Дали ќе гласате на изборите за студентски лидер?

ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР?

  • ДА

    Гласови: 10 9,6%
  • НЕ

    Гласови: 79 76,0%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 15 14,4%

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Кој прв пенкалце ќе ми донира за него гласам :cool:
--- надополнето: 29 септември 2012 во 03:46 ---
Категорично - НЕ. Иако не верувам дека веќе припаѓам на категорија студенти, сепак овој став го држам од секогаш. Не може бе да ми дојдат месец дена пред студентски избори ликови кои никој не ги знае, никој врска нема кои се и што се као прават кампања. Друго е да има ривалски студенски организации кои нон-стоп организираат нешто, прават нешто, ги гледаш, ги слушаш, знаеш кои се. А не вака ќе видам некое лице и оп да го гласам - е па неќе моќи ове ноќи. Како може да гласам за некој кој наводно треба да ми ги претставува интересите, а во текот на активните години додека трае мандатот на студентскиот лидер ниеден од нив не се појавил никаде, ниту пробал да направи нешто, ниту пак ако има намера да се кандидира да прави нешто за да биде забележан.
Глупости на куп се кај нас изборите за студентски лидер, затоа што ние НЕМАМЕ студентски лидери во вистинска смисла на зборот, ниту пак некогаш сме имале.
За претходните избори никој не беше ни известен дека има избори, дознавме на пола ден дека нешто се случува...

И не гледам зошто образованието треба да биде бесплатно. Државните факултети си имаат автономија и мора да имаат мање више голема слобода од буџетот и државата и плаќање партиципација е сосема во ред. Други се проблемите во образовниот систем, тоа што се плаќа одредена сума партиципација е најмал проблем.
Се согласувам со поголемиот дел, како нинџи се нит ги знаеш нит си ги видел.
Додека вистина е дека има далеку далеку поголеми проблеми во образованието сметам дека бесплатна едукација треба да биде право загарантирано со устав.Секој кој има желба за знаење не е во ред финансиската ситуација да го спречи во таа цел.( за која можеби самиот/та е крив,но можеби немал никаков удел и целата ситуација е сплет на околности ).
За жал живееме во свет во кој да се биде неедуциран/а е кул.
Кога сме основно училиште мислиме дека премногу имаме за учење,кога сме во средно училиште сакаме назад во основно училиште,кога ќе стигнеме факултет пак сакаме назад во средно училиште.
Додека студираме пак не удира како гром од ведро небо дека се што сме научиле и се она што го учиме не е доволно дури е и премалку и мора самите ние да ја продолжиме таа потрага по мудрост и да ја задоволиме жедта за знаење.
Најверојатно целата поента на едукациониот систем треба да биде да се разбуди таа жед за знаење колку што е можно порано.
Но, за жал додека знаењето се пренесува тоа не е случај со мудроста.
“Knowledge can be communicated, but not wisdom. One can find it, live it, be fortified by it, do wonders through it, but one cannot communicate and teach it.”
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Неколку пати ми има кажано деканот до сега, силата е во вас студентите, побунете се, незнаете како - прашајте, вие сте иднината. Ќе ми простите ако речам какви студенти - такви лидери.
Не гласам.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Неколку пати ми има кажано деканот до сега, силата е во вас студентите, побунете се, незнаете како - прашајте, вие сте иднината. Ќе ми простите ако речам какви студенти - такви лидери.
Не гласам.
И да сакаш не можеш да се кандитираш, имаат правни лавиринти за кои погоре напишав, правилата за кандидатура ги објавиле во понеделникот, а рокот за собирање е вторник еден ден само ! Едниот собрал 3000 потписи ама не исполннил некое правило кое не го знаел дека постои (споредно правило) и не му дозволиле да се номинира, така да, да се согласувам дека силата е во студентите, треба тие избори и тој парламент да се дигне во воздух (затоа што не ти оставаат демократски начин на решавање) и масовни протести секоја недела! А не вака сите како полжави секој сака за него нешто да излиже некоја трошка нешто ситно и сите си ќутат
 
Член од
27 август 2012
Мислења
45
Поени од реакции
28
Бојкотирал или не, твојот глас ќе биде во кутијата.
Ова е најдобриот дел од студентската демократија. Излезност 103.2%, Слупчане може да позавиди на демократскиот капацитет.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.743
Поени од реакции
7.557
Ова е најдобриот дел од студентската демократија. Излезност 103.2%, Слупчане може да позавиди на демократскиот капацитет.
НЕ, не.Најдобар дел е кога домат ти ја носат кутијата за да гласаш. Иначе кој излегува од дома за да гласа ебаго.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
45
Поени од реакции
28
НЕ, не.Најдобар дел е кога домат ти ја носат кутијата за да гласаш. Иначе кој излегува од дома за да гласа ебаго.
Од вакви дрвења за технички детали не можеме глава да кренеме. Утре ќе бараш не само кутијата да ти ја донесат, туку и човек да има ливчето да го пополни за тебе, да не се шинеш со пенкалото. Битно вистинските луѓе се изгласани и демокрацијата може да тера со полна пареа.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.743
Поени од реакции
7.557
Од вакви дрвења за технички детали не можеме глава да кренеме. Утре ќе бараш не само кутијата да ти ја донесат, туку и човек да има ливчето да го пополни за тебе, да не се шинеш со пенкалото. Битно вистинските луѓе се изгласани и демокрацијата може да тера со полна пареа.
Baby steps.
ЧЕкор по чекор и со време се ќе си дојде на место и демократијата ќе надвладее.
Кога велам со време мислам на овие избори.И на предходните.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
И да сакаш не можеш да се кандитираш, имаат правни лавиринти за кои погоре напишав, правилата за кандидатура ги објавиле во понеделникот, а рокот за собирање е вторник еден ден само ! Едниот собрал 3000 потписи ама не исполннил некое правило кое не го знаел дека постои (споредно правило) и не му дозволиле да се номинира, така да, да се согласувам дека силата е во студентите, треба тие избори и тој парламент да се дигне во воздух (затоа што не ти оставаат демократски начин на решавање) и масовни протести секоја недела! А не вака сите како полжави секој сака за него нешто да излиже некоја трошка нешто ситно и сите си ќутат
Не сум ни помислувал на такво нешто, имам еден куп обврски со факултетот, пошто за разлика од „лидерите“ јас идам секој ден на факултет, туку имавме други проблеми поради предмети и слично и тогаш се уверив колку всушност ние студентите сме за никаде, не можеш да убедиш некого да крене глас...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.931
Поени од реакции
12.430
Без гуглање, колкумина од вас ( вклучувајќи ме и мене ) знаат кој е студентски лидер во моментов?
Јас не сум слушнала досега никаква изјава од дотичниот, ниту па некое посебно залагање за некој си права.
Тоа студентски парламент мене ми е само машина за перење пари. Имав некои проблеми летово па бев да поднесам приговор таму, еве октомври дојде никаков одговор немам на приговорот.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.743
Поени од реакции
7.557
^
Еве колку да знаете кој е моменталниот.


[edit]
Иначе да тоа студентски парламент(студентски сојуз) долго време не се претставнички организации на студентите, имаат политикантска функција.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Прав лав македонски!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`

Kajgana Shop

На врв Bottom