ceasar
надеж, страв и алчност
- Член од
- 2 април 2009
- Мислења
- 1.133
- Поени од реакции
- 574
Доста е, утре да излезe 1 студент и да избере претседател за сите 50.000 од УКИМ!
Утре се одржува гласањето за нов претседател на Студентскиот Парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На гласањето може да излезе и еден студент и тоа да биде прогласено за легално, статутарно и важечко, доколку тој еден студент го даде својот глас за еден од тројцата кандидати. Традиционално, не постои утврден цензус за изборите, на кои избраниот претседател претставува 50.000 студенти на најголемиот државен универзитет.
Годинава, кандидати се Трајче Митрев од Стоматолошкиот факултет, Кирил Спироски, студент на Правниот факултети Шевал Нуредин од Економскиот факултет.
Денеска ВМРО-Народна партија, излезе со соопштение за манипулации во избирачкиот процес.
„Унијата на Млади сили на ВМРО-Народна партија директно се сомнева дека и после овој избор на чело на СПУКМ ке застане партиски човек, договорен и изгласан во жолтата куќичка на ДПМНЕ а не во холовите на факултетите на фер и демократски начин. Ние младите од ВМРО-Народна партија цврсто сме убедени дека Трајче Митрев како млад дпмнеовски кадар ке биде новиот претседател на СПУКМ кој треба да го продолжи делото на претходните претседатели и да протестира против Опозицијата.Форсирањето на Митрев со негови плакати,флаери логистика помеѓу самите студенти а и забавите по студентските домови каде што видно се веселеа на српска музика се само доказ плус дека добро излобирал во партиските ходници“ - реагираа денеска младите од ВМРО-Народна.
Од партиски извори на ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека би можело да биде извршена промена на победникот, по денешната прес-конференција на ВМРО-Народна партија.
- Објавено: пред 2 часа
- Прочитано: 613
- Печати