Дете во душата или несигурност од годините?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Познавам некои личности кои не се однесуваат онака како што доликува на некои што имаат 20+г,туку на деца во градинка!
Знам дека не треба ни да бидеме мртви сериозни,но кубење закоса,смеење за се и сешто(иако ништо не е смешно),лигавење,не долкикува на некои места,несоодветно однесување за дваесетгодишници!Со нив е невозможно да се води сериозен разговор!
Цртаните им се омилени!:nesvest:
На што се должи тоа?Дали се такви навистина,цел живот дете во душата,или пак тоа се должи на стравот и несигурноста од превземање на обврските што ги носат годините,па со таквото однесување се прикажуваат како неспремни да превземат некои обврски и да се соочат со проблемите?
 
И сега што е финтата? Еве ја имам 20 години и обожавам цртани и ајде сеа не се понашам во склад со годините? Секој како му одговара. А да се биде дете во душа не значи неприфаќање на одговорности. Да се зачува детето во себе е нешто неописливо, единствено и несвојствено за секого...
But hey, that's just me!:pipi:
 
Познавам некои личности кои не се однесуваат онака како што доликува на некои што имаат 20+г,туку на деца во градинка!
Знам дека не треба ни да бидеме мртви сериозни,но кубење закоса,смеење за се и сешто(иако ништо не е смешно),лигавење,не долкикува на некои места,несоодветно однесување за дваесетгодишници!Со нив е невозможно да се води сериозен разговор!
Цртаните им се омилени!:nesvest:
На што се должи тоа?Дали се такви навистина,цел живот дете во душата,или пак тоа се должи на стравот и несигурноста од превземање на обврските што ги носат годините,па со таквото однесување се прикажуваат како неспремни да превземат некои обврски и да се соочат со проблемите?

Ваква личност јас не сум сретнала до сега. Да сака цртани на 20+ е ок, јас имам 20++ па сеуште сакам цртани. Да се смее повеќе од обично пак е ок, да е несериозен понекогаш и тоа сум го сретнала. Меѓутоа несериозност и неможност за посериозен муабет постојано е невозможна појава доколу личноста е со нормален психички развој. Ако ништо повеќе и таква личност има негативни моменти кои би ја заозбилиле.
 
Познавам некои личности кои не се однесуваат онака како што доликува на некои што имаат 20+г,туку на деца во градинка!
Знам дека не треба ни да бидеме мртви сериозни,но кубење закоса,смеење за се и сешто(иако ништо не е смешно),лигавење,не долкикува на некои места,несоодветно однесување за дваесетгодишници!Со нив е невозможно да се води сериозен разговор!
Цртаните им се омилени!:nesvest:
На што се должи тоа?Дали се такви навистина,цел живот дете во душата,или пак тоа се должи на стравот и несигурноста од превземање на обврските што ги носат годините,па со таквото однесување се прикажуваат како неспремни да превземат некои обврски и да се соочат со проблемите?

И јас не те разбирам. И јас сакам цртани:toe:. Зависно од друштво сакам да се опуштам и да имам моменти кога би се смеела као што никад не сум смеела. И сакам таква да си останам за секогаш. И мислам дека не е тоа "на стравот и несигурноста од превземање на обврските што ги носат годините"
 
Јас ја разбирам :pipi: (ваљда)

Не се работи за цртаните, туку се работи за една карактерна црта која мажите во главно ја поседуваат сите. Не знаат да пораснат. А тоа што авторот на темата веројатно сака да каже/праша, е зошто луѓето кои би требало да се однесуваат како возрасни во светот и со него, се однесуваат како недоделкани?!

Веројатно, според мене, затоа што пубертетот на +20 годишњаците не им завршил, а исто така и лошото воспитување, катастрофалната средина во која растеле, образованието и ред други фактори влијаеле да се однесуваат како недораснати.

Од друга стрна претпоставувам дека девојката има поинаква засмила за маж/дечко па не и се допаѓа стилот на “детска“ привлечност. Нивото на детски шарм кој ни се допаѓа сигурно кај сите од нас е различно.
 
... познавам такви, ептен ми лазат по нерви!
Ваљда им е дека не сакат да ги отворат очите па живеат во некој фантастичен розов свет, нон стоп си се смешкаат за глупости шо изгледа паранормално во сериозни моменти и имаат некои одминати, психоделични фантазии.
Не е тоа дете во душата, нити закоравено детство, само цел да бидат центар пажња:toe:
Цртаните филмови немаат врска тука.
 
Нема грешка, секој си има различен смисол за хумор. Може тој што се смешка на глупости му е интересно. Ами пак тие што се премногу сериозни? Нонстоп за политика што праат муабет? Има многу темни луѓе и знам дека јас сигурно би го избрал другиот тип на луѓе. Кои си се смеат и се весели за се.

Edit: А да и обожавам цртани. И не сакам да бидам во центар пажња.
 
Гледањето цртани во никој случај не е мерило за нечија сериозност и зрелост.

Инфантилно однесување, пак, е дискутабилен поим. Претераната крутост, загушената смисла за хумор, окованата "леснотија" и безгрижност...Сетоа тоа може исто да биде показател на инфантилност и емотивна недозреаност.

Да, точно е дека одбегнувањето на одговорност и негирањето на реалноста е нешто кое интелектуално, а пред се емотивно, зрел човек не треба да го прави.
Но зарем не го правиме сите тоа?
Разликата е само во интензитетот на таквото однесување.

Сите ние го носиме постојано нашето дете во себе. Она кое во почетоците на својот живот било повредено, уплашено, незадоволно, збунето...И тоа ни раководи со однесувањето и одлуките низ целиот наш живот.
 
Јас мислам дека пак тоа баш произлегува од детството.Дали од недоволно внимание што тогаш не им било пружено,или пак од преголемо внимание и секогаш другите биле тие што ги решавале нивните проблеми и мислам дека се така ќе си продолжи,ништо не сваќаат сериозно..А според некои работи што имам читано,тоа произлегува и од закоравено детство т.е тоа се појавува кај луѓе кои тоа им било одземено и од тоа после во подоцнежните години може да настанат дури и поголеми психички проблеми...
 
Детето во себе, мислам дека сите го имаме, без разлика на годините.Само што, кај некои тоа е поизразено, т.е. доаѓа повеќе до израз, а кај други помалку.
Како што рече Викторгг, има повеќе фактори кои (јас би рекла секојдневно) влијаат на тоа.
Колку и да сакаш да се однесуваш како дете, ако те мачи некој сериозен проблем-сигурно дека нема да можеш, загриженоста и мислите за него тоа нема да го дозволат, или ќе го ограничат на некој начин.
Можеби „да се однесуваш како дете“ не е баш соодветниот израз, но верувам дека сфаќате за што зборувам.
Искрено, јас им завидувам на таквите кај кои детскиот дух веднаш можеш да го забележиш.Секогаш ме расположуваат.
Многумина за мене знам дека би рекле дека воопшто го немам тој детски дух, дека сум доста сериозна, но го имам внатре во мене, иако тие не можат да го видат или многу ретко го забележуваат.
А тоа за стравот, несигурноста и неодговорноста-нема никаква врска според мене.Спомнато е и соочување со проблемите...да постоеја проблеми дали всушност така би се однесувале „тие“? Мислам на поголеми, посериозни (подолготрајни:)) проблеми секако.
Затоа и им завидувам.Би сакала и јас да сум таква.Сонувам да бидам таква, па макар и на дваесет и нешто години.Прекрасно е така да се живее.:pipi:
 
Valjda zbori za Petar Pan kompleks ??? :toe:

Mazite se kako drva im treba 50 godini da porasnat :vozbud:
 
Да, точно е дека одбегнувањето на одговорност и негирањето на реалноста е нешто кое интелектуално, а пред се емотивно, зрел човек не треба да го прави.
Но зарем не го правиме сите тоа?
Да, сите го правиме тоа. Повремено. Некои почесто од некои други.
Ама ако сите го правиме, зошто тогаш зрел човек не би требало да го прави тоа? Ако сите го правиме, значи е во природата на човекот, следствено е нормално.

Лично мислам дека сите ја имаме таа детска потреба да откачиме од време на време. Човек кој знае да разграничи во кои ситуации да се однесува зрело и одговорно (сериозно), а во кои детски и палаво е нормален човек, и оваа карактеристика е дури позитивна, во времиња кога сите негде нешто брзаат и немаат време да се изглупираат и да се изнасмеат ко луѓе.

Ако bella збореше за луѓе кои во сериозни ситуации, и општо во животот постојано се однесуваат несоодветно, тоа е друг случај. Вон нормалата. Јас такви луѓе не познавам. И да ги има, се со нарушена перцепција и ментални отежнувања веројатно, зошто ниеден ментално здрав човек не би се однесувал како дете цело време.
 
А како доликува да се однесуваат луѓе кои што имаат 20++ ?
И за тоа ли има правила на однесување?
Ја немам ништо против таквите луѓе. Дури може да се каже и дека ги обожавам на некој чуден начин. Наспроти нив далеку повеќе ме нервираат анксиозни и сериозни луѓе... Зашто да се ограничуваме и да го убиваме детето во себе кога и онака е премногу краток животов?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom