Данок на немажени и неженети лица

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Со тоа право треба да дојде и рестрикција на пензиските фондови.

Скоро сите пензиски фондови се дизајнирани како Pay-as-you-go системи, односно за родителите да земат пензија после 62/65 години, треба да имаат 2.1-2.5 деца. Тоа што ќе го плаќаат децата во пензискиот систем, ќе биде тоа што родителите треба да го земат кога ќе се пензионираат. Циклусот се продолжува така за секоја генерација.

Ако се продолжи во оваа насока, годините за пензионирање ќе почнат да растат нагоре и пензиите ќе почне да одат надолу, брачните парови што имале деца и инвестирале во нив, нема да може да се пензионираат затоа што дечки со сингл статус ќе бараат пензии.
Ќе се случи ова за 20-30 години сигурно. Ќе преминеме на некој систем кај што државата ти исплаќа некоја минимална пензија а за другото треба да се снајдеш. Само ќе мора да си отидат луѓето кои пораснале во Југославија, кои се навкнати да чекаат на државата за се. Зошто ако некој направи вакви промени сега, ќе му се случи револуција.
 
Љубов куров ми, уште вервате во такви глупости, ако си над 15 години и верваш во такво нешто мора да си ментално заостанат.

Се е испланирано само кој не гледа шаблони ќе се чуди. Со децении, па и веќе еден век се работи на ваква ситуација, од мелтинг пот до денешните миграции, од феминизмот до транслгбт идеологијата, од либерализмот до денешниов нео комунизам, си течи процесот на одделување на единката од групата за да не можи да пружи отпор. Семејството, верата, расата и нацијата се темелите на здраво општество, видете ја Турција од пајка на масата која ја делеа стана регионална сила и поголема од регионална со влијание врз цел регион и пошироко, нема таму стандард нестандард, имало за телефон за детето немало, освен Истанбул дел либералните глупаци кои го прифќаат западниот стил на живот кои јадат ќотек на геј парадите секоја година, сите другите си држат до своето и ете го резултатот нова отоманска империја.
Ние модерни, шо ќе ти се деца, шо ќе ти е семејство сам живеј, шо ќе ти е вера нека одеби црквата, шо ќе ти е нација нема името да те рани, немало пари, немало стандард, а има за секој викенд кај душманите, крвниците на македонскиот народ да се оди, има за дискотеки и бело шмркање и за кафиња од сабајле до вечер, за шетања по европа, ама за деца семејство нема, никако тоа.

Премногу усти има за ранење во светски рамки 8 милјарди и згора затоа се користат алатките погоре да се истреби голем дел од непотребната стока, да се замени со ви и роботи, останатиот дел без црвсти врски и без чувство на припадност да се контролира тотално во новиот систем преку мерките на веф - социјален кредит, па колку влијаел некој врз загадувањето толку поени да му се одземат, одредена грамажа месо да можи да купи месечно, на интернет да не напиши некоја глупост против системот која наликува на некомформизам, одма исклучување и модерен остракизам, една мешана раса со iq во минус, без религии и нации, без никаква припадност, оатавени сами на себе, Орвел систем на 100та.
Некои се отпорни засега на овој процес, некои како модерните белци се заминати во неповрат меѓу кои и ние, најпаметната раса ја заглупија и не е чудо прво на неа удираат со наведените мерки, феминизам, педерастија, индивидуализам, тик ток, реалити лајна, лгбт транс педофилски настраности, социјални студии, гендер студии и милион други глупости, другите и така се подолу во нивото на развој освен жолтите, ама племенскиот начин на живот уште ги држи.
 
Не е животот Дизни филмови и мотивациски сториња. Изводењево и "се или ништо"- ставот што ви е наметнат неминовно се удира од глава понатака. Снижи си ги очекувањата, најди пристоен и поднослив дечко и удоми се. Ако мислиш дека со погрешен човек се страда, ти гарантирам дека како уседелица полошо ќе поминеш. Нема мачки и патувања што таа дупка ќе ја пополнат и таа психа ќе ја средат.
Забележувам дека зборуваш со извесна сигурност за мојот живот, моите очекувања и мојата иднина, како да имаш увид во нешто што не си ни прашал. Немој да вадиш такви впечатоци од ракав. Јас одамна не се пронаоѓам во тој наратив. Мојот живот веќе се гради во друг правец.
 
И што бидна сега со размислувањето за воведување на данокот :toe:
Пу пу не важи. Мицко мртов ладен си вели дека се шалел, погрешно сме го разбрале, небаре ретардирани сме сите, сакал да испровоцира дебата...леле мајко каква тешка самобендисана глуперда ни е премиер.:facepalm:...или сакал малку да ги стресе ергениве и девојките:shok2:

Нема да ме чуди ако некој ден објави дека ке воведе данок на тие што се во брак:lolzz:
 
Еее во западните држави од кога има таков данок, уште одамна..
 
Еее во западните држави од кога има таков данок, уште одамна..
Колку што ми е познато, во демократските западни држави не постојат закони што директно ги даночат луѓето само затоа што се немажени или неженети. Можно е да има одредени индиректни поттикнувања за склучување брак или за имање деца (пример, даночни олеснувања, субвенции и сл.) но тоа не е исто што и директно даночење на самците. Значи, самците можеби имаат помал пристап до некои бенефиции, но не се предмет на посебен казнен данок само поради својот брачен статус.
 
Кажи некоја држава.
Германија еве пример зашто живеев таму и знам декаа има уште од одамна таков данок.
Автоматски споено мислење:

Screenshot_2025-07-08-21-54-27-134_com.android.chrome.jpg[/URL]
 
Последно уредено:
И како мислат дека ова е добра мерка за тоа што е опаднат наталитетот?
Има луѓе кој што од икс причини не можат или пак не сакаат воопшто да си имаат партнер во животот.
Има геј и лезбо парови на кој им е ускратено правото за да стапат во брак.
Може има парови кој стапиле или ќе стапат во брак а воопшто не сакаат деца да имаат.
Пораката е јасна а таа е дека нема место во Македонија за гејови и кучкарки
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom