Дарови на Светиот Дух

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Досега никој не ја отворил оваа тема барем јас не сум сретнал,па би сакал да подискутираме за даровите кои некои луѓе ги добиваат преку Светиот дух. Сите оние кои имаат позанвања околу ова прашање или го искускиле на "своја кожа" имаат предност.Еве ви неколку цитати од Бибилјата каде се зборува за даровите.
Коринтјаните12:4-13:Дарбите се различни, но Духот е ист.
Различни се и службите, но Господ е ист.
Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши си во сите.
Секому му се дава откровение на Духот за општа полза.
На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух;
на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух;
на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците. А си тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
Зашто, како што е телото едно, а има многу членови, и сите членови на телото, иако се многу, едно тело се, така е и Христос: зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело - било Јудејци, или Грци, било робови, или слободни. И сите сме напоени во еден Дух.
Коринтјаните 12:28:Бог ги поставил поединците во црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа чудотворни сили, па дарови за исцелување, за помагање, за управување, за разни јазици.

Ме занимаат вашите мислења.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух;
на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух;
на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците. А си тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
Вака напишано значи дека треба да седиш и чекаш духот да ти даи дар (за автомеханичар... за неврохирург... за лингвист... за пилот....) Скроз се отфрла човечката сопствена способност да сам нешто научи или разбере. (Или како велат старите .. Не му дал бог па тоа ти е). Она реченица посебно ми се свиѓа “Кој разделува секому, како што сака“, значи нема ни некој шаблон при тоа, онака... како ќе те трефни “лотаријата“ на духот.

- “Ееее јас сакав да бидам капетан на подморница али духот ми даде да бидам книговодител“

Мене ова ми звучи бааајаги ..... недемократски
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Чекај,ја разбрав поинаку.Значи Духот им дава дарови на одредени одбрани луге,ама тие дарови се поврзани со способност за лечење,за гледање во иднината и слично...Тоа ли сакаше да кажеш?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Член, ако постои некој кој може да извади зборови од контекст и да ги испреврти да изгледаат онака како му одговара нему тогаш кај тебе е палката. Аман бре човек дај не тропај глупости какви механичари и капетани.. се знае на што мислам, 178 е во право.
Темата треба да оди во таа насока а не да правиш од неа циркус. А сигурен сум дека си прочитал нешто околу тоа...
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Еве за да помогнам можам да наведам дека постојат седум основни дарови на светиот дух: мудрост, разум, совет, јакост, знаење, побожност и страв Господов, и нив ги поседува секој човек(верник).
Наспроти овие дарови кои му се потребни на поединецот за негово спасение постојат и "вонредни" дарови кои се повеќе потребни на Црквата отколку на поединецот.
btw тука се и плодовите на Духот:
Галатјаните 5:22:А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух;
на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух;
на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците. А си тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
Едноставно е јас не знам што толку мислишза ИЗВРТУВАЊЕ.
Тоа беше еден пример каде (спрема светото писмо) Нема ти да бидеш што сакаш туку духот што ќе ти удели.
Па вели ДАРОВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ.
И сега тоа би требало денес да се докторите. На нив се излеа дарот на духот свет за лекување?? (На медицински сестри помалку а на доктори повеќе)
ИЛИ пак може и човекаот ако духот не му даде дар за лекување да заврши медицински факултет и да ЛЕКУВА
Можи појаснение за овој пример?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Член бе, немам зборови.Значи да поседуваш дарови од Светиот дух треба само да завршиш медицина. Браво.Ovo nema ni u Beogradu.
Aј ќе пробам повторно.
Матеј 12:10,13,15:"И ете, таму беше човек со исушена рака;
Тогаш му рече на човекот: „Протегни си ја раката!” И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата.
Но знаејќи го тоа, Исус се отстрани оттаму; а мнозина Го следеа и ги исцели сите",
За вакво исцелување зборувам, не за дела на човекот, туку на Духот.
Ама има и вакво не/исцелување
Дела Ап.: зашто закораве срцето на овој народ и со ушите тешко слушаат; а своите очи ги затворија, за да не гледаат со очите и да не слушаат со ушите; и да не разбираат со срцето; и да не се обратат и да не ги исцелам.’
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух;
на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух;
на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците. А си тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
Бог ги поставил поединците во црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа чудотворни сили, па дарови за исцелување, за помагање, за управување, за разни јазици.

Ме занимаат вашите мислења.
Јас твојот текст го читам и вели
ДАРОВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ, па подолу ДАРОВИ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕ
Се слагам дека исцелување може да е примерот што го наведе но ЛЕКУВАЊЕ е друга категорија
ИСЦЕЛИТЕЛ ИСЦЕЛУВА
ЛЕКАР ЛЕКУВА
дали медицински факултет е замена за недостаток на дар од духот Свети?

ПС
Попосле ќе се навратиме и на она ЗА РАЗНИ ЈАЗИЦИ дарбата, и неа да ја протресиме откако ќе завршиме со погорната дилема
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Во прашање е преводот на Библијата кој го користам, не сум јас во прашање..што да правам..ама и онака мислам дека знаеше на што мислам...лекување/ исцелување...тука сме нека.Да не ја кочиме темава со вакви работи...
дали медицински факултет е замена за недостаток на дар од духот Свети?
Таман работа од кога медицината прави чуда...имаш работи од Бога, но и од човекот.Може да си сатанист и доктор...ама нема да ги правиш они чуда кои се опишани во Библијата.
А сега:star:назад на темата:duel:.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Не е исто ИСЦЕЛУВАЊЕ и ЛЕКУВАЊЕ... Исус ИСЦЕЛУВАЛ а Павле ЛЕКУВАЛ.
А медицината дали прави чуда?
Па ако можиш сам да си извадиш крајник, оперираш слепо црево.... тогаш и не е чудо.
ПРАВЕЊЕ ЧУДА е едно од даровите на Светиот дух (да не го цитирам пак твојот текст), друг дар е ИСЦЕЛУВАЊЕ, трет е ПРОРЕКНУВАЊЕ, па имаме ЛЕКУВАЊЕ, ПОЗНАВАЊЕ ЈАЗИЦИ !!
Види не треба буквално да го читаш мојот текст (мислев дека си повеќе склон кон филозофија) али ајде вака, во тоа време кога Павле пишувал чуда беа ЛЕКУВАЊЕ, ИСЦЕЛУВАЊЕ, ЗБОРУВАЊЕ РАЗНИ ЈАЗИЦИ... Луѓето воглавном се раѓаа, живееа и умираа неписмени, умираа наизглед здрави и прави мажи од непознати болести, секоја повреда можеше да биди фатална, така да поинакви категории беа ЧУДА од оние денес.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Раководителе, темава не е за тебе, расчисти ти прво со основните на христијанството, па потоа коментирај на темава, вака само ја расипуваш..

За сите останати,
Даровите на Светиот Дух не се исто што и талентите кај еден човек. Духовните дарови се едни нови (ако може да се наречат) "таленти" кои верникот ги добива откако ќе поверува и ќе се крсти. Духовните дарови се дарби кои верникот ги добива за општа полза на црката т.е. за служба во и со црквата и за изградба на другите верници.

Духовните дарови не можат да се злоупотребуваат. Пример: Не може некој верник, доколку добил духовен дар "управување", истиот да го користи за политика (едноставно ќе се исфрустрира кога ќе види колку е неуспешен во управувањето, бидејќи Духот ќе го повлече дарот од него).
Не може некој кој има дар за "учителство" истиот да го користи за некакви си бизнис интереси и да дава приватни часови по некој предмет и со парите да уплаќа на Челзи-Милан :)

Напротив, ако некој има духовен дар за управување, треба да управува со црквата. Ако некој има духовен дар за учителство треба да ги поучува другите верници во Христовата наука итн.
Штета што по некои цркви се прави шоу со манифестационите дарови и истите некои верници ги "користат" не за Божја, туку за сопствена слава. Затоа и не ретко истите дарби се лажно и вешто изглумени од "супердуховниците".
 
Чорбаџијо
хаххаааааааа
А бе цел статут и правилник за користење на даровите на светиот Дух.
Од каде овие податоци леба ти? хахаха

Член 1. дарот не смеи да се употребува спротивно одредбите на колективниот договор на светиот дух

Член 2. Ако некој го злоупотреби дарот на светиот Дух, дарот ќе биде одземен и ќе му се додели на друг
хаххахааа

Е сега полека, смирено дај референци и линкови дека светиот Дух ги дава даровите откако некој ќе се крсти и дали за било кое крштевање во било која христијанска црква светиот дух дарува или важи за некоје крштевање во некоја црква,
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Е сега полека, смирено дај референци и линкови дека светиот Дух ги дава даровите откако некој ќе се крсти и дали за било кое крштевање во било која христијанска црква светиот дух дарува или важи за некоје крштевање во некоја црква,
Ех мило, јас тебе на секоја тема се мачам од прсти да ти извлечам референци (библиски стихови) кои ќе ги подржат твоите лажни сведоштва во името на Библијата ама не ретко ми успева тоа, па сега ти најде мене да ми бараш референца :) Оф мори мајко што дочекав...

А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух.
Дела 2:38
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Ех мило, јас тебе на секоја тема се мачам од прсти да ти извлечам референци (библиски стихови) кои ќе ги подржат твоите лажни сведоштва во името на Библијата ама не ретко ми успева тоа, па сега ти најде мене да ми бараш референца :) Оф мори мајко што дочекав...

А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух.
Дела 2:38
Хмм да , но Мојсеј не беше крстен а го доби дарот од светиот Дух
Значи може и со крштевање а и не мора. Кој како сака
 
Kajgana Shop

На врв Bottom