Дежурна Ординација! #2

Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Помагајте ако знаете.Неколку дена веќе ме боли десното стапало од десната латерална страна и ме тера да газам на таа страна кога одам.А па друго чудо е кога трчам или побрзо кога одам не ме боли ама кога одам полека ме боли.Нит па кога седам ме боли,само кога одам полека.Чаре има или? :P
провери да не имаш шилец - на ренген ќе покаже
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Веќе една недела на половината и долниот дел од грбот имам некое црвенило. Бев на лекар кај матичната ме прегледа. Ме праша дали ме чеша, пече или боли. Ништо од овие три работи не чувствувам. Констатира дека најверојатно станува збор за иритација од маица која ја немам облечено подолго време а си стоела во плакар. После две години облеков веш маица, после тоа се појави и црвенилово. Се мачкам само со течна пудра. Глупоста траела скоро 3-4 недели и бледее. Што е фората со ова, има шанса да го решам побрзо, некоја ефективна крема нешто да препорачате, совет?
П.С Не сум алергичен на ништо, прв пат ова ми се случува.
ако има мали везикули со црвенило треба да се исклучи и зостер - нека те поубаво види матичната. тогаш покрај течна пудра не ти бега и ацикловир со б комплекс ама само ако е херпес. А ако си алергична на ткаенина тогаш избегнувај .
Испитај се за алергија.
--- надополнето: 27 мај 2013 во 00:38 ---
Изгореница на прст, некаде околу 2 цм е површински изгореницата. Има некоја крема или чаре?
дермасин со преврска во амбуланта со стерилизирани гази - 15 дена
после тоа со кантарион или Контратубекс дома ( поефикасен од кантарионот за против лузни)

Мора да се види да не гнои местото на изгореницата - обавезно антибиотик да се пие за превенција од инфекција
--- надополнето: 27 мај 2013 во 00:42 ---
Вчера сабајле кога станав ме чешаше окото, си реков трепка некоја е и се измив лице и не обрнав внимание, си потерав обврски натаму наваму и не ни приметив дека долниот капак на левото око ми потекол, седнавме да гледаме ЛШ и другарот вика абе што ти е отечено окото, станувам се гледам на огледало стварно отечено. Си дојдов дома се измив пошто не знам од што е и си легнав. Еве сабајлево пак е отечено и пак така ме чеша. Дали знаете да му ставам нешто до утре па да ќе одам на лекар или ништо да не ставам.
или е блефаритис или конјуктивитис или е јачмен :) мора да те види лекар со око нема зезање - Лекарот ќе те види и ќе ти даде соодветна терапија
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
дермасин со преврска во амбуланта со стерилизирани гази - 15 дена
после тоа со кантарион или Контратубекс дома ( поефикасен од кантарионот за против лузни)

Мора да се види да не гнои местото на изгореницата - обавезно антибиотик да се пие за превенција од инфекција
Е баш денеска бев до аптека земав дермасин 130 ден е и мислам дека ќе биде ок со него. За ова со антибиотик мислам дека нема да има потреба.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Е баш денеска бев до аптека земав дермасин 130 ден е и мислам дека ќе биде ок со него. За ова со антибиотик мислам дека нема да има потреба.
антибиотик е обавезно за жал :)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
антибиотик е обавезно за жал :)
За површинска изгореница? Поминува сама, да мораше антибиотик за секоја површинска изгореница сите домаќинки ќе беа нонстоп на антибиотици...
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.898
или е блефаритис или конјуктивитис или е јачмен :) мора да те види лекар со око нема зезање - Лекарот ќе те види и ќе ти даде соодветна терапија
Бев сабајле кај матичен ми даде капки за очи Proculis и ми кажа ако не бива ништо за 3 дена да отидам да ми даде упут за на очен лекар. Изгледа е тоа јачменица или како и да го викаат.
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
За површинска изгореница? Поминува сама, да мораше антибиотик за секоја површинска изгореница сите домаќинки ќе беа нонстоп на антибиотици...
бидејќи поима неам колку е "површинска" затоа препорачувам антибиотик..
Кога би имало слика би знаеле нели? А бидејќи немаме - за секој случај ќе препорачаме антибиотик затоа што стручно лице може да квалификува степени на изгореници а не пациент
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
бидејќи поима неам колку е "површинска" затоа препорачувам антибиотик..
Кога би имало слика би знаеле нели? А бидејќи немаме - за секој случај ќе препорачаме антибиотик затоа што стручно лице може да квалификува степени на изгореници а не пациент
Ако е доволно изгорено за да е потребен антибиотик, членот секако ќе оди на доктор, нема да пишува на форум, нели? :) Непотребно користење антибиотици не е воопшто препорачливо, така што подобро е да му кажеш да оди на доктор кој ќе го процени тоа отколку да му кажеш да земе антибиотик затоа што антибиотик за жал може да земе во било која аптека без рецепт, да го зема џабе и да си направи проблем.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
бидејќи поима неам колку е "површинска" затоа препорачувам антибиотик..
Кога би имало слика би знаеле нели? А бидејќи немаме - за секој случај ќе препорачаме антибиотик затоа што стручно лице може да квалификува степени на изгореници а не пациент
Не трчајте по антибиотици за ситници, посебно не за изгореници од прв степен.
Како знам дека е од прв степен? Мала е зафатената површина, плус може да пошува на форум. Да беше од втор степен, постот би му бил "Само што се изгорев, ми се создаде плускавца и многу ме боли. Што да земам против болката?"
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Ако е доволно изгорено за да е потребен антибиотик, членот секако ќе оди на доктор, нема да пишува на форум, нели? :) Непотребно користење антибиотици не е воопшто препорачливо, така што подобро е да му кажеш да оди на доктор кој ќе го процени тоа отколку да му кажеш да земе антибиотик затоа што антибиотик за жал може да земе во било која аптека без рецепт, да го зема џабе и да си направи проблем.
Да беа сите пациенти толку дисциплинирани и здравствено просветени немаше да постои овој форум - очигледно дека не се.
Јас сум бил лично сведок кога ќе зашијам рана или третирам изгореници дека пациентите избегаваат да пијат антибиотик или не доваѓаат редовно на преврска па после тоа им се искомплицира раната. Бидејќи ти не си му матичен доктор не одговараш за неговата рана - а штом пациентот дошол овде на форум да прашува за совет значи бара изговор да не иде на лекар :) И сега ти ќе го убедуваш дека не треба антибиотик - автоматски со тоа го убедуваш дека не треба да појде на лекар :)
А ако чекаме да се искомлицира или загнои некоја рана па после појдеме на лекар тогаш ништо не се направиле нели? А ако превентивно испиеш една лента амоксицилин нема да биде ништо. Сега не да ме вадиш од контекст дека за све не се препишувало или пиело антибиотици. Ама конкретно за изгоретини - првин треба да се види кој степен е па после да се оцени дали треба или не.
Значи со тоа што му давам некому совет дека треба да пие антибиотик значи дека треба да појде на лекар да му го препише.
И во случај да има потреба од антибиотик а пациентот го купи и не отиде на лекар значи пола работа е завршена - ќе биде покриен против инфекција.А нема да купи зашто треба да му препорача лекарот кој да го земе. Е сега во случај да сам земе на своја рака пак нема да утне бидејќи ќе биде покриен од инфекција.
GET IT?
--- надополнето: 29 мај 2013 во 11:43 ---
Не трчајте по антибиотици за ситници, посебно не за изгореници од прв степен.
Како знам дека е од прв степен? Мала е зафатената површина, плус може да пошува на форум. Да беше од втор степен, постот би му бил "Само што се изгорев, ми се создаде плускавца и многу ме боли. Што да земам против болката?"
Oва делува многу смешно - да ми простиш :)
Како да ги слушам сестрите кога сакаат да глумат доктори па кога ќе им дојде пациент трчаат по докторот да го среди пациентот.
Друго е кога имаш одговорност лично ти за некој пациент а друго е од страна да се правиш паметен.
Кој пациент ако каже плускавица да речеме, ќе знае дали е 1,2 или 3 степен?
а што ако е измеѓу втор и трет степен или пак двата заедно?
Значи треба да се види од стручно лице.
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Здраво Кајганџии

Имам едно прашање :)

Еден другар требало да ја боцне баба му со инсулин, е сега при процесот, за да не му падне тоа што личи на пенкалце случајно он се боцнал себеси.

Значи само се боцнал, не го стиснал тоа горе за да се вбризга.

Можно ли е да има последници по здравјето ?


Благодарам однапред.
 

gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.438
Здраво Кајганџии

Имам едно прашање :)

Еден другар требало да ја боцне баба му со инсулин, е сега при процесот, за да не му падне тоа што личи на пенкалце случајно он се боцнал себеси.

Значи само се боцнал, не го стиснал тоа горе за да се вбризга.

Можно ли е да има последници по здравјето ?


Благодарам однапред.
Moze , ako babata ima HIV, hepatit ili nekoja dr prenosliva bolest

od drugo nema gajle;)
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Како да исчистам супер лепак од прсти, ако знае некој побрзо/ ::???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom