- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Имаш некое толкување на употребите на деминутви во примериве?
- Дечко, може малце пенкалцето?
- Еј, ај да запалиме по едно цигарче!
- Море шо курвиче е...
- Ако имаш да ми позамиш едно илјадарче до утре, супер би било...
- Абе каков директор, некое шефче е у некоја шкљ фирма...
Па мислам дека овде со деминутивот се „смалува“ значењето на предметот за да се позтигне одредена цел.
- Се намалува значењето на предметот за да се постигне целта. Позајмувањето пенкалце не е голема работа.
- Исто како под 1. Секој има време за едно цигарче.
- Овде не се работи за девојка која уште не знае од каде моча, а има дечко, туку баш за девојка која знае што прави. Во овој случај, говорителот не сака да звучи просто. Курва звучи многу повулгарно од курвиче.
- Исто како под 1.
- Овде деминутивот има пејоративно значење