Данок на имот

Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
Moze li da se plati online oti postite ne rabotat a bankite imaat mnogu guzva.Ako e mozno online ke ve zamolam za link....
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.918
Поени од реакции
15.902
Град Скопје има веб сајт за Данок, а другите се уште НЕ...ама може да уплаќаш УПЛАТНИЦИ од дома, електронски, КМБ е бесплатна услугата а и провизијата е ПОМАЛА од таа во Банка
 
Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
Ja imam token od STB uplakam struja,voda,telefon,ama za danokot mi vika
Не е валидна комбинацијата на Уплатна сметка и Приходна шифра и програма.
Бројките се внесени од решението што го добив...
 
G

Gjoksi

Гостин
Пример на успешно платен Данок на имот во Општина Кавадарци, преку Е-банкарство на Комерцијална банка АД Скопје:
Untitled1.jpg
Untitled2.jpg

Првата слика е од Решението за данок на имот, втората слика е од извршената уплата.
Обратете внимание на местото каде што пишува „Приходна шифра и програма“, како Програма треба да бидат наведени бројките „00“. односно две нули.
И не заборавете како „Начин“ да одберете под „2“, односно бројот два.
Поздрав.
 
Последно уредено:
Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
Приходна шифра и кајмене е истата 713111.Ти во уплатницата имаш ставено на крајот и две нули 00 јас ги немам тие напипано дали е можно тоа да е грешката....
 
G

Gjoksi

Гостин
Приходна шифра и кајмене е истата 713111.Ти во уплатницата имаш ставено на крајот и две нули 00 јас ги немам тие напипано дали е можно тоа да е грешката....
Обратете внимание на местото каде што пишува „Приходна шифра и програма“, како Програма треба да бидат наведени бројките „00“. односно две нули.
Па, тоа веќе го напишав: дека мора сам да ги напишиш двете нули, тоа е грешката твоја, затоа системот не ти ја прифаќа уплатницата! :)
Автоматски споено мислење:

http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki eve tuka kje si odberete vid na danok i opstina. Toa e se narode

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
Програмата и начинот на плаќање НЕ ги пишува таму, така што тоа НЕ е се' народе! :D
Начинот на плаќање по default системски е наместен на 2, ама програмата мораш рачно да ја внесеш и е различна за различни видови на плаќања, не секогаш е 00. :D
Проблемот е што најчесто тие што издаваат Решенија или др. акти за нешто што треба да се плати, скоро никогаш не ја пишуваат Програмата за внесување во уплатницата, туку само Приходната шифра, и тука може да настане проблем.
Сепак, ако истата не е наведена во Решението или др. акт, најчесто (меѓутоа, не секогаш) се однесува на 00 како бројки за внес во делот Програма, па двете нули треба да се внесат во уплатницата.
Поздрав.
 
Последно уредено:
Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
Еве каква е мојата уплатница.А ке пробам да ги впишам двете нули 00
 

Attachments

G

Gjoksi

Гостин
Еве каква е мојата уплатница.А ке пробам да ги впишам двете нули 00
Тиии, види катастрофална електронска уплатница на Стопанска банка. Не е ни чудо што не можиш да ги вметниш двете нули. Одма префрлај се во Комерцијална банка! :D :D
Таму десно каде што пишува ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА, пробај ги следниве опции:
713111 00
или
713111-00
или
71311100.
Истите опции пробај ги и со УПЛАТНА СМЕТКА, како на пр.:
840 132 02507
или
840-132-02507
или
84013202507.
Од трите опции МОРА една да одговара. Ако и тогаш не бива, јави се во Банката или не се јавувај, туку смени ја банката! :D
 
Последно уредено:
Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
Добро фала ви на помошта сега неможам да пробам ,ке пробам утре па обавезно ке ви кажам што сум направил....
 
Член од
15 декември 2017
Мислења
100
Поени од реакции
10
Фала ви многу на сите
што помогнавте а најмногу на Gjoksi бидејки да небеше примерот со неговата уплатница немаше да знам дека фалеле двете нули 00.Сепак требало во решението да го напишат целиот брои....ПОЗДРАВ
Успешно платено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom