Дежурна Ординација! #2

Член од
17 ноември 2013
Мислења
53
Поени од реакции
26
... колку е тоа „малку покачен“ естроген за да се смета за здравствен проблем?
хормонски дисбаланс т.е. поради високи вредности на естроген напоредно тестостеронот ќе биде испод нормалната вредност кај мажите, дали твојот тестостерон е во нормална граница иако естрогенот е малку покачен?

Прегледај го приврзокот 287054

вредности на естрогени за мажи во различна доба од животот,
Тестостеронот ми е во нормални граници малце повеќе од средната вредност а естрогенот 50pg/ml .
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
Тестостеронот ми е во нормални граници малце повеќе од средната вредност а естрогенот 50pg/ml .
... тогаш поради каков здравствен проблем си отишол ла лекар, велиш дерматолошки, што би било толку застрашувачки на кожата за да пиеш и лекарства?
 
Член од
17 ноември 2013
Мислења
53
Поени од реакции
26
... тогаш поради каков здравствен проблем си отишол ла лекар, велиш дерматолошки, што би било толку застрашувачки на кожата за да пиеш и лекарства?
Ќе ти пишам во приватна порака.Иначе фала ти за одговорот :)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Пошто ми се скурчија доктори после коронава пишувам тука.
Често пати ми се преметнува жила на вратов или така нешто. Знаете кога ќе те затегни во смисла да не можиш слободно да ја вртиш главата. Пример се префрла, ме држи 2-3 дена, ќе пушти и по една недела пак ќе се преметни.
Мислев да не е до перницата, ама ја сменив со помала еве пак нешто слично.
Може да е од напнатост и стрес? Работава ми е канцелариска во седечка положба, може да е до тоа и намалена физичка активност?
Или ќе се умирааа другари и тоа е то. :toe:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
Пошто ми се скурчија доктори после коронава пишувам тука.Често пати ми се преметнува жила на вратов или така нешто. Знаете кога ќе те затегни во смисла да не можиш слободно да ја вртиш главата. Пример се префрла, ме држи 2-3 дена, ќе пушти и по една недела пак ќе се преметни.Мислев да не е до перницата, ама ја сменив со помала еве пак нешто слично.Може да е од напнатост и стрес? Работава ми е канцелариска во седечка положба, може да е до тоа и намалена физичка активност? Или ќе се умирааа другари и тоа е то. :toe:
... ако спиеме на грб, споредбено брадата со вратот, не смее да биде повеќе дигната глава од прав агол, ниту помалку т.е. брадата поблиску до вратот помалку од прав агол, првиот пример, каде се гледа висина на лицето спрема вратот под прав агол и тоа би била идеална положба на вратните пршлени,

PillowSleepPostNeckAlignment.jpg

... велиш „преметнување“, тоа не е „преметнување на жила“ туку реагираат вратните пршлени на неправилно виткање во подолг период, велиш си ја сменил перницата за помала, но таа не смее да биде ни помала ни поголемa, а како ќе знаеш? мора да се види дали нема искривување на вратните пршлени да главата не биде ни превисоко ниту прениско,

pillow.jpg

физичка неактивност целосно телото ќе ја почувствува, а не само кај вратот, штом цело работно време си во седечка состојба да претпоставиме дека си пред ПЦ ,

TV16BDA27-chart.jpg

највероватно висината на твоите очи не соодејствува со мониторот со што несвесно главата ти иде надоле, а со тоа и вратните пршлени се под притисок подолго време со наведната глава и искривен врат и тоа е тоа болката што ја имаш,

d3d7d2e6e4e56864b10b3375c8b6ea5a.jpg

и не само кај вратот, сигурно имаш болки и на друго место поради неправилно седење подолго време, но тоа не се толку забележителни и незгодни како што се вратните болки кои не само што не ќе можеш да ја движиш главата, туку можеби понекогаш ќе имаш и лесни вртоглавици или челни главоболки!

BwQaXQVCMAELghT.jpg desk-worker.jpg

... најчесто има 4 болни точки кога вратот е „напнат“ и „преоптоварен“ во подолг период, во неправилен агол, некако да се трудиме да „споиките“ на телото ни бидат под прав агол,

neck-pain-desk-typing-computer.jpg 53219667-text-neck-man-in-slouching-position-kneeling-on-ergonomic-chair-working-with-computer...jpg imagesње.jpg

... понекогаш можеби е добро да немаме соодветно растојание и положба, па да почувствуваме болка на врат и на било кое место на кичма, за да биде причина тоа да не' натера да станеме од таа долгоседечка положба, ама најчесто ние се занесуваме во тоа што го работиме и не внимаваме на тоа додека не не' стегне било кој дел од кичмата, како што те стегна тебе „вратната жила“!
 
Последно уредено:

Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Последниве две години често кога ќе си го измерам притисокот преку ден знае да биде над 130. Се случува 150 со 80-90 да измерам, еден период знаеше да ми биде и 160 со 100 кога конзумирав по две еспреса на ден. При будење сабајлечки е океј, 120 со 80 негде. Сега не конзумирам кафе толку често, ама пак 140 со 80 ми е просек негде. Во една приватна клиника ми дадоа препорака за МР на надбубрежна жлезда, бидејќи на преглед ми беше 160 со 100, а коа виде докторката дека иам 23 години се извади од памет. И при 160 со 100 некогаш не чувствувам нелагодност или симптоми. Дали имам причина да истражувам уште бидејќи мислењата на докторите што ги добивам се контрадикторни. Тироидна жлезда испитана неколку пати, со океј резултати.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Липопротеин пакет тест во Авицена.
Исто така HbA1C, и една обична крвна слика.
 
Член од
22 ноември 2018
Мислења
320
Поени од реакции
617
Дали имам причина да истражувам уште бидејќи мислењата на докторите што ги добивам се контрадикторни
Нормално дека да, се додека не го регулираш. Можеш да ги пишеш кои се тие контрадикторни мислења и од кои специјалности на доктори
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Последниве две години често кога ќе си го измерам притисокот преку ден знае да биде над 130. Се случува 150 со 80-90 да измерам, еден период знаеше да ми биде и 160 со 100 кога конзумирав по две еспреса на ден. При будење сабајлечки е океј, 120 со 80 негде. Сега не конзумирам кафе толку често, ама пак 140 со 80 ми е просек негде. Во една приватна клиника ми дадоа препорака за МР на надбубрежна жлезда, бидејќи на преглед ми беше 160 со 100, а коа виде докторката дека иам 23 години се извади од памет. И при 160 со 100 некогаш не чувствувам нелагодност или симптоми. Дали имам причина да истражувам уште бидејќи мислењата на докторите што ги добивам се контрадикторни. Тироидна жлезда испитана неколку пати, со океј резултати.
Обавезно да одиш кај интернист и он ќе ти даде упати што се треба да провериш...обавезно да носиш абп апаратче за да се види како ти варира притисокот за време од 24 часа, а посебно ноќе, на спиење.
Премлад си за ваков притисок.
Срце провери ли?
 
spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Од 2010та па наваму редовно ме мачат аритмии , има периоди кога се интензивни , има периоди кога тотално немам . Бев кај врвни кардиолози , скрининзи , 4Д , на секој 3 месеца редовни контроли , холтер два пати носев . Имам терапија 2х1 деметрин со 1/2х2 пропранолол . На времето кога ќе ги испиев лекарствата престануваа и веднаш бев ко нов , а сега и покрај тоа што ја зимам терапијата еве веќе втор саат откако ѓи испив апчињата прескокот трае ... БМИ индексот ми е 32 и мераклија сум за кафана , па дали би можеле овие поединечни прескоци да се од желудникот ?
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Обавезно да одиш кај интернист и он ќе ти даде упати што се треба да провериш...обавезно да носиш абп апаратче за да се види како ти варира притисокот за време од 24 часа, а посебно ноќе, на спиење.
Премлад си за ваков притисок.
Срце провери ли?
Срце еден куп пати сум проверувал на неколку кардиолози, океј е сѐ. Интернист сум бил, семеен пријател кој ми кажа дека ми е на психолошка база. Што донекаде и беше точно во тие периоди кога ми беше почесто 160 со 100. Премногу динамичен животен стил, со малку сон, стрес итн. Сега сум поискулиран ама сепак, не е целосно регулиран притисокот.

Екг Холтер сум носел, ќе видам да побарам и Холтер за притисок да носам па да видам тоа како ќе покаже,откако ќе направам анализите што ми посочија погоре.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Нормално дека да, се додека не го регулираш. Можеш да ги пишеш кои се тие контрадикторни мислења и од кои специјалности на доктори
Кардиолог интернист во приватна клиника ми препорача мр на надбубрежна. Други кардиолози во истата клиника ми рекоа само промена на животен стил, отстранување на кафе. После екг Холтер ми препорачаа и 1/4 небиволол, ама на следно екг Холтер после неколку месеци кога се средив малце психички друг кардиолог вика нема потреба.

Слични препораки и од матична. Кардиолог во 8ми септември ми вели млад си за да ти давам терапија за притисок да пиеш. Не секогаш коа ќе ми измерат во амбуланта ми е висок. Вика неможам на 130 да ти дадам терапија. Згора на тоа коментарите на моите дека е на психичка база им ги потврдува нивните сомнежи.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Кардиолог интернист во приватна клиника ми препорача мр на надбубрежна. Други кардиолози во истата клиника ми рекоа само промена на животен стил, отстранување на кафе. После екг Холтер ми препорачаа и 1/4 небиволол, ама на следно екг Холтер после неколку месеци кога се средив малце психички друг кардиолог вика нема потреба.

Слични препораки и од матична. Кардиолог во 8ми септември ми вели млад си за да ти давам терапија за притисок да пиеш. Не секогаш коа ќе ми измерат во амбуланта ми е висок. Вика неможам на 130 да ти дадам терапија. Згора на тоа коментарите на моите дека е на психичка база им ги потврдува нивните сомнежи.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Инаку, семејна историја, мајка ми има хронично покачен притисок. Јас сум подпросечно со тежина, така што маснотии и такви проблеми немам во ниту еден случај.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Срце еден куп пати сум проверувал на неколку кардиолози, океј е сѐ. Интернист сум бил, семеен пријател кој ми кажа дека ми е на психолошка база. Што донекаде и беше точно во тие периоди кога ми беше почесто 160 со 100. Премногу динамичен животен стил, со малку сон, стрес итн. Сега сум поискулиран ама сепак, не е целосно регулиран притисокот.

Екг Холтер сум носел, ќе видам да побарам и Холтер за притисок да носам па да видам тоа како ќе покаже,откако ќе направам анализите што ми посочија погоре.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Јас имав висок притисок на нервна база..ноќе, на спиење супер, но штом отворев очи и станував за да се спремам на работа, притисокот одеше угоре...
Лоша работа е, мора да го средиш оти оштетува срце, крвни садови идр....
Физичката активност ми помогна најмногу.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
Кардиолог интернист во приватна клиника ми препорача мр на надбубрежна. Други кардиолози во истата клиника ми рекоа само промена на животен стил, отстранување на кафе. После екг Холтер ми препорачаа и 1/4 небиволол, ама на следно екг Холтер после неколку месеци кога се средив малце психички друг кардиолог вика нема потреба.
Слични препораки и од матична. Кардиолог во 8ми септември ми вели млад си за да ти давам терапија за притисок да пиеш. Не секогаш коа ќе ми измерат во амбуланта ми е висок. Вика неможам на 130 да ти дадам терапија. Згора на тоа коментарите на моите дека е на психичка база им ги потврдува нивните сомнежи.
Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
- прашање дали во текот на целиот ден имаш покачен крвен притисок последователно два три дена,
- прашање со каков апарат мериш дома крвен притисок доколку го мериш,
- прашање дали тој притисок ти е ,,поради белиот мантил,, при преглед, -
- зависно што активности имаш така ќе се однесува и притисокот и пулсот, важно во мирување све да се врати во нормала,
...без претходно лабораториски анализи не знам како некој би коментирал, а посебно за надбубрег што ако би имал проблем тоа се многу високи и нагли скокови на крвниот притисок, а не како кај тебе,
- мора да направиш лабораториски тестови што се сомневам дека нешто би имал пореметено, твоите години укажува можеби на менување на некои животни навики испреплетени со стрес и напнатост со што се лачат токму такви предизвикувачи кои го покачува и крвниот притисок и појава на срцебиење, со мала самоконтрола ќе се смират овие тегоби што ти се појавија,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom