Да се биде Германец

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Често во дискусиите на форумов, Германија и германците се земаат како репер или референтна точка во многу споредби. Но што навистина значи да се биде германец? Ние најчесто ги гледаме само привилегиите, но ги забораваме (или намерно се трудиме да не ги видиме) одговорностите.
Погледнете го следното видео до крај па да продискутираме. Темава не е во ЧДА и ве молам воздржете се од сеир и (анти)наци пропаганда.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
75
Поени од реакции
104
Одговорности:
1. Да знаеш да се вратиш дома од Октоберфест.
2 Да не можеш да се гордееш со фактот дека за малку цела Европа ќе си ја освоел.
3. Да преживееш ако Холандија те победи на Европско првенство, или скраја да е, на светско.
4. Да трпиш гетоизирани арапи и тураци.
5. Да си спремен на Франција да и платиш многу пари за струја во следните две децении.
6. Да храниш лебари во Грција.
7. Додека го вршиш (6) да се пензионираш на 69 години, и цел живот да ти помине рмбајќи, додека Гркот ужива со твоите пари пензиониран на 64 години.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Сум за идејата на Хитлер за една раса,а најголема грешка му е со концентрационите логори.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Сум за идејата на Хитлер за една раса,а најголема грешка му е со концентрационите логори.
Внимавај што посакуваш, Хитлер сакал да го исчисти сиот простор каде живеат Словени и останатите народи со цел да ги колонизира нивните територии со Германци.Внатрешното колонизирање (во рамките на државата) според Хитлер водело до изумирање на ариевската раса.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сум за идејата на Хитлер за една раса,а најголема грешка му е со концентрационите логори.
Требаше на лице место да ги егзекутира? Што викаш, непотребни трошоци за да извади некое кило сапун.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
@arakenx што ти мислиш за ова, очигледно само јас и ти го изгледавме. Што е лошо од овој систем, а што е добро?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Сум за идејата на Хитлер за една раса,а најголема грешка му е со концентрационите логори.
Дај бе барем еднаш напиши нешто што има било каква смисла.

Еднаш.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
@arakenx што ти мислиш за ова, очигледно само јас и ти го изгледавме. Што е лошо од овој систем, а што е добро?

....според мене секој систем има и позитивни и негативни компоненти....намената на темата е повеќе споредба на германскиот и македонскиот систем

1. Германецот 95% од работното време го поминува во ефективна работа....македонецот според мене максимум 30% останатото отпаѓа на комуникација со колеги, сурфање, бркање приватни обврски и слично

2. Германецот е опшествено свесен и претпочита производи произведени во Германија....тука сме слични бидејќи и македонецот претпочита производи произведени во Германија, но завршува купувајќи производи од Кина

3.Германецот се обидува да го оправда брендот Направено во Германија, додека македонецот за многу ситен еднократен профит е подготвен да ги уништи сите потенцијални зделки

4. Доколку повеќето градинки во Германија функционираат на принципот на прикажаната во документарецот за мене е позитивно бидејќи децата го јакнат имунолошкиот систем, развиваат чувство за рамнотежа и учат да се грижат за себе, намалена е можноста за пренос на болести бидејќи се на отворено, физички се активни и кога ќе се вратат дома немаат потреба да бидат деструктивни

5. Германецот своето образование го стекнува во фабриката (фирмата) во која што работи, македонецот 5-7 години учи теорија, ги оптеретува родителите финансиски, жртвува дел од својата мадост за да земе диплома, да нема ни ден пратктично искуство и веднаш по дипломирањето да биде статистика во заводот за НеВработување

6. Седењето под кирија е меч со две оштрици, од една страна те прави повеќе мобилен и ти овозможува подобар избор на работа, но од друга страна при финансиски бродолом те прави доста ранлив

7. Германците се фокусирани на мали семејни претпријатија со традиција, кои се грижат за своите вработени и за имиџот што го имаат кај потрошувачите и ја претпочитаат сигурноста пред профитот, македонските фирми се фокусирани само на профит (вработените се само крави за молзење, а потрошувачот златен рудник од кој треба да украдеме што повеќе).

.....ќе продожам кога ќе бидам послободен
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
1. Германецот 95% од работното време го поминува во ефективна работа....македонецот според мене максимум 30% останатото отпаѓа на комуникација со колеги, сурфање, бркање приватни обврски и слично
Точно. Германецот, а и секој кој работи во Германија мора да ја изврши својата работа 100%. Се знае време за пауза и време кога се работи. Тие две работи не смеат да се помешат, дека брзо ќе се најдеш пред вратите на Arbeitsamt :)

2. Германецот е опшествено свесен и претпочита производи произведени во Германија....тука сме слични бидејќи и македонецот претпочита производи произведени во Германија, но завршува купувајќи производи од Кина
За жал не е така. 80% од фирмите кои ги носат познатите германски марки се заминати во Кина, Индија... Помина времето кога Made in Germany значеше квалитет. Останаа мал број на фирми (најмногу се ситни фирми со по неколку вработени) кои сеуште им е поважен квалитетот од квантитетот.

4. Доколку повеќето градинки во Германија функционираат на принципот на прикажаната во документарецот за мене е позитивно бидејќи децата го јакнат имунолошкиот систем, развиваат чувство за рамнотежа и учат да се грижат за себе, намалена е можноста за пренос на болести бидејќи се на отворено, физички се активни и кога ќе се вратат дома немаат потреба да бидат деструктивни
Опишаните градинки се градинки каде што посетуваат деца чии родители се со високи примања, а тоа се приватни градинки каде се плаќа доста голема сума. Таму се пази на исхрана, се посветува внимание на секое дете посебно, се дава известување за развојот на детето секојдневно. Пак за жал неможам истото да го кажам за државните и црковните градинки каде се собрани најмалку 30 деца во една група, каде има само две воспитувачки од кои едната е болна, не се замараат кое дете има јадење на сабајле, и какво. Ручекот е една третина од тоа што може едно активно дете да го најаде. Кога се зима детето се бутаат 30 родители, и никакво известување не добиваш што и како било со твоето дете тој пола ден.

5. Германецот своето образование го стекнува во фабриката (фирмата) во која што работи, македонецот 5-7 години учи теорија, ги оптеретува родителите финансиски, жртвува дел од својата мадост за да земе диплома, да нема ни ден пратктично искуство и веднаш по дипломирањето да биде статистика во заводот за НеВработување
Факултетот си е факултет, додека да си го финансираат децата одат викендите ги работат во ресторани, кафиќи каде наравно нема врска со нивното образование...

6. Седењето под кирија е меч со две оштрици, од една страна те прави повеќе мобилен и ти овозможува подобар избор на работа, но од друга страна при финансиски бродолом те прави доста ранлив
Така, за да купиш куќа во Германија треба да имаш сигурна работа (а во последно време и тука се бркаат сума народ) така да ништо не е сигурно. Плус, да земеш куќа во Германија треба секоја модернизација да ја пратиш и применуваш дека следуваат големи казни. Кај нас сакаш стави парно сакаш греј се на дрва, никој не ти се меша, а тука мора да менуваш, те парна, те покриви, те фасади зависи како ќе ти наредат :)

7. Германците се фокусирани на мали семејни претпријатија со традиција, кои се грижат за своите вработени и за имиџот што го имаат кај потрошувачите и ја претпочитаат сигурноста пред профитот, македонските фирми се фокусирани само на профит (вработените се само крави за молзење, а потрошувачот златен рудник од кој треба да украдеме што повеќе)
Хммм, помина тоа каде во Германија се ценеше работникот, може пред 20 години било така. Не е се така розево, се повеќе владее сивило...


Инаку да не испадне дека само мрчам против Германија, има и убави страни (понекогаш :icon_lol:)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Точно. Германецот, а и секој кој работи во Германија мора да ја изврши својата работа 100%. Се знае време за пауза и време кога се работи. Тие две работи не смеат да се помешат, дека брзо ќе се најдеш пред вратите на Arbeitsamt :)

За жал не е така. 80% од фирмите кои ги носат познатите германски марки се заминати во Кина, Индија... Помина времето кога Made in Germany значеше квалитет. Останаа мал број на фирми (најмногу се ситни фирми со по неколку вработени) кои сеуште им е поважен квалитетот од квантитетот.

Опишаните градинки се градинки каде што посетуваат деца чии родители се со високи примања, а тоа се приватни градинки каде се плаќа доста голема сума. Таму се пази на исхрана, се посветува внимание на секое дете посебно, се дава известување за развојот на детето секојдневно. Пак за жал неможам истото да го кажам за државните и црковните градинки каде се собрани најмалку 30 деца во една група, каде има само две воспитувачки од кои едната е болна, не се замараат кое дете има јадење на сабајле, и какво. Ручекот е една третина од тоа што може едно активно дете да го најаде. Кога се зима детето се бутаат 30 родители, и никакво известување не добиваш што и како било со твоето дете тој пола ден.

Факултетот си е факултет, додека да си го финансираат децата одат викендите ги работат во ресторани, кафиќи каде наравно нема врска со нивното образование...

Така, за да купиш куќа во Германија треба да имаш сигурна работа (а во последно време и тука се бркаат сума народ) така да ништо не е сигурно. Плус, да земеш куќа во Германија треба секоја модернизација да ја пратиш и применуваш дека следуваат големи казни. Кај нас сакаш стави парно сакаш греј се на дрва, никој не ти се меша, а тука мора да менуваш, те парна, те покриви, те фасади зависи како ќе ти наредат :)

Хммм, помина тоа каде во Германија се ценеше работникот, може пред 20 години било така. Не е се така розево, се повеќе владее сивило...


Инаку да не испадне дека само мрчам против Германија, има и убави страни (понекогаш :icon_lol:)

.....еве вака....убаво е да се знаат работите и од друг агол.....
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Преоптимистична слика за животот на еден просечен Германец. Всушност, кога веќе почнавме со споредба на Македонецот и Германецот, и за нас може да се сними едно вакво видео. Да се разбереме и кај нас има приватни градинки каде што плаќаш по 15 000ден. за едно дете и детето го добива истиот погоре опишан третман, меѓутоа тоа не е сликата на просечниот Македонец исто како што ни е ова видео не е. Од друга страна пак Германија е голема, можеби во некои делови на Германија нормалниот живот е ваков, меѓутоа тоа не важи за сите делови од Германија.

Понатаму, што подразбирате под ефективна работа? Дали ефективна работа е на пример кога си на работното место и работиш меѓутоа не обрнуваш внимание на купувачот или си груб кон него (зашто не сите работат по фабрики, нели) ?

И трето, и во Германија има вработени кои се убаво третирани и вработени кои се крави за молзење (и тоа се забелужава уште на прв поглед според изразот на лицето на вработениот), така што не е се сјајно ни таму.

И за крај имам уште една забелешка, а тоа е дека Германците во видеово се премногу пријателски настроени за кој не би рекла дека се такви во живо, барем не кон странци :icon_lol:, која особина мене најмногу ми сметаше додека бев во Германија.

А ако гледате на инфраструктурата и надворешната убавина на Германија тогаш немам никаков коментар, Германија е убава.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Внимавај што посакуваш, Хитлер сакал да го исчисти сиот простор каде живеат Словени и останатите народи со цел да ги колонизира нивните територии со Германци.Внатрешното колонизирање (во рамките на државата) според Хитлер водело до изумирање на ариевската раса.
Бидејќи Германците се најработен народ,а на нивни грб е скоро цела економија на европа
Требаше на лице место да ги егзекутира? Што викаш, непотребни трошоци за да извади некое кило сапун.
Немислам така,туку да биле само дисциплинирани затвореници кои за нивната работа би добивале минимален износ и соодветна исхрана во затворите
Дај бе барем еднаш напиши нешто што има било каква смисла.

Еднаш.
Ако не ја направел најголемата грешка по русија,тогаш сите би биле дисциплинирани работници а не најголеми неработници и далаверџии како грците,македонците и кинезите
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Сум за идејата на Хитлер за една раса,а најголема грешка му е со концентрационите логори.
Идеата на Хитлер била да ги исчисти сите словени (како што некој веќе кажа), да ги исчисти сите евреи и роми и на тие простори да се населат германци.
Според мене тоа е расизам, затоа што човечки раси не се ни словените, ниту евреите ,ниту ромите туку црнците, белците, жолтата раса и има денес малку има остатоци од црвената раса- остатоци од индијанците и абориџините.
Но тоа “раса“ може да се протолкува и како еден народ што според мене е сосема погрешно, но ако ги знаеме и другите негови познати изреки и цели како на пример дека германскиот народ е наднарод или дека тој народ треба да завладее со светот, пораката може да ја сватиме индиректно и под наводници како што многу историчари ја протолкувале.:)
И имам прашање, како си за една раса ,а веќе постојат неколку и веќе ги набројав, според тебе како ќе се завладее таа раса ако останатите не се убијат? Во тоа нема логика, секако ако ме разбираш што сакам да кажам. Неонацизмот е негативен за општеството и како движење и како политичка партија, а таквите (Хитлерови) ставови се неонацистички.:oops:
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Темата не е за Хитлер, тоа е минато, исто како и минатото на Александар. Изумрени се тие работи одамна.

Да се вратиме на темата
И за крај имам уште една забелешка, а тоа е дека Германците во видеово се премногу пријателски настроени за кој не би рекла дека се такви во живо, барем не кон странци :icon_lol:, која особина мене најмногу ми сметаше додека бев во Германија.
Видеото е направено од фамилија која има доста солиден живот, каде децата посетуваат приватни градинки, приватни школиња, се исхрануваат био, и не одат да чекаат на ред пред народната кујна. Тоа е исто како холивудските филмови и серии каде ни го сервираат богаташкиот живот на младите од Беверли Хилс, Френдс (каде никој не работи, а секој вози дебела кола, и Рејчел од плата на конобарица купува секој ден гардероба која можеме да ја сонуваме) додека реалната слика на Америка изгледа далеку поинаку, семејства живеат во автомобили, пола од нив се здравствено неосигурани, за да опстои едно семејство работат двајца по 4 работи итн...
Не треба една таква богата држава да ја споредуваме со Македонија која знаеме како стои на економски план, ама јас мислам дека такви фамилии кои можат да си приуштат таков луксуз има и во Македонија, само не се многубројни. Така полека станува и во богатата Германија. Баталете серии, филмови, идили, реалната слика е многу поинаква и секојдневно се полоша и полоша.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom