Луѓе помагајте...
3ти ден по ред имам чудни шумови во главата, без болки, само чист шум, некогаш се појачува на моменти... на сабајле обично, траат по неколку минути, најчесто се константни шумови еднобразни . Пробав да сменам просторија, место положба но ме следи и шумот, кој доаѓа од мојата глава....
Што се промени во последните денови кај мене е следново:
1.Почнав да работам 3та смена , значи до 8 сабајле , пред тоа седев до 3-4 па и 5, и немав проблеми со шумови во глава.
2.Променив земја на становање, но не ми е прв пат, веќе 7-8 пат кога менувам клима,земја...
3. Помагав при прскање на пестициди, или како и да се викаат, отрови против бубашваби , лебарки.. значи имам вдишано од лошата миризба од отровната смеса, исто така вдишав и миризба од хлор за чистење на вода во базен....
Има ли логика да овој шум во главата произлегува од некоја од овие промени кај мене?
Или е нешто сосем трето?
Благодарам.