Двајца убиени и еден тешко повреден во пукотница во населбата Аеродром

Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
oд кај информацииве дека џандарот не седел со нив на маса?? или од "прва рака"...

Од прва рака е за полицаецот..викаат дека наводно бил убиен после пукањето од телесни повреди..шо мене не ми се верува...ако бил прво погоден од куршум па тепан тоа е друго..како и да е секогаш постојат повеќе страни на приказната...ќе кружат уште различни информации...

--- надополнето ---

Каква година ипол .. дали и притворот го излежаа не сум сигурен се мислам ги ослободија за 2 недели ..

Точно така,и се им беше вратено шо им земаа предходно на претресот...
 
М

Мартин`

Гостин
Јордан Јорданов Ркулот и Влатко Андреев, кои се од Велес, дошле први во ресторанот заедно со девојката која седела со нив на масата. Третиот убиен, Владо Милошев, вработен во МВР, живеел во близина на ресторанот и сосема независно од другите двајца дошол во ресторанот за да вечера. При влегувањето бил поканет од двајцата убиени велешани да седне со нив. Полицаецот Владо Милошев ги познавал велешаните преку својата полициска работа.

Според очевидците и убиецот Тони Димковски бил во ресторанот, но на друга маса. Со убиените велешани имал нерасчистени бизнис-односи. Во еден момент излегол од ресторанот и се вратил со пушка замотана во вреќа. Го извршил убиството, го напуштил местото и избегал. Во истиот момент автомобил со голема брзина стартувал од местото на настанот и излегол од Аеродром, а потоа и од Скопје. Под сомнение дека се работи за соработници на убиецот, овој автомобил е следен и запрен во близина на Велес.

Убиецот кој живее во Козле, се криел во Скопје, но кога неговите роднини и пријатели во текот на ноќта му јавиле дека полицијата го бара насекаде, исплешен изутринава се пријавил во полиција и тој е упатен на распит во полициската станица во Гази Баба.

И како по обичај полицаецот немал врска со нив, абе ајде ... :tapp:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Пресметка за поделба на профитот,ништо посебно...
Државно гарантираните цени на тешките дроги секогаш ќе регрутираат нови и нови лица кои ќе се впуштаат во криумчарење и продажба.
Едноставно економско правило,што поголем е ризикот за некоја роба,тоа поголема е цената,што поголема цена тоа поголем потенцијален профит и повеќе заинтересирани да се впуштат во такви активности...

Еди Бернејз веројатно умрел со цинична гримаса...наздравје...бричење...
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Абе се обидувал да ја ќари типката на типично мафијашки начин ;) :

 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.313
Поени од реакции
42.043
Добро, ок, кафекуварката за убиениот од МВР кажа дека немал досие и криминално минато ..., сега уште толку почнав да верувам во неговото случајно присуство таму, бидејќи нели, ко вработен во МВР, немал криминално досие и минато. :tv:
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
МВР : Осомничениот ги открил мотивите за убиствата во Аеродорм

Полицијата и официјално го потврди инцидентот во Аеродром во кој вчера беа убиени тројца.Еве го соопштението во целост:

Вчеравечер (02.09.) околу 19,40 часот во Скопје на бул. “Јане Сандански“ бб, во ТЦ-13 Ноември или меѓу граѓаните познат како “Три Бисери“, во рибниот ресторант “Биг Фиш“, од страна на непознато машко лице вооружено со автоматска пушка која ја носел во ПВЦ вреќа, испукал три пати рафално во лицата Јордан Ј. (37) од Велес, Владо М. (36) од Скопје (вработен во МВР на РМ) и Влатко А. (26) од Велес, кои биле гости во ресторантот, по што излегол и со возило „Опел Корса“ го напуштил местото на настанот. Од здобиените повреди Јордан J. починал на самото место на настанот, додека пак Владо М. и Влатко А., и покрај укажаната лекарска помош, починале во Ургентениот центар.

По дознавање за настанот на лице место излегоа полициски службеници од СВР-Скопје. Известени се Истражен судија и Заменик јавен обвинител кои излегоа на лице место, а увидот го препуштија на увидната екипа на ОКТ при СВР-Скопје кои извршија увид и од лице место, меѓу другото, пронајдоа и за вештачење ги предадоа следните материјал: чаури, фрагменти од проектили, куршуми, мобилни телефони, автоматска пушка и друго.

По наредба на Истражен судија и Јавен обвинител телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.
Денес, пак, утрово околу 07,00 часот со осомниченото лице Т.Д. (47) од Скопје извршен е разговор, кој притоа ги појаснил мотивите за стореното кривично дело, односно дека причината за извршување на делото биле притисоците и вербалните закани што подолг перид ги добивал од сега починатиот Јордан Ј. за наводен паричен долг.

Инаку, лицето Т.Д. во крим-евиденцијата на СВР-Скопје е регистриран како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и против истиот повеќепати од страна на судот се изрекувани воспитни мерки, мерки за засилен надзор и казни затвор.

Исто така и Јордан Ј. евидира во евиденциите на СВР-Скопје како сторител на имотни кривични дела и дела од областа на недозволената трговија, за што му биле изрекувани и условни затворски казни.

Од страна на СВР Скопје по целосно расчистување на случајот против Т.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Извор:Канал 5


Значи никаква мафијашка пресметка должел пари му се заканувале и ги убил.Не е ова ваков прв случај во Мк.
Да беше мафијашка пресметка убиецот тешко за еден ден да го најдат.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
тапа..
Инаку не разбрав прво викате тој Ркулот Убиен после објавувате ркулот 3 години затворска казна.
инаку.. Слушнав едно 20 истрели..
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
И како по обичај полицаецот немал врска со нив, абе ајде ... :tapp:
Добри другари биле овој веројатно учествувал во акцијата кога го апселе Ркулот па овој сега да го почасти.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Добри другари биле овој веројатно учествувал во акцијата кога го апселе Ркулот па овој сега да го почасти.
„Еј како си ме фатил, алал да ти е. Ај дојди на еден ослич, да прославиме“. ;)

Да ти преседне и риба и се. :D
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.576
искрено тажно е да мислите дека дилерите се тие што им ги уништуваат животите на другите со дилање дрога , самиот зависник-корисник е КРИВЕЦОТ - кој к*р го тера да купува , зошто купува , зошто пробува ... ЗОШТО А ? кога ќе одговорите на ова , тогаш фатете се на дилерите ...
И двајцата се криви и дилерот и џанакот, дилерот пошто ги залажува потенцијалните џанаци(лица со слаб карактер, деца) а џанакот си е крив зошто сам си пробал никој не го терал, ама најпрво треба дилерот да се скине пошто ако нема дилер нема да има џанак ме разбираш, боље еден да страда него двајца а доколку се ликвидира главниот тогаш еден страда а илјадници се спасени.. А башка ке има повеке простор во затворите, наместо да има и дилери и џанаци, ке има само дилери. Економична работа.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
162
Поени од реакции
17
Баш сакам да слушнам што ќе кажат како оправдување од МВР.
Како тоа член на обезбедување на Министерката и вработен во шеста управа се нашол на иста маса со вакви лепотани и чесни момци како Р'кулот .

Сигурно се било во согласност со Уставот и законите.....
 
L

Liberation

Гостин
Баш сакам да слушнам што ќе кажат како оправдување од МВР.
Како тоа член на обезбедување на Министерката и вработен во шеста управа се нашол на иста маса со вакви лепотани и чесни момци како Р'кулот .

Сигурно се било во согласност со Уставот и законите.....
Целата младина од Велес и Свети Николе што оди “на работа“ во Германија -дила дрога. Се враќаат дома со по 10-20.000 евра за три месеци.
Членовите на мафијата на која припаѓале убиените, се тие кои ги регрутираат нашите малди и така си го зголемуваат бизнисот. Потоа, со парите од дрога, даваат лихва и земаат камати...

Жално е тоа што го читам, дека со таквите пари, се размрдала економијата во Велес и Свети Николе.
Познавам некои кои коментираат: “Секоја чест на таквите, знаат како да работат. Работат за нив и нивните фамилии“.
Се запрашале ли тие, колку млади животи се упропастени заради нивната “чесна работа“?

Доколку нема произведувачи и дилери, нема да има ниту корисници. Лесно е да навлечеш млада личност, очајна и со слаб карактер, на дрога, и потоа додека е жив, да му ги цицаш парите и да живееш од нив. Воопшто не ги окривувам наркоманите, нив навистина им треба помош. Но овие, кои свесно уништуваат животи заради профит, и тоа како си ја заслужиле казната.

Никој не заслужува да умре млад, да.
Посебно не младите наркомани на кои овие им врбувале дилери за пари да им ја продадат смртта.

Лага е дека полицаецот “случајно седнал“ со овие двајца кои од лани требало да лежат затвор, а не слободно да шетаат по скопските улици.
Зошто, кога веќе биле осудени, не биле во затвор?
Од кого, со пари од дрогата, си ја купиле слободата?
Зошто полицијата не превзема ништо, иако сите знаат кои се тие кои врбуваат млади за дилери по странство?

Колку високо во власта е заплеткана целава работа???
 
М

Мартин`

Гостин
Единствена позитивна работа е ова регрутериве што правеле е тоа што онаа чкарт младина ја пикна во затворите низ Германија и Австрија може да се каже дека градовиве се исчистени тука од оние што правеа проблеми некакви... друго се е негативно според мене макар и тие пари да ги инвестирале тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom