Фамозната бајка можела да се реформира ако имало волја кај тогашните власти - како кај старите еднопартиски власти, така и кај новите повеќепартиски власти.
Економски проблеми има во секое општество, и токму тоа е лепилото кое го држи едно општество унифицирано и обединето: заедничката борба против заедничките проблеми. Затоа денес секоја поранешна југословенска република има далеку повисоки долгови и трговски дефицити во споредба со долговите и дефицитите кои ги имала во Југославија.
Наспроти тие минимум 20000 загинати и осакатени млади војници денес ги имаме над 80000 (ОСУМДЕСЕТ ИЛЈАДИ) кои ја напуштиле Македонија само во периодот помеѓу 1991 и 1995 година, а од 1991 до 2010 таа бројка изнесувала - според Светска Банка - 470000 (ЧЕТИРИСТОТИНИ И СЕДУМДЕСЕТ ИЛЈАДИ) луѓе. Не се враќаат овие луѓе ниту живи, ниту сакати, ниту мртви.
За споредба во северна Америка, светската економија број 1 (ЕДЕН), која истовремено е и најзадолжената економија во светот, а последниве години се` поочајнички се обидува со санкции, ембарга и високи царини да го избегне увозот на евтини кинески производи, особено на кинески автомобили, истовремено вршејќи притисоци врз своите сојузници и партнери во Европа да го следат нејзиниот пример против Кина, секој втор американец работи на две работни места секојдневно и едвај врзува крај со крај. Но затоа пари за оружје и муниција има, а кратење на воените трошења не доаѓа во предвид. Ете уште една фамозна бајка која се движи во кристално истиот правец во кој се движеше Југославија во 1980-те години.
Југославија од ниту еден агол не може да се нарече цвеќе за мирисање, но затоа овие кои ја наследија смрдат од сите страни и од сите агли, а не само од главата.
Гледав како почнуваат војните на Балканот, сега ја гледам Америка
Абдулах Сидран: Југославија ќе биде сè подобра затоа што реалноста ни е сè полоша