Кога се вмешани емоции во игра, сексот не е само секс. Патем, секогаш сум бил во искушение, тоа е неизбежно, особено кога имаш девојка и тоа е познато, останатите се како хиени, последен пат добив реченица “ама ја многу сакам да легнувам фатени момци“. Хах, 1-0 за тебе реков, ама ќе збориме друг пат...
Зборев за ова на некоја друга тема, немам поим каде. Во главни црти, проблемот го гледам во пребрзиот начин на живот, и огромната разлика во комуникација... сега и во минатото. Интернет, мобилни, голем град, контакти нови на секој чекор... и слично. Постојано запознаваме различни луѓе кои ќе понудат нешто повеќе од партнерот. А ние како луѓе сме слаби, плитки да не речам, па не одолеваме на најобична провокација. Генерализирам нели, ама начинот на живот го гледам како проблем, повеќе не живееме во село од 50 и да видиме нова фаца еднаш во две години.