Е добро чим темата била дали ви недостига, тука не ти се мешам.
Како што ти напиша многу работи биле бесплатни, само што нема бесплатен ручек во природата, па затоа сега си плаќаме.
Јас сум бил титов пионер ама НЕ ми недостига, зашто сум сфатил која е цената за да ја живееме таа утопија.
Да била одржлива, кралицата прва ќе си ја вовела
Не сум зборел со Чеси, ама сум зборел со Кинези, велат сега е многу подобро. Сум зборел со Бугари, Словенци, велат сега им е подобро. Чесите гледајќи каква им е економијата, колку фабрики имаат, мислам дека не се жалат баш. Штом Мијалков таму направил милиони сигурно е убаво
Татко ми се утепувал од работа, бил и иноватор, заштедил на фабрика милион марки на годишно ниво, па ништо не добил за тоа. А директорите и некои од политичкиот систем убаво си се опариле. Тие истите сеуште живеат од тогашните украдени пари.
Ти на таквото ќе отвореше своја фирма и така лесно ќе ја префрлеше во друга држава во таков систем.
Еден куп луѓе од КПЈ излегоа со по неколку стана без динар да платат.
А и сега нивните потомци ги водат истите држави.
Заборавив да ги спомнам Венецуела и најново Никарагва, најнови примери како завршува утопијата - социјализам