Ниедно страно тело кое доаѓа во директен допир со порите не е здраво. Нарочито ако тоа тело е хемиски добиена супстанца. Порите, дури и ако се во близина на потни жлезди, овозможуваат дишење на кожата, и поради тоа, треба да се обезбеди нивно непречено работење. Со користење на стик, а уште полошо, на антиперспиранти, кои под притисок навлегуваат, се нарушува таа комуникација со надворешноста на порите, и кожата има дефицит од храна. Кожното ткиво е составено од клетки кои имаат потреба да се во контакт со надворешноста. Доколку се користи дезодорант, па дури и алкохолен, кожата се суши, но порите остануваат отворени и во работна состојба. Според тоа се намалува активноста на потните жлезди, кои во тој момент не наоѓаат состојба во која би требало да се активни.
Стикот прави кожата да се поти уште повеќе, само што во неговиот хемиски состав постои една супстанца која го елиминира мирисот од потта, а друга, која го дехидрира местото. Така доаѓа до циклус - кожата се поти, стикот дехидрира, кожата повторно се поти. Затоа, и мојот избор е дезодорант - антиперспирантите и стиковите одамна се исфрлени од моето скромно козметичко катче
