Данок и eBay

Член од
28 мај 2011
Мислења
40
Поени од реакции
3
Имам прашање во врска со продавање на eBay, поточно дали треба да се пријави данок во УЈП или интернет продавањето не спаѓа во една од ставките?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Актуелната влада на Република Македонија најави дека автоматски ќе ги оданочува финансиските средства кои им пристигнуваат на граѓаните на нивните трансакциски сметки, така да ако имаш данок за плаќање, државата автоматски ќе ти го наплати.

А еве најавуваат и данок на парите кои пристигнуваат од дијаспората, очигледно им требаат за живот за нивниот апартхејд.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Според законските норми во државата сите пари што ги добиваш мораат да бидат оданочени на еден или друг начин.
Како „други приходи“, се сметаат и приходите остварени со електронска трговија преку специјализирани интернет страни, приходи од интернет маркетинг услуги и приходи остварени со продажба.
Обврзник на данокот на доход е физичко лице кое остварува „други приходи“.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Не ми е јасно како тоа нашата античка сака по двапати да одночува едно те исто.
Ако некој од земја со која имаме договор за избегнување на двојно оданочување ти прати пари, овие ќе ти земат данок иако тие пари веќе биле еднаш оданочени!
Или на e-bay продаваш гитара, за која ти веќе како краен корисник си се опрчил со сите давачки , недоветените пак сакаат да ти наплатат, за нешто за кое веќе еднаш имаш платено данок!
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
Имам прашање во врска со продавање на eBay, поточно дали треба да се пријави данок во УЈП или интернет продавањето не спаѓа во една од ставките?
Treba da plakas mislam personalen danok, ja plakam 2 godini veke, danok na dohod na drugi prihodi
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.425
Поени од реакции
3.679
Државата која не мрднала со прст да ти обезбеди пристојни услови и вработување, па уште данок бара да му плаќаш, тоа само кај нас може да се види.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Не ми е јасно како тоа нашата античка сака по двапати да одночува едно те исто.
Ако некој од земја со која имаме договор за избегнување на двојно оданочување ти прати пари, овие ќе ти земат данок иако тие пари веќе биле еднаш оданочени!
Или на e-bay продаваш гитара, за која ти веќе како краен корисник си се опрчил со сите давачки , недоветените пак сакаат да ти наплатат, за нешто за кое веќе еднаш имаш платено данок!
Тоа дека не ти е јасни се гледа :) туку од каде тоа некој би те оданочил два пати? Во примерите кои ги даваш нема да имаш двојно оданочување освен ако сам не ги пријавиш парите погрешно.

Актуелната влада на Република Македонија најави дека автоматски ќе ги оданочува финансиските средства кои им пристигнуваат на граѓаните на нивните трансакциски сметки, така да ако имаш данок за плаќање, државата автоматски ќе ти го наплати.

А еве најавуваат и данок на парите кои пристигнуваат од дијаспората, очигледно им требаат за живот за нивниот апартхејд.
Не зафркавај. Тоа е најава веројатно за другата година. Оваа мора пријавите да се поднесат лично.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Не зафркавај. Тоа е најава веројатно за другата година. Оваа мора пријавите да се поднесат лично.
Можеби, не велам дека не е така, само помнам што беше објавено во август 2017.

Нема повеќе поднесување годишна даночна пријава преку шалтерите на УЈП

Нема повеќе пријавување годишнa даночна пријава во УЈП
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Можеби, не велам дека не е така, само помнам што беше објавено во август 2017.
Да, тоа е точно, веќе се во примена изменетите одредби. Сепак, за да нам ни се олесни бирократскиот момент, треба да помине една година, што значи дека ова ќе биде последно „рачно“ поднесување на ПДД-ГИ.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Да, тоа е точно, веќе се во примена изменетите одредби. Сепак, за да нам ни се олесни бирократскиот момент, треба да помине една година, што значи дека ова ќе биде последно „рачно“ поднесување на ПДД-ГИ.
Јако олеснување, уште точно 6 (ШЕСТ) недели од сега додека државата да почне да го снима секој денар кој ти пристигнал на сметка и автоматски да го оданочува. :tapp:
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Јако олеснување, уште точно 6 (ШЕСТ) недели од сега додека државата да почне да го снима секој денар кој ти пристигнал на сметка и автоматски да го оданочува. :tapp:
Несреќен избор на зборови, прав си, далеку е од олеснување :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Јако олеснување, уште точно 6 (ШЕСТ) недели од сега додека државата да почне да го снима секој денар кој ти пристигнал на сметка и автоматски да го оданочува. :tapp:
секој денар ??? ете НЕ МИ ДОШЛА робата и ми враќаат пари на сметка, шу праиме ??
Друго, ако се бави некој со продавање на ебау ( незнам дали имаме пошта конкурентна за тоа), парите нема да ги носи тука , ќе си ги држи ТАМУ, на ПауПал сметка и таму ќе ги троши ( нарачка на артикли, уплата на одмори, обложување, итн)
Мислам дека за НАД некоја сериозна сума имаше некој реперкусии кај Пау Пал...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
секој денар ??? ете НЕ МИ ДОШЛА робата и ми враќаат пари на сметка, шу праиме ??
Друго, ако се бави некој со продавање на ебау ( незнам дали имаме пошта конкурентна за тоа), парите нема да ги носи тука , ќе си ги држи ТАМУ, на ПауПал сметка и таму ќе ги троши ( нарачка на артикли, уплата на одмори, обложување, итн)
Мислам дека за НАД некоја сериозна сума имаше некој реперкусии кај Пау Пал...
Тоа ќе ја прашаш УЈП, убаво си пишува во статиите од кои погоре објавив линкови.
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Treba da plakas mislam personalen danok, ja plakam 2 godini veke, danok na dohod na drugi prihodi
Usher, моѓе ли да споеделиш под која ставка го внесуваш бруто износот за ,,други приходи,, дали е под 14 и има ли одбитоци од 35% на брутото? поз
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.472
Поени од реакции
4.627
Usher, моѓе ли да споеделиш под која ставка го внесуваш бруто износот за ,,други приходи,, дали е под 14 и има ли одбитоци од 35% на брутото? поз
pod stavka 8 , nema odbitoci nikakvi, si plakas 10% na site primeni pari vo izminatata godina i cist si
 

Kajgana Shop

На врв Bottom