од
14 септември 2009
Мислења
124
Поени од реакции
5
Pa na mene od mala sekogas mi kupuvale se novo :) I jas ke im kupuvam novo na moite deca :)
 
Член од
23 септември 2009
Мислења
25
Поени од реакции
1
ако имаш пари ке купиш нова ако немаш нема да купиш ке позајмиш
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.927
Поени од реакции
7.365
абе ново си е ново кој како сака нека речи
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Од толку слатки работи што има за мали деца, не верувам дека некогаш кога ќе дојде време за тоа, ќе оддолеам а да не им купам на моите деца. Е сега ако се две деца едно по друго и од исти пол, нормално дека нешто старо ќе се комбинира, нешто ќе се купува, важно сакам и ќе се трудам моите деца да бидат убаво облечени:pipi:
 
Z

Zoza

Гостин
секогаш ново...има да ги правам лепотани/лепотици....колку и да не сум финанскиски добра тука се моите родители,па и неговите па де тетки чичковци абе мераци :pipi:
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
491
Поени од реакции
16
Ретки се тие што можат да си дозволат таков луксуз. Кај мене, тоа што јас сум го носела после го носела сестра ми. За моите (здравје) немам намера да трошам огромни суми на такви работи, има уште неотпакувани со етикета од мое време, а и што фајде ако за едни комбилизончиња потрошиш на пример 1500 кога за месец ипол ќе му бидат мали. И нормално, моите деца во никој случај не би биле подвижна реклама со маркирана гардероба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom