како тоа поттикнуваат мрза, па ако си идиот ќе бидеш вработен во некое комунално претпријатие и ќе ги бркаш потешките работи во општеството, ако си капацитет одиш на пофини работни места....... во зависност колку си добар и работлов стекнуваш почит кај колегите и добиваш бонуси од фирмата, било еднократни или пак можност за помало чекање за добивање на стан или возило(во тоа време)......... комунизмот нема да успее никогаш пошто човекот со неговиот чуд и нарав никогаш нема да постигне таква колективна свест
Поттикнуваат, ако не работиш дава државата, можеби нема да живееш луксузно ама нема да трпиш, што на голем дел од луѓето кои работеле ниско платени работи им доаѓало дека е подобро да седат дома и да лапаат социјално + чат пат по некој саат наоколу за кеш, отколку да одат и работат за ниска плата.
Далеку поинаку е кога немаш safety net, да полошо е за секој како индивидуа, али е подобро за општеството со тоа што секој мора да се бори, и има помалку џаболебари.
Истото се случува и во тие социјалистичките земји сега, еден куп народ во тие таквите држави функционира така (голем дел и од нашите иселеници).
За Шведска лично познавам фамилија што го прават ова, наклепано 3 деца и на нив земаат детски додаток, седат на социјално, и чат пат фаќаат по некоја тезга на страна за екстра кеш (пак без данок).
Е вакви пијавици во социјалистички системи ќе имаш колку ти душа сака, а истите во капитализам или ќе рмбаат, или ќе завршат на улица.
Друг проблем е кај способните, генерално истите ќе ги заглавиш во некоја рандом институција, влегуваат во зоната на комфор, и никогаш нема да се искористи нивниот реален потенцијал.
Ваквите системи се добри за да ја изградиш основата на државата за поефтино, али се лоши на долг период затоа што општеството стагнира и имаш се повеќе и повеќе кривинаши.
Капитализмот од друга страна ако се менаџира добро, и обртот да завршува во општеството, носи далеку поголема компетитивност, помалку џаболебари и поголем простор за способните да се истакнат затоа што имаат далеку поголема награда за истото.