Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Moже ми некој да ми ги преведе овие дијагнози на наш јазик како се викаат:
Polidiscopathia vert.cervicalis c4/c5, c5/c6
Discopathio L4-L5, L5-S1
 
Здраво на сите.
Дали е ок овај секој на плуќа
 
Attachments

  • IMG_20211223_120513.jpg
    IMG_20211223_120513.jpg
    1,9 MB · Прегледи: 32
Здраво.
Каде можам да направам тест на психоделици, урина или уште подобро од влакно?
 
Прашај во аптека за во урина. А за влакно нашата земја не е сеуште дојдена до тоа технолошко ниво. Можеби во 2050 година.
 
Нема во аптека. Колку што читам по нетов треба некаков 10 или повеќе панелен. Прашав во една лабораторија поима немаат, па си велам ќе се најде овде некој стручнак
 
Токсикологија би требало да имаат.
 
Би прашал за совет за личност која е блиска на моја блиска личност.
Се работи за постара личност која има реума (поради која прима некои терапии, декортини и срања) и е алергична на некои состојки и не може да пие голем дел од антибиотиците (не знам детали).

Фати корона пред 2 месеци. Со оглед на тоа што не живее овде, се чини дека голем дел од работите ни има скриено.
Наводно се работеше за повремена температура, кашлица и резултатите од крвта сугерираа само на високи ДДимери, до кај 2000.
Месец дена не можеше да се опорави, а тук-таму правеше по некое испитување. Имаше некој зачеток на пневмонија на едната страна, ама ништо страшно. Крвната слика беше во рамки на нормала, со некои мали изместувања и црп не поголемо од 30-тина.
На второто снимање по еден месец, ситуацијата беше како океј со плуќата, немало проширување.
Личноста продолжи со кашлица веќе 2 месеци. Ситуацијата станува поалармантна кога ДДимерите константно се зголемуваат. Терапијата со Ксарелто не помогна скоро ич и се префрлија на Клексани. Клексани прима веќе 3 недели, а ДДимерите варираат меѓу 3000-5000.

Крвната слика стана најлоша досега.
ЦРП 100+
ДДимери варираат од 3000-5000 (референтна горна е 700)
Тромбоцити 550+
(референтна горна е 390)
Гранулоцити 7.5 (референтна горна е 6.8)
Гранулоцити % 80 (референтна горна е 76)
Лимфоцити и Моноцити на долна граница
PDWc на долна граница
MPV 7.4
(референтна долна е 8)
P - LCR 24 (референтна долна е 25.5)

Мене болдираниве нешта прилично ме загрижија откако се зачитав на нет, водат кон откачување тромб. Личноста се жали и на отежнато дишење, а и нема многу енергија, а поминаа два месеци откако фати корона.
Исто така, повторно крева ниска температура.

Инаку, не е вакцинирана личноста и во текот на лекувањето, покрај Ксарелто и Клексани, примаше некои алтернативни антибиотици на кои нема алергија и витамини.

Кој е следниот чекор и колку се опасни работите според резултативе? Нејзините доктори некако се препасивни и незаинтересирани. Што кога клексаните не помагаат???
 
Испитувањава и терапијава нема ниту некоја цел уште помалку смисла.

Д-димери се земаат при сомнеж за длабока венска тромбоза на пример или белодробна тромбоемболија. Тие служат за ислучување на тромбоза но не и за поставување на дијагноза. Да падне пациентката и да има некаде модрица ќе има покачени д-димери што не значи дека модрица треба да се лечи со ксарелто и клексани.

Потребни се дополнителни испитувања како: ехокардиографија за евалуација на левокоморна пумпена функција? Дали има знаци на обременување на десно срце што би било знак за белодробна емболија. Дуплекс сонографија на нозете за да се исклучи длабока венска тромбоза. Спирометрија да се утврди белодробен капацитет како и ацидобазен стстус. И на крај доколку не се објаснува зошто има отежнато дишење, компјутерска томографија на бели дробови со ангиографија за исклучок на белодробна емболија.

Покачените вредности на CRP одговараат на ревматолошкото заболување, но покачените над 100 плус покачените тромбоцити најверојатно во рамките на некој реактивен процес плус покачени гранулоцити укажува дека е можно да се работи за бактеријална инфекција.

Овие процедури се тешко изводливи во амбулантни услови и можат да се направат за време на болничко лекување во некоја асална болница.

Поздрав.
 
Уште да ја најдеме таа асална болница. Прво, надвор од Скопје, може да замислиш какви се третманите. Од нова година нема лекар во болницата во градот. Ништо не знаеа да кажат досега, само знаат продолжи со ксарелтото, продолжи со некоја рандом терапија и така до недоглед, иако нема резултати.
Сите овие работи кои си ги набројал се научна фантастика дека некој ќе ги направи во болницата во градот, а се сомневам дека третман би имало и во болниците во Скопје.
Кога дојде во Скопје, имаше упат на Трансфузиологија, не сакаа да не услужат. КТ не функционира ни во Државна болница, знам минатиот пат колку врски моравме да фаќаме за да го услужат татко ми и ни рекоа после сме имале среќа затоа што после тоа се расипал апаратот.

Значи неизбежно е ебавање по приватниве болници и лаборатории...
Фала ти на одговорот во секој случај.
 
Дали има некоја служба за домашна посета за пациенти во терминална фаза пуштени на домашно лекување? Или дали е ингеренција на општата болница да праќа тим? Не е опција да го носиме на болница бидејќи транспортот е проблем, а се работи за нега која дома не може да се пружи ( замена на катетер ).
 
Javi se vo hitna sluzba I kazi Im za kakov slucaj se raboti. Ke pratat ekipa doma.
 
/QUOTE]
Дали има некоја служба за домашна посета за пациенти во терминална фаза пуштени на домашно лекување? Или дали е ингеренција на општата болница да праќа тим? Не е опција да го носиме на болница бидејќи транспортот е проблем, а се работи за нега која дома не може да се пружи ( замена на катетер ).
Матичниот неќе да доаѓа на посета?
 
Матичните др.во Мк не одат по куќи, а катетер да ти смени нема шанси.
Само приватна домашна помош..Никоб на пример.
Страшно, еве биџонс ќе каже зошто ова вака да не се разочаруем од македонското здравство ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom