По укинување на дневната ефтина тарифа се поставува прашањето на исплатливоста на двотарифниот систем (освен можеби полнењето на ТА печки преку ноќ и капењето и перењето во недела). Најголем дел од работите кои моето семејство ги прави се во периодот кога е скапата тарифа (готвење, гледање телевизија, капење, перење) па би сакал да видам мислења од исплатливоста за премин од двотарифен на еднотарифен систем.
--- надополнето: 12 август 2012 во 19:49 ---
Според мое мислење, треба да има двутарифно плаќање на електричната енергија, како за индустриски претплатници, така и за домашни потреби.
Дури треба да има олеснување на евтина енергија во зимскиот период.Само, со примена на електричната енергија за греење и теропомпите, може да се зборува за заштита на животната средина.
--- надополнето: 12 август 2012 во 19:51 ---
Еднотарифен систем мора да ПОСТОИ. Секој претплатник може да си избере по која тарифа ќе плаќа.
Внимавајте да не помешате едноТАРИФНО и едноФАЗНО, сосема различни работи се.
Еднотарифно значи плаќаш цело време по иста цена т.е. 3.35
Пр. да речеме дека трошите 1000 kWh за еден месец, од кои 900 се во периодот на скапа, 100 во периодот на евтина (од 22 - 7 + Недела)
Тогаш со двотарифен систем ќе платиш 3971 + моќност и ДДВ, додека со еднотарифен систем ќе платиш 3350 + моќност и ДДВ
Се додека се троши над 40% ефтина струја е во ред, доколку овој процент е помал, поисплатливо е да се премине на еднотарифен систем
--- надополнето: 12 август 2012 во 19:51 ---
Според мое мислење, треба да има двутарифно плаќање на електричната енергија, како за индустриски претплатници, така и за домашни потреби.
Дури треба да има олеснување на евтина енергија во зимскиот период.Само, со примена на електричната енергија за греење и теропомпите, може да се зборува за заштита на животната средина.
--- надополнето: 12 август 2012 во 19:58 ---
Постои додека не ти го сменат броилото, а после цврц милојко
Тешко дека во урбана градска или попристапна селска средина сеусте не е сменето негде броилото, можеби има ама ќе го сменат и таму кај и да е... еднотарифно старо само некаде во некоја викендица или во неко село богу и за леѓа ама кога во селото таму џенем длабоко во Порече пошле да сменат сатови и смениле секаде каде имало луѓе сугурен сум дека по градовиве не им е некој проблем
--- надополнето: 12 август 2012 во 20:00 ---
целосно си во право
и - многу ми се допадна мото ти!
"Моите мислења можеби се менуваат, но не и фактот дека сум во право."
Така е со луѓето кои мислат!
Поздрав!