Таман си е темата. Тоа што не се интересирате од астрономија е ваш проблем. “...Астероид со широчина од 396 метри, наречен 2005 YU55, ќе помине на оддалеченост од 250.000 км од Земјата, меѓу неа и Месечината...“
Он: Со таа брзина на движење, тешко дека може да скршне кон Земјата. Инаку дури рано утрото на 9ти ќе ја пресече орбитата на Месечината. И е во друга рамнина... На Википедија стои дека кога би паднал на Земјата би предизвикал кратер помал од 10 километри, и земјотрес со јачина 7 степени .
Убаво за тие што се интересираат за астромонија, но тука видеото ниту астромонијата како наука не се проблемот: насловот е тоа што иритира!!!
Со толку напредната наука, да не можеме едно астероидче да измериме каде ќе падне е срамота, па тоа што ни останува сега е да шпекулираме кој прв ќе умре, колку сакати ќе остави армагедонов, колку деца без дом и сл. ... :/
Апокалипси, трета светска војна, глад, глобално затоплување, птичји грип, сида, осама бин ладен и сите слични срања (мнозинството промовирани во САД) кои имаат минимални или никакви допирни точки со вистината мене искрено ми се преку глава, а верувам т.е. приметувам и на многу други.
Од тука е тој револт. Или темата во канта, или насловот да се смени... За доброто на сите форумци.