Знаеш што се уморив да го повторувам. Со ризик и некој што ме чита да ме опомене, ама сепак ќе го кажам следново: јас десетина години еве слепец што велиш, му верувам на Денарот и како орочени депозити парите ги чувам во банките, зависно која колку дава камата и какви услови има. И за сите десетина години, зборувам со завршетокот на оваа година добивав убава камата, која во некој период беше и двоцифрена, значи 10-11% последната убава беше од Еуростандард 9,5%....Значи да претпоставиме дека просечната е 10% Земи дигитрон и удри 1,1 помношено со сумата, ќе видиш безмалку за 7 години со реинвестирање на каматата влогот се дуплира! Дааа има и такви кои ќе кажат дека за 7 години исто така инфлацијата и поскапувањата, како домашната така и увезената, значително го обезвредниле капиталот... исто така и депресијацијата на Еврото... Ама за што зборуваме!? За 100% се зголемиле трошоците? Па во РМ просечна инфлација во изминативе години (освен една која тамо беше 2007-8!?) не помина 4-5%! Во Еврозоната слично, се смета дека Еврото губи, но не повеќе од 2% на годишно ниво! Е сега види на се му доаѓа крај, ама преку таквото ми е веќе да слушам веќе 16-17 години (од 1996-7 ли беше!?) како Денарот не е стабилен, како секој ден се очекува да девалвира.... Знаеш овие муабети како твојов, исто како Христијан на Алфа, кој 3-4 години едно те исто: Сега инвеститори, сега му е мајката на берзата... е од ова поевтини акции неможете ни да сонувате... а тоа го говореше кога МП беше 28,000 а КБ 4500, АЛК 6000... и тн и тн....
Сега во петок да го пуштиш пак исто, па исто: од ова неможе да бидат пониски акциите, највече ризикува тој што не ризикува.... бла бла бла. Така и со инфлацијава од 1996 па навака, стручњаци кои предвидуваа девалвација, крах на Денарот, пропаст на економијата..... ми ги направија ко кокосови ораси, а мене во меѓувреме капиталот ете само за 7 години ми се дуплира! А штедам некаде десетина години! И тоа зборувам влогот дуплиран во Евра! Во овој момент можам да одам воЕу-стандард да си го подигнам влогот и да го конвертирам во Евра, Долари... повеќе од дуплиран од влогот од 2001 навака.... капиш? А ти батка во Австриски банки си добивал процент-два над официјалната инфлација во зоната, кој ти е крив!?

Мора некој и тоа! Ова малку иронија.... затоа што како што вика zoraxe кобиш! Кобиш а тоа не е убаво!
Види, девалвација!?... Еден ден и ќе има! Тоа сигурно! Со оваа руина од економијата. Секако и Кристијанче еден ден ќе погоди со она неговото: се очекува раст на берзата, само што не почнал растот! (така 3-4 год).... Ама до тој ден ете да сме здрави и живи.... ќе ја преживееме... и јас дури ќе ја преживеам! Ќе претрпам преку ноќ загуба од 4-5,000 Евра, (ако оди на 70) ама вториот ден, ќе ги конвертирам во Евра и не како тебе во Австрија, туку ќе ги однесам во Токуда банка (јапонска со експозитура тука на балканите -на оддалеченост 200 км) за 6-7% годишно Капиш? А во меѓувреме, нема како тебе и како многумина да мислам на пропаста на Европа, Америка, Македонија..... се ќе гори и пропадне како поезијата на Др. Караџиќ.... не! Туку како што вика zoraxe пак ќе го цитирам, ќе си грицкам од каматата.... или ќе ја реинвестирам! Или во реалниот сектор или било каде, ама ќе барам чаре... се, само нема секојдневно да го чекам Армагедон!