На таа дата, пукна првата пушка во Прилеп, а потоа и во Куманово. 1941 година. Востанието резултираше со АСНОМ(и до тука е за славење), по што АСНОМ и сето она што се востанови на АСНОМ, скрена од патот(од тука веќе не е за славење), и замина во политички тоталитаризам, централизирање на стопанството и да не ги наредувам сите оние погрешни внатрешни политики од кои две децении никако да се опоравиме. Нејсе, на некои им било убаво, на некои не. Некои плетеле чорапи па биле прогласени за народни херои и кркале пензија како да го измислиле пеницилинот, некои загинале во борбата за слобода, па нивните роднини биле ликвидирани или протерани, итн. Сепак, нека е среќен. Се истерало фашисти, се славела слобода, и кратко потоа дошле тоталитаристи.
Друго по што треба да се запамети оваа дата(11 октомври 1954) е и дека моштите на Гоце Делчев се пренесни во новосоздадената држава на Македонците.