Дворното земјиште ќе се продава по едно евро за метар квадратен

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Кај нас и мнозинството и малцинството парламентарно се сумљива категорија.:toe:
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Господине glacier се е кажано во вашето резиме.Кој ќе ги отвори очите ќе види дека ова е РЕЗИЛ кој не за жалење ќе си остане.ВИСТИНАТА е премногу болна затоа никој не сака да ја види.Поздрав до оние што можат колку толку да ја исправат својата грешка.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
za mene samo realnosta mi e bitna, (a te smetam za dosta realna licnost)i sekogas glasam za nea,mnozinstvoto e menliva kategorija(i zatoa ovaa opcija ja otfrlam)
neznam dali vo potpolnost ja svativ sustinata na tvojot post,nekako ne si mi bas jasen vo iskazuvanjeto,no kako i da e ja imas mojata podrska za opstanok(kako sto sam velis)bez ogled na toa za kakov opstanok stanuva zbor
Седи бе осичко,не се работи за мојот опстанок,или за мојата суета да опстанам на овој или некој друг форум.Јас и не барам некој да ми помага окулу моите вакви или слични настапи пред јавноста.На темава се збори дали е исправна или не,одлуката на владата да го намали износот за плаќање на дворовите кој досега им беа дадени само на користење без право на сопственост.Се разбира дека секоја одлука на властите во една држава нема да биде секому по воља,ама кога мнозинството е задоволно,тогаш сите треба да ја прифатиме како исправна.Цената од едно евро е токму таква,пристапна и треба колку толку да биде возможна за граѓаните на оваа држава,без разлика на партиските бои и симпатии.Во тој контекст се надевам дека многумина па и на форумов ќе ги подржат моите реални ставови и критицизмот кон властите,само тогаш кога навистина е потребен,зошто во спротивно станува безвреден и несериозен.:toe:
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
jas veke pisav deka e super cenata,potegot na vladata e vo red,sto se odnesuva do dvornoto zemjiste ,no sepak so rezerva diskutiram za ovoj poteg na vladata,od pricina sto mnogu raboti ne mi se jasni ,kako na primer toa okolu sportskite objekti i ostanato,zainteresirana sum za da si kupam i jas nesto ,no nemam dovolno informacii koj e nacinot.
go delam i tvoeto mislenje deka koj kolku platil porano ,zavrsena rabota,i nema sto retroaktivno da se bara da im se vrakaat pari na tie sto platile poskapo.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
jas veke pisav deka e super cenata,potegot na vladata e vo red,sto se odnesuva do dvornoto zemjiste ,no sepak so rezerva diskutiram za ovoj poteg na vladata,od pricina sto mnogu raboti ne mi se jasni ,kako na primer toa okolu sportskite objekti i ostanato,zainteresirana sum za da si kupam i jas nesto ,no nemam dovolno informacii koj e nacinot.
go delam i tvoeto mislenje deka koj kolku platil porano ,zavrsena rabota,i nema sto retroaktivno da se bara da im se vrakaat pari na tie sto platile poskapo.
Види,окулу спортските објекти и слични други,ќе се продава земјиштето кое досега им беше дадено на користење.Голем дел од газдите се ДПМНЕ-овски “симпатизери“,уште со ЉуБчовата власт,ама ги има и оние кој добија спортски комплекси на 30 годишно користење и во време на СДСМ.Мислам дека властите тука прават огромна грешка кога даваат можност некој сега да купи спортски комплекс во кој не вложил ни денар освен киријата,одкако го зел некое теренче или саличе под концесија.:toe:
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
jas pak imam soznanie deka objekti na koristenje i toa so bagatelni ceni za kirija ima najmnogu zemano albancite.
ne sum bas sigurna no vo taa agencija glaven bil nekoj si albanec ,pa zatoa go delele imotov recisi za bezpari.
kako primer samo ke navedam bazenot karpos vo skopje ,e daden na koristenje po cena od 400 evra mesecna kirija,i toa na nekoi 30-40 godini
kompleksot e ogromen,i ima ogromno dvorno zemjiste,pa sega ke si go kupi nekoj po edno evro kvadrat?
e ova nemozam da go podrzam,tuka ne da ja utnale ,epten.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.паааа нормално дека ја " утнале ", зар мислевте дека тие силни имоти дадени на ојлевци дојлевци на 30 и кусур години ќе се продаваат за повеќе од 1 евро по метар квадратен????
..секогаш сум бил скептичен према закони кои не се ДЕФИНИРАНИ ДО КРАЈ , каде постои : АКО и НЕ ВАЖИ за ...ова или она....и тоа ова или она ТОТАЛНО НЕДЕФИНИРАНО..предмет на проценка на некого , кој никој не го знае и е без мандат за тоа...
После опрерацијата на преземање на БИТНИТЕ ИМОТИ, пак ќе откријат дека во станбениот дел се зезнале, па ќе опнат старите 100 евра метар...:)..ништо не е вечно во оваа шипаатарска вукојебина....
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
http://www.vest.com.mk/?ItemID=706E71E952FEBB47A4DD16587C3B794A

Робин Худ

Македонски начин за владеење на правото - ако почитуваш закон, правиш историска грешка...пишува Горан Михајловски

1 Се слуша ли вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески што зборува? И ако се слуша, дали си верува во тоа што го слуша? Оти не може министер за финансии да објаснува дека Владата ќе ја намали цената за купување на дворовите на едно евро, а во исто време вели дека нема податоци колкумина ги купиле дворовите по повисоки цени и уште колку дворови останале за продавање. Министер за финансии, а не знае колку досега заработила државата. И не предвидел колку ќе заработи со намалените цени.
Само богаташите ги купиле дворовите по високи цени. И таму некои исплашени пензионери и домаќини се задолжиле по банките и зеле кредити да си го средат имотот. А сега Владата им дава шанса на сиромашните да си ги купат дворовите по ниски цени. Така вели вицепремиерот.
Колкумина се и едните и другите, не се знае. Зоки не ги знае бројките, ама мерката е популистичка. Робин Худ. Ги зезнале гнилите пензионерски богаташи што верувале во државата, за да им дадат на сиромашните.
Не верувам дека и самиот Ставрески го слуша тоа што го зборува. Глуми конзервативна десница, а ги мрази богаташите. Или се изгубил некаде во транзицијата меѓу комунизмот и капитализмот.

2 Прво Владата ќе ти даде рок за откуп. Па ќе те плаши дека подоцна ќе било или многу поскапо, или нема да имаш можност да го откупиш земјиштето. Ќе се малтретираш половина година. Ќе поминеш милион бирократски процедури, ќе земеш кредит за да си го купиш дворот, и на крај Владата ќе ги награди тие што решиле уште од почеток да не $ веруваат.
Ќе вложиш пари да го применуваш ХАСАП, Владата ќе ја одложи примената на Законот оти други не вложиле. Ќе плаќаш редовно пензиско и здравствено осигурување и ако задоцниш малку, ќе ти наплатат камата. На тие што не плаќале со години здравствено, ќе им го простат цел долг кога ќе решат да плаќаат.
Законите во Македонија важат цели три минути. А парадоксот е што државата постои баш благодарение на тие будали што во првите три минути го почитувале законот.
Според Ставрески, кој нè убедува дека со новата цена за откуп на дворовите се исправала историска грешка, излегува дека баш тие што го почитуваат законот се историска грешка.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C89C5B66ABE833448B3473365CB6ED99

Сарказам, цинизам и навреда можеше да се наѕре во тонот со кој министерот за финансии, Зоран Ставрески, ги оквалификува граѓаните кои ги откупија дворовите по многу повисоки цени. Во намерата дрско да одговори на незгодните новинарски прашања, Ставрески заборави дека, всушност, не ги навредува новинарите, туку ги омаловажува граѓаните, кои почитувајќи ги законите, побрзаа да ја исполнат својата граѓанска должност. Оние, кои веројатно никогаш и не си го поставуваат прашањето кога и дали воопшто да се плати каква било давачка што ја пропишува државата, министерот ги нарече мала група капиталисти.

Многу граѓани ќе му бидат благодарни оти ги вброи во категоријата капиталисти. Тие се' досега не знаеле дека се тоа, сметале дека се само дисциплинирани граѓани. Мислеле дека капиталистот не треба да зема кредити или да се зајмува за да си го купи дворот во кој живее со десетици години.

Тешко може да се најде логика во изјавата на Ставрески, зашто десноориентираната партија би требало да ги брани капиталистите, а не да ги напаѓа. Има многу други начини да се спасуваат губитниците од историската неправда, како што ги нарече вицепремиерот граѓаните кои досега не успеале ништо да создадат поради долгата транзиција. Многу ме интересира во која категорија се вбројува самиот, во капиталисти или во губитници?!

Во српскиот јазик има една изрека „мала група п.....“. Дали министерот го имаше тоа на ум кога рече мала група капиталисти? Искрено се надевам не. Зашто, во Македонија нема многу дисциплинирани граѓани, но добро „нафатирани“ и премногу. Гледано така, Ставрески многу греши. Се работи за голем клуб капиталисти, а не за мал.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со старата енормна цена за купување на дворните места постоеше опасност,во државава малкумина да си го откупат дворот и да станат кираџии по автоматизам на еден парадоксален закон,набрзина пресметан од едни уште попарадоксални “експерти“ во областа на таквата проблематика.Цената од 5-18 евра за метар квадратен,можеби за држави кој имаат и по 30 000 евра БДП на човек,и не е така голема,но доколку се знае дека тоа не е случај со Македонија,време беше да се изменат бројките и цената да се доведе до минимум со кој граѓаните на оваа држава ќе станат навистина сопственици на сопствените дворови кој да биде парадоксот уште поголем,на многумина поранешните власти им “ги продаваа“ само на користење,но не во нивна сопственост.Всушност тоа е и најголемиот апсурд во целата оваа “папазанија“ со дворните места.Пред само 10тина години во оваа држава дворни места можеа да се добијат само на користење,ама никако во лична и приватна сопственост.Имаше и многумина кој се стекнаа со тоа право без да платат,единствено за своите “комуњарски“ заслуги,ако биле добри и ревносни кодоши на власта,ако биле вработени во комунистичката управа или како заслуга за својата “пожртвуваност“ на работното место кога ги затвораа и малтретираа другите граѓани со прогресивни и слободољубиви идеи за самобитна Македонија.Треба ли да ги бараме таквите,кој сега се бунат како државата ја спуштила цената толку ниско,со што истите биле “оштетени“ кога побрзале да го платат земјиштето кое го “стекнале“ на користење преку споменатите “заслуги“????
-Обичниот работник пак,“самоуправувач“ во минатото,немаше никакви шанси да се стекне со правото на користење на дворно место во малку поцентралното градско подрачје,за него беа предодредени и ден денес не урбанизираните предградија,со никаква инфраструктура и далеку од придобивките што ги уживаа оние кој побрзаа да платат и по 18 евра од квадрат за да станат сопственици на земјиштето за кое се плашеа дека ќе го изгубат.Тоа е реалноста драги мои пријатели,без да се залажуваме и да ја напаѓаме владата,овојпат без причина,само затоа што како и секоја влада со намалување на цените сакаше да им овозможи на што поширокиот дел од граѓаните да си станат сопственици на своите дворни места,со што сопственоста во државава сега добива една нова димензија,со реална и пазарна вредност на имотите во неа,нешто што секако ќе биде во корист на самите граѓани кој живеат во Република Македонија.:toe:
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
Евро по евро - двор



Едно евро округло - еден метар квадратен. Звучи одлично. Мерка што Владата ја воведува за да им помогне на неимотните да си ги приватизираат дворовите за симболична сума. Но, откако ќе се увидат деталите, јасно е дека се работи за еден вид неправда кон дел од граѓаните што за дворовите платија солени суми. Овој легален, но неетички чин ќе го засили и онака веќе присутното чувство на правна несигурност.

Вицепремиерот Зоран Ставрески на десеткратното намалување на цените на изграденото државно земјиште гледа како исправање на една историска неправда. Според Ставрески, понудата на Владата „е една од најправедните општествени процеси во овие 18 години“. Демек, „приватниот клуб на капиталисти“ ја искористи транзицијата да ќари голем дел од богатата државна земја по багателни цени, па еве сега и „сиромашните“ ќе имаат таква можност.

Жално е што ќе се случи сосема спротивното. Повторно еден мал „приватен клуб“ за евтини пари ќе си ги приватизира дворовите и ќе заработи при препродажбата по многу повисока цена. Оние, пак, кои не можеа да ги купат по 10 евра за метар квадратен, нема да ги купат ниту за едно евро од причина што едноставно немаат пари. Да не ја споменуваме тешката бирократска процедура и десетиците документи кои треба да се обезбедат за да си го откупите она што и така е ваше. Самиот факт дека цената на дворовите се изедначи без разлика на локацијата е непазарен потег и нема никаква логична економска оправданост. Зар може градежно земјиште во центарот на Скопје да чини исто како парцела во рурална средина?

Уште поголема сенка врз владината мерка „едно евро - еден квадрат“ фрла и затвореноста на Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи. Министерството за финансии ги игнорираше прашањата за тоа за колкава е површината на изграденото државно земјиште, колкав дел од него е досега приватизиран по повисоки цени, колку барања за приватизација има досега, колку од нив се завршени, колку трае процедурата и колку документи треба да се поднесат, дали цената од едно евро за квадрат важи и за дворовите на зградите.

Овде се работи за морална грешка на властите, која правно не може да се оспори. Она што треба да се разбере е дека не смее да постои двоен аршин за граѓаните. Вака, излегува дека оние што најревносно си ја извршиле обврската кон државата, платиле најскапо. Оние што не го направиле тоа, се наградени. Со овој потег Владата испраќа лош сигнал. По ова нема да има ниту еден граѓанин што ќе побрза да ги исполни обврските кон државата. Сите ќе го чекаат последниот миг, односно моментот „едно евро“. Така беше и со системот ХАСАП. Едни го имплементираа, други накривија капа и ништо не им фалеше.

Владата е извршен орган, кој работи за доброто на сите граѓани и располага со парите на сите даночни обврзници. Таа не е приватна фирма на една партија. Но, изгледа дека ретко кој премиер во 18-годишната историја на оваа земја гледал така на работите. Филозофијата и понатаму останува иста: „можеа тие, можеме и ние“. Затоа и по осумнаесет години, многу е тешко да се разликуваат спротивставените страни на политичката сцена.

Горан Ризаов

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=08554DB8A72F654BA897AF732824B4B0&arc=1
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
абе аман само пари да се дава..еден ден и воздухов ке се плајќа
 

pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Добро е што е 1 метар квадратен. Досега мислам поскапо беше или грешка сум разбрал..? :smir:
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Со оваа влада ко шо не цица и сака секој денар да ни го земе за нивните партиски војници во администрацијата да ги храни, не би ме чудело утре да не тераат и жените да си ги откупуваме.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со оваа влада ко шо не цица и сака секој денар да ни го земе за нивните партиски војници во администрацијата да ги храни, не би ме чудело утре да не тераат и жените да си ги откупуваме.
Ќе дојде и тоа,не се брзај,само прво со “новиов“ Закон за Грдаба,ќе треба да си ги срушиме куќите,ако не сакаме да ни ги одземе владата.:toe:
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
nekoj spomna na forumov pogore deka mnogu objekti bile podeleni vo vremeto na ljubco ,no bea podeleni na koristenje.
a sega sto se slucuva so tie objekti ?
e sega tie objekti ke si gi vpisat vo katastar gazdite sto gi koristele dosega .
i toa ne e se .najlosoto e sto gazdite na tie objekti sega najglasno go omalovazuvaat ljubco i na toj nacin ja pridobivaat pocitta od grujo.
kolku slusnav (ako ne e nekoja spekulacija )vakvi slucaevi imalo najmnogu vo opstina gazi baba i vo aerodrom ,ama i kisela voda ne bila nisto podolu.navodno site drzavni
objekti ,mesni kancalarii ,kulturni domovi ,sportski sali , fudbalski igralista i drug imot koj vo vremeto na ljubco go zele nekoi si clenovi ,sega so pomos na lokalnata vlast si go zapisuvaat vo katastar kako sopstven imot .dvornoto mesto okolu objektite go kupuvaat za edno evro po kvadrat.aj sto za drzaven imot nema da platat ni eden denar,aj sto za dvorovite ke platat samo po edno evro,pa barem da ja zatvorat ustata i da ne plukaat po ljubco deka e lopov.ako toj e lopov ,sto se sega oni ?
kolku za primer sto slusnav eden dukan vo gazi baba od 24 m so dvor od 8 m si go zapisal kako svoj imot za samo trieset i dve evra ,ili pak vo lisice vo trgovskiot nekoj si zel 420 m objekt za bez pari oti nemal ni metro dvor ,i sega samo za zemjisteto na koe se naoga prostorijata ke plati 420 evra i toj ke si bide gazda na deloven prostor za samo 420 evra ,a posto sega si se pisani kako sopstvenici na imotot i imaat imoten list ,moze da si go prodavaat TOJ IMOT po pazarna cena.i demek ova bilo ispravanje na "istoriska nepravda",segasnite sopstvenici se" siromastijata" ,a ljubco e lopovot ????
e sto e mnogu mnogu e !!!!!!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom