Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата ViM
  • Време на започнување
Член од
10 мај 2006
Мислења
92
Поени од реакции
6
Дали може некој да ми објасни неколку поими во врска со штедењето. Дали ако штеден влог ми е орочен на 6 месеци например, можам да додавам пари во штедната книшка или во тој период не можам да правам никакви измени? Дали во тој случај секој износ кој ќе го додадам ќе биде автоматски орочен за наредни 6 месеци?

Каде можам да штедам пари така да секој месец си внесувам колку што сакам и да земам кога сакам?
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ме мрзи да објаснувам, само ќе ти кажам штеди во денари-народната банка си ја врши својата работа одлично така да ризици големи не постојат.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Дали може некој да ми објасни неколку поими во врска со штедењето. Дали ако штеден влог ми е орочен на 6 месеци например, можам да додавам пари во штедната книшка или во тој период не можам да правам никакви измени? Дали во тој случај секој износ кој ќе го додадам ќе биде автоматски орочен за наредни 6 месеци?

Каде можам да штедам пари така да секој месец си внесувам колку што сакам и да земам кога сакам?
Тоа што го спомуваш како пример се нарекува отворен штеден влог. Таква опција постои но не на 6 месеци. Можеш да си штедиш на тој начин но парите мора да ти бидат орочени најмалку на 12 месеци. При правење на договорот имаш можност да уплаѓаш пари кога сакаш или да вадиш пари кога сакаш но не повеќе од 50% од вкупниот влог. Камата тече на парите кои ги имаш на салдо. Значи ако ставиш 100 000 а псоле месец дена ставиш уште 20 000 прво тече на 100 а по уфрлањето на 120.
Е сега кај овој тип на штедење каматата е помала, зошто имаш опција да ги вадиш парите. На 12 месеци мисламд ека е околу 7-9%.
Класично штедење ти...ставаш пари ги орочуваш на колку сакаш и седат парите у банка. Имаш опција да добиваш камата месечно и во тој случај не можеш да ги раз-рочиш парите или пак имаш опција да штедиш со исплата на камата по крајот на штедниот рок. Тогаш можеш да ги разрочуваш парите со тоа што ја губиш камамтата.

за повеќе детали трк на google, македонски банки.
:wink:
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Дали може некој да ми објасни неколку поими во врска со штедењето.
Ако си будала и не ги цениш своте пари, тогаш може од секој да добиеш упатство. Ако веруваш дека неси, тогаш прегледај ги каматите во нашите банки со свој реср'ч овдека, а после тоа на лице место распрашај се во банките за детали.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ако си будала и не ги цениш своте пари, тогаш може од секој да добиеш упатство. Ако веруваш дека неси, тогаш прегледај ги каматите во нашите банки со свој реср'ч овдека, а после тоа на лице место распрашај се во банките за детали.
Ако си будала и не ги цениш своте пари, тогаш може од секој да добиеш упатство. Ако веруваш дека неси..................................togas verojatno NE STEDIS ...iluzorno e da se stedi pri takva inflacija ...nevazno kako vladata ja narekuva...toa si e inflacija........
Za devizno ne znam...toa e veke rabota na doverba: mene veke ednas me zaebaa, nema da imaat poveke sansi :)
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Паметно е да се штеди во денари бидејќи каматните стапки се многу поголеми отколку кај девизното штедење. Од друга страна штедењето во девизи и помалите каматни стапки се резултат на тоа што со тоа се покрива одреден дел од ризикот кој би настанал при евентуалното девалвирање на вредноста на денарот (што во моментов не е можно) од една страна и инфлацијата од друга страна. Најдобро е тоа што ќе штедиш на релативно краток период па со тоа не губиш ништо туку само добиваш. Инаку сите штедни влогови во сите банки се осигурани недај боже банката да пропадне и убаво погледни ги каматните стапки во секоја банка и имај на ум дека ако штедиш на шест месеци каматната стапка што ти ја кажуваат таму ќе ја поделиш на два бидејќи станува збор за штедење од шест месеци. Доколку би штедел година дена односно 2x6 месеци би ја добил целата каматна стапка. Еве пример:
Доколку орочиш 1000 денари и каматната стапка е 6% тоа значи дека по 6 месеци ќе подигнеш 1030 денари.
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
Ај да прашам нешто бидејќи не ми е јасно. Кога се збори за процентот се мисли на годишно ниво или на времето на кое ти се орочени парите. Значи дали се пресметува на пример за 3 месеци колку што е процентот или тој процент е на годишно ниво. Ова го прашувам затоа што тука ми е главното прашање на колку месеци е најдобро да ставам штеден влог.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
DENARSKO NORMALNO POGOLEMA KAMATA A OD INFLACIJA NEMAJTE MAKA OVASTO SE SLUCUVA(POSKAPUVANJE)E PSIHOLOSKO I UVEZENO(ZNAEME ZA SUSNIOT PERIOD A I CENATA NA NAFTATA NIKOJ NE USPEA DA GO SOPRE DURI I EU)TAKA DA KE POMINE DA CEKAME POVEKE PLODNA GODINA DOTOGAS.....NARODNA STEGA DOBRO VIDETE GI IZVESTAITE NA MMF DOBRO KONTROLIRAME INFLACIJA
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Ај да прашам нешто бидејќи не ми е јасно. Кога се збори за процентот се мисли на годишно ниво или на времето на кое ти се орочени парите. Значи дали се пресметува на пример за 3 месеци колку што е процентот или тој процент е на годишно ниво. Ова го прашувам затоа што тука ми е главното прашање на колку месеци е најдобро да ставам штеден влог.
Тоа пред се зависи за колку време планираш да ги употребиш тие пари. Ако ги орочиш на 3 месеци каматната стапка ќе ја пресметаш на тој начин што кога ќе пресметаш колкава каматна стапка ќе земеш на орочените средства ќе ја поделиш со 4, доколку ги орочиш на 6 месеци каматата ќе ја поделеш со 2. Најубаво е да ги орочиш на година дена но сепак треба да знаеш дека ако ги орочиш на година дена на пример ќе треба да не ги разорочуваш бидејќи ако ги разорочиш пред истекот на рокот ќе ја загубиш каматата и ќе ти биде пресметана камата по видување.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не штедам. Се што заработувам, си потрошувам. Не ни мислам да штедам.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.059
Поени од реакции
24.936
Дури и пари да имаш сега е зафркнато.

1. Скоро сите акции на берзата паѓаат подолго време.

2. Има инфлција од скоро 8%. Просто кажано ако орочиш 1000 евра со камата од 6% на крај на година место да заштедиш губиш од вредноста на парите 2%.

3. Куповната на еврото е дигната од просек 61.6 на 61.7 односно има блага девалвација што не памтам барем 3-4 години да се случило.

НБМ планира на монетарен начин да ја контролира инфлацијата преку кревање на каматните стапки односно преку рестрикција на парите пуштени во промет. Кревањето на каматите за кредити автоматски ќе ги дигнат и каматите за вложени средства и ако се биде во најдобар ред ќе ја намали инфлацијата.

Јас би да се почека малку да видиме каква ќе биде конечната одлука на НБМ како и реакцијта на пазарот што ќе следи. Ако се избрза сега се ризикиува да се испушти поповолна камата на орочени средства што би се добила за некое време. Тогаш би имале win-win ситуација ем се добива на повисока камата ем не губи на висока инфлација бидејќи високата камата би требало да ја симне инфлацијата. Ама сепак се е ова на папир. Парите од орочени многу лесно можат да станат урочени.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Vo princip sekoe stedenje e GLUPOST NEVIDENA...mislam na klasicno stedenje so orocuvanje i ILUZIJA deka si rentier.. :)
Toa bese nekogas nesto koga ekonomiite se baziraa na STEDENJETO.... denes toa ne e taka...
Ako se ima nekoja visok para , najdobro e da se VRTI, normalno ako se znae ..kade i kako..
Definitivno...stedenjeto e NOSTALGIJA po edno minato vreme...nacin da se "kupi" prividna sigurnost ..sto patem ne e ni taka los psiholoski faktor ..posebno za postari luge.. i normalno MNOGU EFTIN nacin bankarite da dojdet do mufte pari.....pa sega sekoj so svojot um... :)
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Мислам дека банките нема да го следат примерот на НБРМ и да ги дигнат каматите бидејќи гувернерот во едно интервју рече дека банките во Македонија располагаат со огромни неискористени средства односно имаат голема количина на готови пари во себе. Мерките кои ги предложи НБРМ се однесуваат на поголемиот процент на пари кои банките ќе мора да го имаат кај себе како покритие за кредитните картици, нереализираните кредити и слично со што се сака да се постигне да се намали оптекот на готови пари во оптек за што реално би требало да поминат неколку месеци за да се осети тоа. Инаку нема никаква основа да се случи девалвација на денарот во блиска иднина бидејќи според информациите на НБРМ располагаме со доволна количина на девизни резерви кои би биле употребени при евентуалниот скок на девизниот курс. Сепак треба да имаме во предвид дека во Македонија девизниот курс се формира на пазарот, а народната банка интервенира во случаите кога ќе се јави недостаток на едната страна дали тоа биле денари или девизи. Мислам дека ова покачување на девизниот курс е резултат на одредена паника која се јавува кај некој и кој мисли дека денарот ќе девалвира или ќе ни се случи ситуација од пред 15години. Искрено сум убеден дека до тоа нема да дојде и во секој случај сега е подобро да се штеди во денари бидејќи секако каматните стапки се далеку поголеми и ја антиципираат инфлацијата. Еве ви уште еден добар предлог за штедење купувајте долари. Не верувам дека овој курс на доларот ќе трае уште многу. Кај и да е ќе почне доларот да оди нагоре. Можеби нема никогаш да се врати на односот од пред неколку години но секако дека би биле во голема добивка доколку рипне за околу 10-15 денари по долар што е многу можно во наредниов период кој следи. Американската економија е во рецесија но таа не може да трае премногу долго. Ќе почне да е буди и таа и да ги зацврстува своите позиции, а со тоа и ќе расте цената на доларот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Доларот уште толку почна да паѓа:)
Но да се вратам на основата на темата денарско или девизно штедење.Девизното штедење има помала каматна стапка бидејќи банките тие пари неможат да ги користат за разлика од денарите.Кога орочуваш денари,банката ги користи тие пари,го зголемува портфолиото и затоа добиваш поголема камтна стапка.И она ќар и ти ќар.Но орочувањето на денари како што кажаа и погоре има свои ризици.Ние македонците се плашиме од девалвација.Во друга тема зборував пред некое време што би било добро за Македонија,за нејзината економија,ги спомнав реалниот курс и инфлацијата.Инфлацијата ни се случи,но попуштањето на стегите на денар-евро нема да се случи во скора иднина.Затоа штедете слободно во денари,оваа година нема да се случи ништо со курсот на денарот,освен ако прекинеме да постоиме како држава поради х политички причини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom