Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.987
Поени од реакции
35.478
ИТНА РАБОТА, оперирав хемороиди на Велигден баш, и до вчера немав болки кога идев по голема нужда АМА вчера кога бев по голема нужда 2 пати (насабајле и навечер) и денеска сабајле - додека се празнам тоа е можеби 2-3 минути АМА тоа е најужасната болка што сум ја имал во живот, не знам кај се наоѓам во тие моменти а бе пржи ненормално, вчера може затоа и ми се сврти и почна да ми се лоши, по препорака на докторов земам стално пред одење во вц Кетонал Форте ама мене ме спотерува одма и очигледно нема време да дејствува, дали има нешто друго (по)јако а што делува брзо што би можел да го земам, докторов денеска ми спомна не го разбрав убаво Тробонт или така нешто...?
тоа е наркотично аналгетско средство да пиеш како Trodon (tramadol) :несвест:
... ти реков дека хирушки се оди кога ептен се има проблем со хемороидите, токму поради силните постопертивни болки инаку сите ќе ги оперираат хемороидите, сега неколку дена ќе имаш страшни болки и ќе мораш да пиеш не само еден туку повеќе аналгетици и тоа почесто во текот на денот! :unsure:

...треба да внимаваш на анална хигиена, компресите од газа може да ги остраниш веднаш и да почнеш со промивка со камилица и најдобро е во када со млака вода со камилица до 15 см и да седне едно 15 мин, потоа нежно да се избрише задникот и повторно да се стават суви компреси од газа, после секоја столица мора да го миеш газето со вода и да нанесеш Проктен маст или нешто слично на база на лековити растенија.
... после операцијата не си имал болки, оти се уште дејствувалa анестезијата, ама затоа сега ги имаш и не треба да се плашиш вообичаено е тоа после хирушка операција на хемороидите, за смирување на болката треба да ставаш неколку минути студени облози и тоа ако имаш патрони во фрижидер истите да ги свиткаш со газа или крпа и да се држи назад во анусот неколку минути...

гледај да јадеш нешто што тебе ќе ти ја направи помека столицата скоро проливеста за да немаш болки при голема нужда и по можност да најдеш некое малечко столче за подигнување на нозете за да добиеш правилен агол од 35 степени на задникот во веце шољата за полесна дефекација, како што е на сликата прикажано:

... доколку имаш некои проблеми при мала нужда при самото празнење знај дека и тоа е нормално поради операцијата на ректумот, па затоа не претерувај со пиење вода т.е. течности до 400 мл дневно би било доволно за да не се преполнува мочниот меур! :misticen:
 
Член од
14 април 2018
Мислења
3
Поени од реакции
0
Dali koga ke gi dobijam rezultatite od urinokultura ke mi pokazuva i prisustvo na nikotin?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
Dali koga ke gi dobijam rezultatite od urinokultura ke mi pokazuva i prisustvo na nikotin?
зависи што сакаш да испиташ. со обична анализа, не
http://www.medf.ukim.edu.mk/mk_content_meni.php?cid=253&gid=8&jazik=1
  • дроги во урина-квалитативен преглед (етанол, амфетамин, метамфетамин, екстази, барбитурати, бензодиазепини, марихуана, кокаин, опијати, метадон, котинин, трициклични антидепресиви

http://amedela.mk/index.php/kateg/116-biohemija/skrining-za-zloupotreba-na-drogi-alkohol-cigari/294-kotinin
Со оваа анализа се детектира присуството и/или мерење на количината на никотин или котинин во крв или урина; за да се утврди дали некој користи тутун или бил секундарен односно пасивен пушач. Понекогаш оваа анализа се тестира и акутно труење со никотин.

Кога да ја наравите анализата: Секогаш кога се бара потврда за употреба на тутун или изложеност на пасивно пушење; кога постои сомневање за предозирање со никотин.

Потребен примерок: урина

Припрема пред тест: нема

Ден.600.00
 
Последно уредено:
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Zdravo. Mi se javi nekoe pechenje na anusot. Koga ke se izbrisam so vlazna maramica me peche ili koga ke gi dopram zidovite na anusot a koga sedam i se dvizam ne. Mozno e da se hemoroidite? Koja krema da ja zemam od apteka? Blagodaram odnapred na sekoja pomos.
 
... печењето т.е. иритацијата заедно со чешањето на анусот може да биде како последица на воспаление на површината на ректалната површина на анусот (proktitis), а може да биде привремена ситуација да речеме од :
-претерано миење со сапун и недобро плакнење на остатоци од сапунот,
-претерано бришење со груба сува тоалетна хартија,
-претерана влага околу анусот дали од потење, дали од остаток на фецесот,
- сува кожа околу анусот може да предизвика силна ем трајна иритација и чешање,
-често празнење т.е. пролив или неконтролирано испуштање на мала количина на фецес дури и како гас (fekalna inkontinencija).
-габична инфекција најчесто кај жените предизвикува иритација и на генитална и на анална регија
-претерано користење средства за прочистување (laksativ),
-хемиски иританси како некои сапуни, мирисна тоалетна хартија или тоалетна хартија во боја или влажна марамица може да предизвика иритација кај тие со чувствителна кожа,
-иританси од исхрана како домат, млеко, кафе, кофеин, агруми кои можат да го ириртираат анусот при празнење на цревата,
-хемороиди кои создаваат иритација и чешање како последица при напрегање кога се празнат цревата,
сега одбери си опција на твојата иритација што мислам дека не е последица од хемороиди (оти тие би те „зезале“ и кога седиш и кога се движиш) највероватно проблемот е во влажните марамици што ете кај тебе ја надразнува слузницата на анусот, така да не ти треба маст против хемороиди туку не применувај влажни марамици или смени ги тие што ги применуваш :)
 
K

Kalista

Гостин
Здраво... Потребен ми е совет, ЦРП во крв ми е 3.7 (нормални вредности до 3), останатите вредности нормални, седиментација 4, а железо на долна граница. Само пред 3 недели ЦРП ми беше 3.2 што значи дека расте.
Имам проблеми со стомакот, гасови, дуење, ждригавици, пред 5 месеци правев гастроскопија и колоноскопија, најдоа површни улцерации во тенко црево, но биопсијата не утврди Кронова болест.
Но симптомите ни останаа, пола година сум по лекари, а сега и крвната слика почна да покажува абнормалности, а воедно осеќам и болка во мускули и колена. Стварно не знам каде да одам и да се проверам, некој совет?
 
... освен по лекари, што превзеде во смисол на исхрана и дисциплина на телото? :misticen:
 
K

Kalista

Гостин
... освен по лекари, што превзеде во смисол на исхрана и дисциплина на телото? :misticen:
Па не баш многу :) Почнав јога, нешто не се најдов во тоа, пешачење ама многу слабо... Тоа е зашто сум уверена дека има некоја болест и се останато ставам на stand by
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
725
Поени од реакции
388
Па чирот и не е некоја страшна работа...голем број од населението има.. избегавај
Палено
Алхохол
Благо
Продукти од животинско потекло за почеток
Дали осеќаш жештина во стомакот кога си подолго гладна или навечер,
колку години имаш?
И ако не ти е мака постирај целосна крвна слика....;)
 
Немам чир, имам афтозни промени во тенко црево, се сомневаа во Кронова болест ама бидејќи немам чести дијареи, не слабеам и биопсијата не потврди Кронова, тоа остана да штрчи така со препорака да повторам гастро и колоноскопија за 1 година.
Инаку еве ја крвната слика од денеска, имам 37 год иначе.
 
Attachments

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.987
Поени од реакции
35.478
Па не баш многу :) Почнав јога, нешто не се најдов во тоа, пешачење ама многу слабо... Тоа е зашто сум уверена дека има некоја болест и се останато ставам на stand by
и? мислиш со вакво однесување сакаш да бидеш топ женска, во топ тело, со топ органи посебно со ГИТ? каде е објаснување за дисциплина со исхраната?
Немам чир, имам афтозни промени во тенко црево, се сомневаа во Кронова болест ама бидејќи немам чести дијареи, не слабеам и биопсијата не потврди Кронова, тоа остана да штрчи така со препорака да повторам гастро и колоноскопија за 1 година.
Инаку еве ја крвната слика од денеска, имам 37 год иначе.
... па нормално дека немаш дијареја оти присуството на афтозни улкуси кај тебе се првични, најрани, знаци за Кронова болести, при рана дијагноза нормално дека ги немаш класичните симптоми со кои се одликува Кроновата болест ...леле, како бе така специјалистите донесуваат погрешен заклучок? :(
 
Последно уредено:
K

Kalista

Гостин
Не донесоа никаков заклучок, заклучокот е “симптоми на ИБС без доволно елементи да се утврди постоење на Кронова”.
Ама искрено полесно ќе ми беше да имам дијагноза отколку никаква, а со тон симптоми, зошто вака не знам што смеам да јадам, што не смеам, можам ли да забременам, дали железото паѓа поради кронот, зошто рипа ЦРП-то, тотално сум збунета. Биопсијата не покажа постоење на грануломи, а грануломите се знак за Крон. Единствено нешто што знам со сигурност е интолеранција на лактоза, па млечни продукти баталив.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.987
Поени од реакции
35.478
Не донесоа никаков заклучок, заклучокот е “симптоми на ИБС без доволно елементи да се утврди постоење на Кронова”.
Ама искрено полесно ќе ми беше да имам дијагноза отколку никаква, а со тон симптоми, зошто вака не знам што смеам да јадам, што не смеам, можам ли да забременам, дали железото паѓа поради кронот, зошто рипа ЦРП-то, тотално сум збунета. Биопсијата не покажа постоење на грануломи, а грануломите се знак за Крон. Единствено нешто што знам со сигурност е интолеранција на лактоза, па млечни продукти баталив.
... напротив треба да си среќна, оти природата не дава секому „шанса“ да се порави телото во тоа што секојдневно греши пред да се рече дека веќе се разболело... таква состојба т.н. субклиничка зависи од тебе дали ќе влезеш во клиничка состојба односно ќе ти се дијагностицира болест или ќе се извлечеш од субклиничка со целосно остранување на првичните знаци на иритабилно црево кој каде и да е ќе дојде до Кронова болест...
 
И како се користи таа “шанса”? Бидејќи погоре веќе ме етикетираше како некој што не прави ништо за себе, без да ме познаваш, реално сакам да знам што треба да се прави за да се превенира Крон, бидејќи до сега ниту еден доктор не ми кажал. Не пушам, не пијам, единствен минус ако може така да го кажам ми е отсуството на поголема физичка активност, водам дневник на исхрана ама крај не можам да фатам зошто од една храна еден ден ми е ок, друг ден од истата ме кине стомак. Затоа и се приклучив на форумот, додуша не за Крон туку за покачен ЦРП ама сеедно :)
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Што би препорачале за сува кашлица?

Онака рекреативно си кашлам веќе неколку месеца и ми здосади.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom