Дали Facebook ја уништува работата на web програмерите ?

  • Креатор на темата ^HITMAN^
  • Време на започнување
Е

експерт

Гостин
Зошто сте го избришале мојот пост? Бев мртов сериозен, правете FBML за фејсбук страниците на клиентите.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Забележувам дека последната година работата не ми оди како порано. Иако се повеќе инвестирам во маркетинг на мојата фирма, го следам светскиот тренд во оваа индустрија и иновирам, сепак обемот на работа на месечно ниво во најмала рака ми стагнира, а некои месеци се случува да останам и со 3 клиенти, за разлика од пред 2-3 години кога се случуваше и по 8 до 10 веб страни да изработам (статични нормално)
Сметам дека Facebook е најголемата причина за тоа. Компаниите, здруженијата, организациите и физичките лица се почесто се одлучуваат наместо веб страна да си направат профил на Facebook и на тој начин да ја покријат својата презентација на интернет. Што мислите вие?
Конструктивни мислења се добредојдени за разлика од сеир и аматери.
Тоа ти се вика ебење у здрав мозок. Биле по креативни и стратешки определени на бизнис ниво, и станаа појаки од веб дизајнерите бидејки повеќе се “спамира“ со реклами на фб него со ливчиња у сандаче.
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Забележувам дека последната година работата не ми оди како порано. Иако се повеќе инвестирам во маркетинг на мојата фирма, го следам светскиот тренд во оваа индустрија и иновирам, сепак обемот на работа на месечно ниво во најмала рака ми стагнира, а некои месеци се случува да останам и со 3 клиенти, за разлика од пред 2-3 години кога се случуваше и по 8 до 10 веб страни да изработам (статични нормално)
Сметам дека Facebook е најголемата причина за тоа. Компаниите, здруженијата, организациите и физичките лица се почесто се одлучуваат наместо веб страна да си направат профил на Facebook и на тој начин да ја покријат својата презентација на интернет. Што мислите вие?
Конструктивни мислења се добредојдени за разлика од сеир и аматери.
Фејсбук има огромна публика и секако ќе има и голем број на реклами. Но во светот се што има почеток има и крај. Доколку фејсбук како социјален сајт не нуди постојано нешто ново (освен она иритирачко менување на стилот) само прашање на време е кога ќе се појави некоја друга мрежа која ќе го земе приматот. Околку рекламирањето. Немој да мислиш дека фејсбук е главната причина. Доколку сајтот што го држиш има интересни содржини и привлекува публика спонзорите сами ќе дојдат.Проблемот е да донесеш нешто ново кое другите го немаат. Во македнскиот интернет простор веќе има солиден број на портали кои помалку или повеќе ги имаат истите работи. Некои се повеќе престижни, некои помалку. Некои имаат повеќе посетители, некои помалку. Според тоа некои имаат повеќе реклами, некои помалку. Значи мојот совет е да се обидеш да направиш нешто ново и невидено (барем за нашите простори). И уште еден совет, батали ги статичките страни. Побарувачката за нив е се помала.

И уште една работа: фејсбук неможе да ги уништи веб програмерите. Тој може да им даде само поттик. Сепак веб девелопментот (веб развојот, или како што вие го викате веб програмирањето), не е само обични странички, портали и статички html.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom