Протести во кои се бара оставка на ректорот на УП
Веќе неколку дена се протестира пред ректоратот на Универзитетот на Приштина , во кои студентите бараат оставка на ректорот.
Студентите велат дека тој објавил научни трудови во фиктивни научни списанија. Тие бараат и од политиката да ги тргне рацете од универзитетот.
Првично протестираа десетина студенти , врз кои полицијата примени сила. Со што случајот доби внимание, следниот ден протестите беа масовни , а траат веќе неколку дена.
За случувањата во Универзитетот треба да расправа и косовското собрание ... а во Универзитетот се формираше комисија која ќе ги истражи објавените научни трудови.
Првиот ден протестираа малку студенти
Полицијата со сила ги истера
После ова револтираните студенти се организираа на поголеми протести