Би рекол дека мразот се крши по потпишувањето на Преспанскиот договор во 2019
Прегледај го приврзокот 412881
Многу луѓе се разочараа и сфатија дека нема оправање на државава во наредни 30 години а доста голем број и се иселија, после договорот отиде возот у кукуруз. Фала на циганот заев и сдс, секако и на дпне како нем соучесник
Уствари разочарувањето не е за договорот, повеќето народ веќе сакаше да се тргне темата со името, им скурчи, па дури и да се промени.
Разочарувањето беше откако СДС не само што не донесоа општествени и системски промени за кои го мобилизираа целото граѓанство, него почнаа многу брзо да се покажуваат дека се многу бетер од ДПМНЕ.
Иначе тоа беше последната капка енергија на народот, никогаш повеќе нема народ да се замара и да искача да протестира. Они едноставно ги погребаа сите надежи дека може да не биде, дека не е точно тоа што секој го вика дека за К не не бива како држава.
СДС толку беа неспособни што дури неможеа да ги споделат во дела ветувањата за разчистување со криминалите на ДПМНЕ, само затворија неколку поединци, Груевски им избега и сите други како Михајлов и компанија и понатаму хараат.
Пази значи, да дојдеш во позиција да ги решиш тие што сакаа да те буквално уништат, кои те понижуваа, гонеа...и да неможеш тоа да го изведеш, што од неспособност што од некои ситни коруптивни интереси, за што повеќе да се дискутира?
Чак и терасата од штабот на ДПМНЕ што штрчеше и беше незаконска не ја срушија, дури ни оградата од владата неможеа да ја срушат (скапо било) па ја извадија само металната ограда за да сега не личи на ништо, а и пак ставија они самите барикади и пак нема достап за нормален граѓанин во дворот на владата.
И откако се потроши задњиот народен атом, луѓето масовно почнаа да бегаат и се иселуваат.
Порано се криеше кој има бугарски пасош, сега најпосетувана и коментирана тема на Кајгана е за бугарски пасоши, народот комплетно дигна раце веќе и гледа само индивидуално да се спаси.