- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.810
- Поени од реакции
- 12.299
Батали цените АБЦ, очигледно не делува ова...некој сака поскапо да плати-нека плати ако има пари...Случајот со телефоните е слична приказна,само од друг агол.Порано за да ставиш телефон се плаќаше по 500 тогашни Германски Марки,кој пак им се враќаа на оние кој уплатиле за број со месечната претплата.Извесно време потоа цената се зголеми на 700 ДМ,но се одлучи дека тие пари нема да се враќаат на заинтересираните корисници,и дека тоа се пари за развој на компанијата,купување на централи за проширување на мрежата.Една година по таа одлука,цената за број се зголеми на 1 500 ДМ,за да само неколку месеци потоа се дуплира во цена од 3 000 ДМ,затоа што беше очигледно дека броеви имаше ептен малку а интересот беше голем.
Туку батали таков празен муабет, пошто си АБЦ по информациите...дали нешто повеќе знаеш за тоа дека треба да се оди и кај геометар? Сега се јавивме, за ова треба геометар да потпише-не да измери, само да потпише . Таа активност чини 7-8.000 денари. Трошоците значи се зголемуваат плус 100-130 евра. Ова го немаше нигде кажано. Мора да се потпише геометар? Пошто еднаш скоро го измерија.