Двотарифен или еднотарифен систем на ел. енергија?

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Брат гледај да не си дома кога ќе идат да менуваат, кога и да е тој што чита сатој мора некад да приајви дека кај тебе не бива со апаратчето и ете ги другарите :(
Добро бе ве читам, и си мислам дека прам муабет со 10 годишни деца... Како можи бе толку плитко да размислувате?

Тие демек будали се во ЕВН, треба тој шо чита да помини... па се гледа на сметката дека е еднотарифен бројач... не треба тој шо чита да пријави. Исто ко шо вадат листа кој има заостанат долг за сечење, можат да изват кој плаќа еднотарифна а кој двотарифна, и да му влезат по список да менуваат.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Сепак не е можно доколку е сменето броилото со двотарифно (а сменето е кај 90% од потрошувачите ми се чини!?)... им се обратив директно и еве го одговорот:

Почитувани,

Ви благодариме за Вашето обраќање до ЕВН Македонија, АД и воедно, согласно информациите со кои располагаме да Ве информираме за следното:
Дали потрошувачката ќе се пресметува со примена на една или две тарифи е во тесна корелација со видот на мерењето што го има определен корисник. Така, согласно Тарифниот систем за продажба на електирчна енергија, се разликуваат домаќинства со еднотарифно мерење на активна електрична енергија, и домаќинства со двотарифно мерење на активна електрична енергија. Од тука произлегува дека, доколку кај определен корисник има инсталирано двотарифно мерење, кај него не може да има цена за еднотарифно мерење на електричната енергија.

Средната тарифа е предвидена за покривање на пресметката на потрошената електрична енергија кај оние корисници кај кои нема техничка можност за одделно регистрирање на потрошувачката во периоди на висока и ниска тарифа. Доколку броилото овозможува одделна регистрација на висока и ниска тарифа, тогаш по правило корисникот е потрошувач кај кој потрошувачката се пресметува со примена на двете тарифи.

Што се однесува до средната тарифа, таа е за 60% повисока од ниската тарифа при двотарифно мерење на електричната енергија. Генерално, сите корисници кои разумно ја користат електричната енергија, мерењето со две тарифи е секогаш поефтино и поисплатливо. Целта е сите корисници да имаат мерен уред кој овозможува мерење на две тарифи, што ќе допринесе за промена на навиките на корисниците, пефикасно користење на електрична енергија, помала потрошувачка во периодот кога електричнате енергија е најскапа, избегнување или одложување на изградба на определена инфраструктура што непотребно ја зголемува цената на електрична енергија.


Со почит,
ЕВН Македонија, АД
Оддел за односи со потрошувачи
www.evn.mk
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Aбе се прајте ко да немате видено сат за струја ебаго...
вакоф е. На двотарифен ти личи?
Абе дечко, ќе ти го сменат и ќе бидеш двотарифен, сакал ти или не.

Zatoa ke si stavish tvoj kluch na sanduceto za struja ili nema da im dades da ti vlezat doma za da go smenaat saatot.
--- надополнето: 13 август 2012 во 00:55 ---
Не смееш да не дозволиш да го променат броилото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom