- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Сите ние сме презадоволни од препораките на Европската Унија за статусот кандидат што ни чука пред врата. Тоа не е изговор дека сме направиле се и дека сега Европа е таа што ќе ни донесе на послужавник се и сешто...
Кога веќе најболниот предмет во забелешките на ЕК до Македонија е спорот заимето со Република Грција, мислам дека е праведно да реагирам и да го насочам моето внимание кон таа болна точка.
Утре, по некоја случајност, се среќавам со еден човек којшто многу го ценам и којшто има висока кота и влијание во Европарламентарните кругови. Ќе бидеме заедно на една конференција. Му спремив дузина писма со предлози за името и за сите деривати коишто произлегуваат од истото и би сакал да му го доставам со цел еднаш засекогаш да го решиме овој проблем. Ми треба, исто така, мислење од сите вас.
Пред да одговорите на анкетата, би сакал да размислите со ладна глава за тоа што е подобро и во интерес на Република Македонија отколку да си играте пинг-понг со предлозиве и да велите “праведно е“ - “неправедно е“.
Предлозите се следните :
1. Топоним :
Македонска Република
Macedonian Republic
Rјpublique Macјdonienne
Μακεδονική Δημοκρατία
2. Име на јазик
Славо-македонски јазик
Slavic-macedonian language
Langue slavo-macјdonienne
Μακεδονική γλώσσα
3. Име на жители
Македонка, Македонец
Macedonian, Macedonian
Macјdonienne, Macјdonien
Μακεδονικός, Μακεδονικός
Воедно, сакам да нагласам дека за истиов проблем ќе има посветено цела статија во една од книгите на Д-р. Филип Мансел, истакнат англиски историчар којшто ќе биде исто така на таа конференција и којшто изрази желба за интервју со мене за “да сум му разјаснел некои работи“. Ќе пробам да бидам на ниво и да не треснам некое смутче за да не ве разочарам...
Предлогот планирам да го доставам до европарламентарецот чијшто идентитет не би сакал да го откривам јавно за да се избегнат шпекулации како и до повеќе политичко-правни инстанци како :
Искрено, мене ми е доста во Карти за престој да ми пишува “Државјанин на Југославија“ или во Индексот “Роден во Бивша Југословенска Република Македонија“. Југославија не постои и редно време е да се оттргнеме од тоа демонско име коешто не врзува за минатото и не трга настрана од иднината којашто заслужуваме да ни биде напредна...

- Европската Комисија
- Комисијата за меѓудржавни спорови на Европскиот Парламент во Стразбург
- Советот на Обединетите нации
- Метју Нимиц
- Жак Ширак
- Канцеларијата за односи со јавноста на Шпанскиот Крал
- Собранието на Република Македонија
- Собранието на Република Грција
- Владата на Република Македонија
- Владата на Република Грција
- Меѓународниот Суд за Човекови права
- Стејт Департментот на САД
- Европската комисија за интеграција и проширување во Брисел