Даночна Реформа 2023

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.780
Поени од реакции
5.043
Мое мислење едека ова е погрешно. Повеќе млади, перспективно повеќе даночни обврзници, повеќе даночен прилив. Лицата со попреченост треба да бидат згрижени од општеството и треба да бидат ослободени од секакви даноци.
Според мене,скалест данок е одлично решение, кое се применува во силните економии и функционира во сите области:
-во индустрија,најнизок данок во производство и земјоделство, среден данок во трговија, висок данок во игри на среќа, казина, кладилници, салони за убавина и други “луксузи“. Целта е повеќе производство и обрт на пари.
- во приходи од плати, скалест данок, во повеќето развиени економии од 15% до 45%, во звисност од висина на плата.Приказната дека ќе бегале во странство ако ова се воведе е смешна, затоа што и таму ќе имаат висок данок ако повеќе заработуваат.
- во данок на недвижен имот, скалест данок според проценета вредност на имотот, за мал стан помал данок, за големи имот многу поголем. Кој има пари за повеќе големи станови или огромни куќи и имоти, има пари да плати повеќе данок на државата.И секако, како и досега , за имот кој не се води на адреса на живеење 50% повисок данок, па нека купуваат повеќе станови ако им се исплатува.
- данок на движен имот, ова никако да го воведат иако најавуван, скалесто оданочување на возила при секоја регистрација според каталошка цена, исто како кај недвижен имот, за секое второ, трето итн. возило 50% повисок данок. Па кој сака да има поевтино возило за нормална употреба помалку ќе плаќа, кој има пари да се луксузира со “ергела“ скапи возила, има пари и за данок.
Има и други даноци кои едно време беа најавени, данок за вработени над 30 години за немажени/неженети, токму заради она погоре-продукција на нови даночни обврзници и одржливост на работна сила.
Како и да е, ова не е измислување на топла вода, ова се примери кои функционираат во равиени економии, кај нас гледам три основни проблеми , кои ако се решат, може да очекуваме светла иднина:
1. Гломазна администрација, превработена а неефктивна како огромен трошач на собраните даноци, итна реформа, преполовување, да останат половина, оние кои се ефикасни во работата. Добивката е дупло помали трошоци, многу подобри услуги за даночните обврзници.Ова кај нас како партиска држава е речиси невозможно, но тоа е излез од агонијата моментално, се задолжуваме со странски кредити за пополнување на дупки во буџет-читај обезбедување на плата за администрација.
2. Односот на власта кон изворот на данок- индустрија, трговија...Приватниот сектор е извор на пари за државата, тоа треба да се одржува и стимулира, наместо инспекција за собирање казни, треба инспекција за совет и укажување на на пропустите и грешките при плакање на давачките и корекрекција на истите, па ако некој упорно тера погрешно, треба да добие казна. Ова може да се оствари, ако се прекине политиката на казни, оти ако се угуши изворот на пари, све оди во колапс.Ова тешко кај нас, казните се гледаат како брз извор на средства кога има потреба.
3.Менталниот склоп на даночните обврзници.Кај нас се натпреваруваат кој помалку ќе даде на државата,а колку повеќе ќе бара пари од државата, сами себе се крадеме.Основно правило, колку повеќе пари во државата, повеќе помош за даночните обрзници. Ова да се смени кај нас треба многу години еволуција, осет за лојалност кон државата, за допринес во државата, за да државата ефективно се грижи за потребите на даночните обврзници. Ова моментално е утопија.
Како што напоменав погоре, ако се решат овие проблеми , а ова се граничи со фантазија,ќе биде во ред. Но, бидејќи ситуацијата е таква каква што е, секаква реформа ќе биде оспорувана и осудена на пропаст. Но добро е дека барем се размислува, се дискутира, можеби некои идни генерации ќе размислуваат правилно,можеби...
Вистинска уметност а како сосема легално да платиш малку данок.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.464
Поени од реакции
4.298
Вистинска уметност а како сосема легално да платиш малку данок.
У кратки црти перење пари ама white glove. Т.е. оф шор акаунти, добротворни фондови , инвестиции во фирми, грентови итн итн.
 
Член од
6 јануари 2018
Мислења
129
Поени од реакции
178
Ти шо мислиш со кој зборуваш?
Ти си единствениот либтард тука. Или си едностанво ретардиран и заостанат сељак кој слуша турбофолк и пие ракија по цел ден.
Автоматски споено мислење:

Пошо ако си фанатик, си у прицнип комуњар, пошто кристијанство е прва инстанца на обид за комуњарлук(што е масивно злоупотребен).
Има еден бајач во кравари, под итно кај него.. не глеам друг спас за тебе друже.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.464
Поени од реакции
4.298
Има еден бајач во кравари, под итно кај него.. не глеам друг спас за тебе друже.
Ако веруваш во бајачи иди у бардовци. Или си под тешки дроги или шириш сида.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
784
Поени од реакции
319
Едноставно:прекупопулација. Помалце луѓе, помалце барање. Лица со попречување трошат како за двајца.
Со моменталните стапки на наталитет, можно е само за неколку генерации да има големо намалување на популацијата и неодржливост на целиот здравствен и пензиски систем

Владите низ светот треба да обезбедат даночни олеснувања за оние што имаат деца, особено на оние што имаат 3 или повеќе.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.464
Поени од реакции
4.298
здравствен и пензиски систем
Нема да стигне до неколку генерации. Нивото на сиромашните има само да расте, нема да има работи за толку многу луѓе, пораст на криминал, глад, болести, дрога и анархија.
Ако пропадне нема да биде заради лошиот наталитет на куп софистиканти туку заради преоптерените синџири на залихи и целосниот недостиг на ресурси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom