Дали ќе гласате на изборите за студентски лидер?

ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР?

  • ДА

    Гласови: 10 9,6%
  • НЕ

    Гласови: 79 76,0%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 15 14,4%

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР? Јас би гласал кога конечно ќе се појави некој не партиски кандидат, на кој прво нешто на агендата како иден претседател ќе му биде студентски протест за укинување на приватната квота и вистински БЕСПЛАТНО високо образование за најдобрите средошколци (не преку оценките) него преку спроведување на фер полагаѓа на приемни испити од повеќе области (како на пр општа култура, интелигенција и сл, како и редовни тестирања од конкретната област) зашто да плаќаме разни давачки за државен факултет кога е државен и кога за тоа се плаќаат даноци од 2 милиони жители на Македонија!

Во прилог денешен текст објавен во ПЛУСИНФО
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
1. Нема неутрални кандидати .. сите се партиски обоени .. сдсм / вмро
2. подобро излези и поништи го гласачкото ливче отколку некој да го злоупотреби твоето и да стане важечко за некого
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
требаше да ја затворам анкетата до 10. 10. 2012 кога се и изборите :S
--- надополнето: 28 септември 2012 во 18:07 ---
на тој што собрал 3 000 потписи не му овозможиле кандитатура затоа што не се придржал точно до сите правила а замилете ПРАВИЛНИКОТ БИЛ ОБЈАВЕН ВО ПОНЕДЕЛНИК А ПОТПИСИТЕ МОРАЛО ДА СЕ СОБЕРАТ ДО ВТОРНИК. КОЈА ДЕМОКРАТИЈА ЈА УЧИМЕ ЗНАЧИ УШТЕ ОД СТУДЕНТСКИТЕ ДЕНОВИ!
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Па уште да не плаќам на електро и можеби некогаш ќе го завршам :icon_lol:. Вака колку толку се зависни од нас професорите и факултетот па не им е сеедно дали ќе не изгубат(избркат).
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Доколку нема камери, планирам да поминам со ливчето убаво низ гаќи и да го предадам празно.
Какви лижачи има меѓу тројцата кандидати и тоа би го излижале за некоe функцииче :)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
1. Нема неутрални кандидати .. сите се партиски обоени .. сдсм / вмро
2. подобро излези и поништи го гласачкото ливче отколку некој да го злоупотреби твоето и да стане важечко за некого
Како и да е ќе биде злоупотребено :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
За жал шансите да дојде таков кандидат на позиција претседател се испод минимални. Може да сонуваме за непартиски зависен кандидат. Инаку, веќе се' е испланирано кај кај ќе идат гласовите, додека другите двајца ќе си добијат некоја функција, за на крај да се каже дека колку-толку сме имале „фер“ избори.

Има време до 10ти за да размислам што да пишам на ливчето. :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Категорично - НЕ. Иако не верувам дека веќе припаѓам на категорија студенти, сепак овој став го држам отсекогаш. Не може бе да ми дојдат месец дена пред студентски избори ликови кои никој не ги знае, никој врска нема кои се и што се и као прават кампања.

Друго е да има ривалски студенски организации кои нон-стоп организираат нешто, прават нешто, ги гледаш, ги слушаш, знаеш кои се. А не, вака ќе видам некое лице и оп да го гласам - е па неќе моќи ове ноќи. Како може да гласам за некој кој наводно треба да ми ги претставува интересите, а во текот на активните години додека трае мандатот на студентскиот лидер ниеден од нив не се појавил никаде, ниту пробал да направи нешто, ниту пак ако има намера да се кандидира да прави нешто за да биде забележан.

Глупости на куп се кај нас изборите за студентски лидер, затоа што ние НЕМАМЕ студентски лидери во вистинска смисла на зборот, ниту пак некогаш сме имале.
За претходните избори никој не беше ни известен дека има избори, дознавме на пола ден дека нешто се случува...

И не гледам зошто образованието треба да биде бесплатно. Државните факултети си имаат автономија и мора да имаат мање-више голема слобода од буџетот на државата и плаќање партиципација е сосема во ред. Други се проблемите во образовниот систем, тоа што се плаќа одредена сума партиципација е најмал проблем.
 
М

Мартин`

Гостин
Мене ме интересираат само неколку работи.. има тука некаква минимална излезност за да изборите за студентски лидер успеат ? и каде се гласа за студенски лидер, сите на едно место (некој факултет ваљда) или повеќе избирачки места има ?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мене ме интересираат само неколку работи.. има тука некаква минимална излезност за да изборите за студентски лидер успеат ? и каде се гласа за студенски лидер, сите на едно место (некој факултет ваљда) или повеќе избирачки места има ?
Мислам дека на секој факултет има избирачко место, а за излезноста не ми е уште сосема јасно, мислам дека победник е тој што ќе има 51 посто од вкупно ИЗЛЕЗЕНИТЕ гласачи, односно нема цензус кој треба да се исполни или праг кој треба да се помине, што значи и 10% да излезат (а излезноста е секогаш мала) ќе се одбере студентски лидер, што значи дека нивната легитимност може да се изедначи со нула.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Еее... Вечити студенти ни се лидери... Ај да беа само тоа... За овци само овчар, ништо повеќе...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom