Дете во душата или несигурност од годините?

I am a bastard!

God Save The Queen
Член од
18 септември 2008
Мислења
94
Поени од реакции
8
Јас гледам цртани, сакам цртани, цртам цртани, ме интересира се што е во врска со цртани. Она што стремам е да бидам како дете во душата. Нон стоп да бидам радосен, да ми е „лесно“, а не да се правам т.н интелектуалец или боем па да страдам од „годините“ и условно наречената сериозност.:baeh:

 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ваква личност јас не сум сретнала до сега. Да сака цртани на 20+ е ок, јас имам 20++ па сеуште сакам цртани. Да се смее повеќе од обично пак е ок, да е несериозен понекогаш и тоа сум го сретнала. Меѓутоа несериозност и неможност за посериозен муабет постојано е невозможна појава доколу личноста е со нормален психички развој. Ако ништо повеќе и таква личност има негативни моменти кои би ја заозбилиле.
Токму така Бети, проблем е доколку таквите не се воопшто способни за сериозна и воопшто нормална комуникација. Инаку нека се смеат и забавуваат колку сакаат доколку имаат елементарно чувство дека не сметаат некому. Се е во ред до тогаш.
 
M

**MEMORY**

Гостин
... познавам такви, ептен ми лазат по нерви!
Ваљда им е дека не сакат да ги отворат очите па живеат во некој фантастичен розов свет, нон стоп си се смешкаат за глупости шо изгледа паранормално во сериозни моменти и имаат некои одминати, психоделични фантазии.
Не е тоа дете во душата, нити закоравено детство, само цел да бидат центар пажња:toe:
Цртаните филмови немаат врска тука.
Се сложувам дека цртаните немаат врска тука. И татко ми гледа цртани.
Но со останатото не се сложувам. Ако некој е дете во душа, сака да биде центар на вниманието?! Напротив. Понекогаш со дечко ми или со мојата најверна другарка, се однесуваме така. Се разбира, ненамерно. Со другарка ми сме се смееле за некои работи кои ние сме ги сметале за смешни, а тие околу нас ни се чудат на паметот.
Се чувствувам како дете во душата, а сериозна сум само по потреба. Таман за годините што ги имам.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Хм ме стави во една мисла односно ме натера да размислам малце подлабоко. Јас би рекол тоа е стравот од годините, стравот од преземањето на обврските кои животот ги носи со себе како и годините сите оние одговорни чекори кои треба да се преземат како самостојна и одговорна личност.
Кој го изгубил комплетно детето во себе се изгубил комплетно, сите го носиме детето во нас и сосема е во ред да го разбудиме некогаш и нема ништо лошо тука, но да биде тоа постојано дури и на 30-ина години нешто не е во ред барем според мене.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Познавам некои личности кои не се однесуваат онака како што доликува на некои што имаат 20+г,туку на деца во градинка!
Знам дека не треба ни да бидеме мртви сериозни,но кубење закоса,смеење за се и сешто(иако ништо не е смешно),лигавење,не долкикува на некои места,несоодветно однесување за дваесетгодишници!Со нив е невозможно да се води сериозен разговор!
Цртаните им се омилени!:nesvest:
На што се должи тоа?Дали се такви навистина,цел живот дете во душата,или пак тоа се должи на стравот и несигурноста од превземање на обврските што ги носат годините,па со таквото однесување се прикажуваат како неспремни да превземат некои обврски и да се соочат со проблемите?
Се зависи од личноста.. Да,, постојат такви кај кои сеуште останала трага од она детско однесување,, но не го сметам тоа дека во душата се деца..Да си во душата дете,, веќе е состојба на духот,, кога акцентот е ставен на чувствата,, таквите луѓето едноставно имаат сеуште млад дух и покрај годините,, што не мора да значи дека се однесуваат како деца..и да,, и јас понекогаш знам да седнам пред тв да гледам цртани што не значи дека се однесувам како 10 годишно дете.. Но,,не сметам дека детското однесување што се јавува кај некои е толку сериозно и се однесува на фактот што не се спремни да се соочат сои обврските кои им доаѓаат во склад со возраста..на тоа повеќе гледам како на еден начин да се избега можеби малку од реалноста,, и да се обидат да го сфатат проблемот малку поинаку како што ги сфаќале порано кога биле безгрижни,,и на тој начин можеби и да си помогнат да се соочат со проблемот на некој поинаков,, можеби помалку тежок начин...:pipi: Исто така воопшто не се согласувам со тоа дека со таквите личности неможе никогаш да се направи сериозен муабет,, затоа што сето тоа зависи од пристапот кој го имаме кон таа личност.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Е добро да , има луѓе кој не се однесуваат адекватно на возраста , односно се однесуваат како многу помали. Но во сегашно време има и деца кој се однесуваат како возрасни (Штикли , Мини Сукњи, Пуш Ап градници , Цигари , Алкохол не доликуваат за деца на 13 годишна возраст) .
Лично јас секогаш ќе гледам цртани дали на 7 или 70 години вечно ќе гледам , ама тоа не ме прави дете , само детинест бидејќи тој дел од мене несакам да го снема . Детството значи радост така да секогаш треба да се сеќаваме на него и да останеме деца во душата ,инаку би немале забава :)
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
jas mislam deka sekoj covek bez razlika na godinite znae sekogas da bide dete, znae da iznenadi so nekoja svoja postapka, sega sekoja cest na isklucoci ma da mislam deka gi nema :) mislam deka toa detskoto vo tebe sto si go steknal uste mal ostanuva vo tebe do kraj ... a i sto e do crtanite ajde neka kaze koj ne gi gleda ??
 
А

Антоние

Гостин
Webster definition of maturity. Mature: having completed natural growth and development.
Дали тука има нешто што вика дека не смееш да се забавуваш ?
Престани да го користиш изговорот "Јас сум премногу зрел за такво нешто"
Само си го правиш животот мизерен.Забавувај се.Да бидеш возрасен и да се забавуваш се две различни работи, но од некоја причина модерното општество ги поврзува.
Немој да бидеш уште еден од општествените **** ups.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Познавам некои личности кои не се однесуваат онака како што доликува на некои што имаат 20+г,туку на деца во градинка!
Знам дека не треба ни да бидеме мртви сериозни,но кубење закоса,смеење за се и сешто(иако ништо не е смешно),лигавење,не долкикува на некои места,несоодветно однесување за дваесетгодишници!Со нив е невозможно да се води сериозен разговор!
Цртаните им се омилени!:nesvest:
На што се должи тоа?Дали се такви навистина,цел живот дете во душата,или пак тоа се должи на стравот и несигурноста од превземање на обврските што ги носат годините,па со таквото однесување се прикажуваат како неспремни да превземат некои обврски и да се соочат со проблемите?
Времево ни е такво кога сите така се однесуваат. Не знам дали со тоа се обидуваат да си изградат одбрамбен механизам за да се заштитат од стареење и одговорност, или едноставно тоа го прават зашто така се чувствуваат, незрело. Или, можеби некои не се ни чувствуваат така, некои тоа го прават за да се вклопат во друштво. Во секој случај, воопшто тоа не ми се допаѓа, тоа е крајно несериозно и крајно несоодветно однесување во однос на она што се очекува од тие поединци во самото општество. Никогаш не сум можела да се вклопам меѓу вакви луѓе. Едноставно не сум се чувствувала, така, и може е малце надмено да го кажам ова, ама сум ги осеќала како на пониско ниво од мене и не сум се замарала со нив. Единствено со што сум се замарала, е фактот дека општеството се полни со вакви луѓе, и утре ние 'нормалните' ќе бидеме црни овци.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Понашањето(kултурата) се учи, додека кај децата се е природно.
Заклучок подобро е природен и дете одколку вештачки и "културен".

Или

Може да се случи надворешно(изгледот) едното да е поубаво од другото.
Вештачкото поубаво од природното, само со мала разлика што е мртво. :)
Заклучок биди си тој што Си, нема потреба од преправање.
А како за чудо душата е како што се децата...фала му на бога, инаку тешко на нас.
И пак како за чудо си бил истиот и пред да се родиш, и кога си бил дете и кога си имал 13 год.
хахахх маската може да ја мењаш ама Ти си тој......јас би рекол фрли ја маската.
Jesus said : "Let the children come to me. Don't stop them! For the Kingdom of Heaven belongs to those who are like these children."
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Познавам некои личности кои не се однесуваат онака како што доликува на некои што имаат 20+г,туку на деца во градинка!
Знам дека не треба ни да бидеме мртви сериозни,но кубење закоса,смеење за се и сешто(иако ништо не е смешно),лигавење,не долкикува на некои места,несоодветно однесување за дваесетгодишници!Со нив е невозможно да се води сериозен разговор!
Цртаните им се омилени!:nesvest:
На што се должи тоа?Дали се такви навистина,цел живот дете во душата,или пак тоа се должи на стравот и несигурноста од превземање на обврските што ги носат годините,па со таквото однесување се прикажуваат како неспремни да превземат некои обврски и да се соочат со проблемите?
Интересна тема.

Па ако убаво ги изанализираме луѓево нивните години немаат врска со нивното однесување.Може човек со полни 40 години да се однесува како дете од 10 години.И обратно.Мене тоа ми е глупо и не го оправдувам.Немање никаква сериозност и одговорност ме вадеше од такт порано.Ама тоа е нивен избор и се додека нивните постапки не влијаат врз мене јас немам ништо против нивното однесување.А сум размислувал и обратно.Па не е лошо воопшто да не се замараш за работите околу тебе.Онака да си имаш покрај себе некое другарче ко тебе па да си се зезате цееел живот.Ама тоа е инстиктивно однесување и колку да е убаво на крај може ќе се каеме што така животот ни поминал покрај нас.Абе секој си има свој начин на живеење,пак ќе повторам се додека не влијаат нивните активности врз нас не треба да ни сметаат,а не ги оправдувам..
 
П

Пепси_

Гостин
Да има многу такви кои за своите години се однесуваат малце да не кажам ретардирано мислат дека уште е она време кога си играле во кал....
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Сериозни луѓе имаат сериозни проблеми.
 
С

сашенко

Гостин
Јас гледам цртани, сакам цртани, цртам цртани, ме интересира се што е во врска со цртани. Она што стремам е да бидам како дете во душата. Нон стоп да бидам радосен, да ми е „лесно“, а не да се правам т.н интелектуалец или боем па да страдам од „годините“ и условно наречената сериозност.:baeh:

Мојот омилен лик дафи :vozbud:.. Звер
Иначе убаво е да си дете во душата.Убаво е да се радуваш на тие мали работи и да бидеш задоволен и среќен и насмеан и да се трудиш кога тоа го немаш да го постигнеш.Не е се во парите и сериозноста и тој живот нормален демек како што некои го нарекуваат.Секој си знае за себе што го прави среќен и секој треба да се бори за тоа.Има право да се бори за тоа.Има и сериозни луѓе има и премногу не сериозни но сепак сите на овој свет сме различни треба да се прифатиме такви какви што сме и да нема никакви предрасуди.Како што викаме дека не треба да има за бојата на кожата, за националноста и релгијата така не треба да има ни за музиката (ме заболе дали слушаш турбо фолк ја рок фурам и тоа ми е супер живи и здрави да сме бркај работа), и за убавина и за стил на носење и понашање.Сите сме исти гомна и исто смрдиме неможеме да бидеме премногу различни еден од друг но сепак оние мали работи кои прават да се разликувме од останатите и прават ние да бидеме она што сме треба да ги почитуваме.Јас сум бил премногу детинест, оној бил голем намќор, оној бил ваков оној оваков.Не е битно.Кај секој човек има нешто човечно и ако се потрудиме да го најдеме ке го најдеме сигурно.Супер си се таквите луѓе и понекогаш баш знаат да ме извадат од некоја депресивна состојба и да ме насмеат со нивната детинетост ако можам така да кажам.Гледаат на животот многу поинаку и се среќни и расположени луѓе.Цртаните се убава работа и подобро тоа да гледам отколку препуцавање на новинари на телевизија, градите на цеца и памела андерсон толкувани од цицко-експерти или пак рамбо во некоја нова мисија.(иначе рамбо е добар да не ме сватите погрешно).Ама од сите тие работи на ТВ единствено цртаните филмови се нешто во кое можам да уживам и да не се замарам со политизирањето на се околу нас кое се шири побрзо од чума.Тие луѓе за кои зборуваме сега се пораснати сигурно, не се зелени во паметот.Единственото нешто што ги разликува од нас е тоа што не станале дел од оваа машинерија наречена современо општество или модерен свет и си се понашаат како сакаат, си се смејат на што сакаат и мислат дека е убаво и интересно она што сакаат.Не дека ние не го правиме тоа, но едноставно нивното однесување е во тој контекст и само така можеме да ги сватиме.Јас ги подржувам и мислам дека се една светла точка во ова темно доба не толку темно вистински туку ние што одиме со заврзани очи и критикуваме се живо и диво пред нас.Без да отвориме очи и да видиме за што се работи и со кого и за кого тоа ние зборуваме.Одиме по некој претходно испланиран пат сикициран од мозоците на денешницата-хероите на современото општество и се што излегува од тие мозоци е исправно за нас.Во светски рамки гледано не дека се сите такви-секоја чест на исклучоците а во искличоци ги сметам и овие детинести луѓе..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom