Дежурна Ординација! #2

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Според најтазе литературата притисок НАД 120 се рачуна за покачен т.е. прехипертензија и третман на тие бројки со аке инхибитори доведува до намален морталитет од кардиоваскуларни заболувања....или ако пиете медикаменти за притисок на само 121/80, имате помал ризик за евенти и предвремена смрт од оние кои имаат 121/80 а не пијат.

Притисок од 140-160, поготово како во случајов кој не е третиран, предизвикува сериозна штета на кардиоваскуларниот систем/крвните садови, и треба да се третира, особено ако индивидуата не пати од анксиозност.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.071

Јас имам едно дополнително прашање. Ако личноста пати од ансиозност и има притисок кој е висок како што сте напишале во вториот пасус дали и тогаш настанува сериозна штета?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Јас имам едно дополнително прашање. Ако личноста пати од ансиозност и има притисок кој е висок како што сте напишале во вториот пасус дали и тогаш настанува сериозна штета?
Секако настанува штета, поентата е дека во тој случај се средува на друг начин, и не е се работи за истата состојба, нема толку голем ризик. Затоа ќе си направите еден асален панел во Авицена и ќе знаете како стојат работите, без тие тестови се е претпоставка.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.718
Поени од реакции
34.983
... ако од 23 години (според последна литература) ќе почне со лекарства, со толку години примена само да го има 120 -70 како робот, не знам дали ќе има проблеми со кардиоваскуларниот систем, но сигурно ќе има од долгогодишно пиење на истите лекарства, не знам дали жививе генерации кои се над 80 години пиеле толку лекарства во својата младост, па еве ги, витални тераат!
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
320
Поени од реакции
617
дека ми е на психолошка база
Ти си ја знаеш причината значи, си направил испитувања миљарда, си посетил повеќе доктори останува уште најважната работа да ја направиш и да си помогнеш на самиот себе
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
... ако од 23 години (според последна литература) ќе почне со лекарства, со толку години примена само да го има 120 -70 како робот, не знам дали ќе има проблеми со кардиоваскуларниот систем, но сигурно ќе има од долгогодишно пиење на истите лекарства, не знам дали жививе генерации кои се над 80 години пиеле толку лекарства во својата младост, па еве ги, витални тераат!
Ако може да го среди тогаш не мора да пие, ако не, се користи формулата на ризик наспроти бенефит, како и за сите медикаменти. Голем дел од несаканите ефекти се од сериозни дозирања.

Дечкото кој го има проблемот би имал значаен бенефит од 2x 1.25mg Рамимприл со најверојатно никакви несакани ефекти, сепак за тоа прво анализи.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.651
Поени од реакции
28.005
Јас како што знам притисок може да се среди со исхрана и вежбање
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
- прашање дали во текот на целиот ден имаш покачен крвен притисок последователно два три дена,
- прашање со каков апарат мериш дома крвен притисок доколку го мериш,
- прашање дали тој притисок ти е ,,поради белиот мантил,, при преглед, -
- зависно што активности имаш така ќе се однесува и притисокот и пулсот, важно во мирување све да се врати во нормала,
...без претходно лабораториски анализи не знам како некој би коментирал, а посебно за надбубрег што ако би имал проблем тоа се многу високи и нагли скокови на крвниот притисок, а не како кај тебе,
- мора да направиш лабораториски тестови што се сомневам дека нешто би имал пореметено, твоите години укажува можеби на менување на некои животни навики испреплетени со стрес и напнатост со што се лачат токму такви предизвикувачи кои го покачува и крвниот притисок и појава на срцебиење, со мала самоконтрола ќе се смират овие тегоби што ти се појавија,
- не е во текот на целиот ден, како што кажав сабајле знае да биде 120 со 80. некогаш ќе биде 150-90 па после 20тина минути да биде нормален 120 со 80 - како што имав ситуација денеска сабајле. Првото 150 со 90, второто мерење 120 со 80 од нигде ништо, само што поседав малку.
Дома го мерам со апарат на пумпање, рачен со стетоскоп. Не е со жива, туку со округлиот мерач со стрелка, ако нешто менува тоа.
Не е поради белиот мантил, наспроти сум се смирувал психички на доктор кога сум бил. Но, кога ми го мерат притисокот бидејќи треба да седам мирно, ме фаќа некоја нелагодност и мислам дека и дишењето си го контролирам непотребно за да не извадам погрешно мерење.

Какви лабораториски тестови? тие што ми препорачаа погоре?:
Липопротеин пакет тест во Авицена.
Исто така HbA1C, и една обична крвна слика.
P.S. Сум приметил дека хелекс 0.25 мг до 0.5 мг ми го намалува конзистентно притисокот. Еден период пиев по препорака од психијатар и ми беше константно нормален 110-120/70.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.739
Поени од реакции
38.986
P.S. Сум приметил дека хелекс 0.25 мг до 0.5 мг ми го намалува конзистентно притисокот. Еден период пиев по препорака од психијатар и ми беше константно нормален 110-120/70.
Боље ти е со притисокот па затоа престана да го пиеш?
 
Направи ги тестовите за секој случај, ама најверојатно ти е од анксиозност. Прекумерна тежина? Диета? Килажа и висина?

Да тие тестови.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.739
Поени од реакции
38.986
Дел од друга терапија беше тоа, и затоа сега само по потреба пијам по некое, ама избегнувам.
бате ти имаш проблем со анксиозност затоа ти се дига притисокот, хелексот е лек за анксиозност и затоа ти помогнал.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.330
Поени од реакции
7.339
Од 2010та па наваму редовно ме мачат аритмии , има периоди кога се интензивни , има периоди кога тотално немам . Бев кај врвни кардиолози , скрининзи , 4Д , на секој 3 месеца редовни контроли , холтер два пати носев . Имам терапија 2х1 деметрин со 1/2х2 пропранолол . На времето кога ќе ги испиев лекарствата престануваа и веднаш бев ко нов , а сега и покрај тоа што ја зимам терапијата еве веќе втор саат откако ѓи испив апчињата прескокот трае ... БМИ индексот ми е 32 и мераклија сум за кафана , па дали би можеле овие поединечни прескоци да се од желудникот ?
Не од желудникот туку од килажата. Намали ги боди мас индексот и ќе се среди.
Автоматски споено мислење:

Липопротеин пакет тест во Авицена.
Исто така HbA1C, и една обична крвна слика.
И што информација ќе му дадат овие параметри во врска со високиот притисок?
Автоматски споено мислење:

Кардиолог интернист во приватна клиника ми препорача мр на надбубрежна. Други кардиолози во истата клиника ми рекоа само промена на животен стил, отстранување на кафе. После екг Холтер ми препорачаа и 1/4 небиволол, ама на следно екг Холтер после неколку месеци кога се средив малце психички друг кардиолог вика нема потреба.

Слични препораки и од матична. Кардиолог во 8ми септември ми вели млад си за да ти давам терапија за притисок да пиеш. Не секогаш коа ќе ми измерат во амбуланта ми е висок. Вика неможам на 130 да ти дадам терапија. Згора на тоа коментарите на моите дека е на психичка база им ги потврдува нивните сомнежи.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Потребна ти е проверка на надбубрежната жлезда, кортизонов тест,
Катехоламини во урина 24 часа и проверка на сооднос ренин алдостерон.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Не од желудникот туку од килажата. Намали ги боди мас индексот и ќе се среди.
Автоматски споено мислење:

И што информација ќе му дадат овие параметри во врска со високиот притисок?
Автоматски споено мислење:

Потребна ти е проверка на надбубрежната жлезда, кортизонов тест,
Катехоламини во урина 24 часа и проверка на сооднос ренин алдостерон.
И самиот повеќе од добро знаеш кои се главните ризик фактори. Членот додатно појасни дека анксиозност е фактор, но и кај луѓе со документирана хипертензија кога се на котерапија со диазепам на пример, притисокот може значајно да опадне наспроти соло терапија со аке инхибитор, што значи хелекс и неговиот ефект не се гаранција дека не се случуваат двете кондиции одеднаш, напротив висок притисок знае исто така да предизвика анксиозност, и обратно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.718
Поени од реакции
34.983
- не е во текот на целиот ден, како што кажав сабајле знае да биде 120 со 80. некогаш ќе биде 150-90 па после 20тина минути да биде нормален 120 со 80
...тоа значи дека после некое раздвижување од кога ќе станеш кога понекогаш ќе покаже 150/90 наутро, од ништо никаде самото ќе падне на 120/80 што покажува токму тоа што мислам за тебе, дека ништо не ти е, дека си малку хипохондер, а и да имаш некои варијации тоа би го препишале на психолошкиот момент кај тебе и толку!
Дома го мерам со апарат на пумпање, рачен со стетоскоп. Не е со жива, туку со округлиот мерач со стрелка, ако нешто менува тоа.
... и на ова треба со резерва и да биде дискутабилно како тоа ти го слушаш почетокот и крајот на ударот на стетоскоп (човечки фактор) и како твоето тело рагира на самиот чин на мерење крвен притисок, очекувајќи дека „ете ќе го мерам и ќе биде висок“ и кога ќе видиш навистина, тоа адреналинот во тебе за секунд ти го подига и крвниот притисок и пулсот,
не знам што запнале со тој надбубрег, Кушинг синдром, даваат високи нагли скокови до 200/120 со црвенило на лице како божур, а не така150/90, ако веќе се прави некоја анализа да се види функција на бубрег (уреа, креатинин), ај да речеме да се нема некое камче ова она, што знае да го покачи крвниот притисок, ама би требало да имаш и некои други симптоми поврзано со тоа, така да останува да си купиш дигитален апарат за мерење крвен притисок, за да не зависи мерењето од тоа што ти ќе слушнеш/не слушнеш и малку самоконтрола како мушко!
Но, кога ми го мерат притисокот бидејќи треба да седам мирно, ме фаќа некоја нелагодност и мислам дека и дишењето си го контролирам непотребно за да не извадам погрешно мерење.
... токму тоа го кажувам нелагодноста, напнатоста при самото мерење на крвниот притисок и те како дава погрешни (повисоки) вредности,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom