Дали учењето може да ги оглупавува и разболува учениците?

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Се’ повеќе научници и филозофи доаѓаат до заклучок, дека начинот на кој што школството се обидува да ги образува учениците е погрешно и дури штетно.

Што мислите вие?

Може ли начинот на кој што се’уште се учи по училиштата да ги невротизира и дури оглупавува учениците, што засигурно не би требало да е неговта вистинска цел?

Има ли алтернатива за денешниот начин на учење?

За најпопуларниот германски филозоф Richard David Precht и најпознатиот германски невробиолог Gerald Hüther, одлучно; да!


............

.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ајде... Ајде...
Како можете да „ оглупите и да се разболите од учење “
Не се шегувајте, туку земете учете
Уште да додадам нешто:
Учењето предизвикува развој на интелектуалните способности:
На пример учење на стихотворби или слични текстови напамет
Математиката има многу мала практична примена во обичниот живот, но решавање на математички задачи силно влијае на развој на мозокот. Не случајно правниците се најчесто одлични математичари.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
Неам време видеото да го гледам, но сепак одговорот е да и не.​
Не може да ги „оглупавува“ ако воопшто постои такво нешто додека да ги дезинформира може и често го прави тоа. Исто така може да биде погрешно и штетно, но во овој случај поимот едукација би го заменил со перење мозок.

Едукацијата е област која има можеби неограничен потенцијал за корекции и подобрувања. За сегашниот систем имам еден тон замерки, но на кратко ќе кажам само дека е застарен т.е истиот систем од пред 2000 години кој е ефективен(ова е дискутабилно и зависи од област до област), но е далеку од ефикасен.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Незнам дали оглупавува но имаше случај во мојот клас, дете со сите петки, се задлабочи во учењето и со никој не се дружеше. За среќа во 4-та година го вративме во нормала, ем одличен, ем се дружеше со сите :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Па донекаде тоа е и точно... од учењето може да се добие некое знаење, но од учењето може човек и да се разболи.... на пример од читање (посебно книгите што се фотокопирани) очите се расипуваат, човековото тело не е толку активно и после и мускули и коски и се боли..... :)
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Насловот на темата е малку двосмислен.
Учењето и задолжителното образование од државните институции се две различни работи и треба да бидат третирани како две различни работи.
Можеби создавачот на темата може да дообјасни малку, дали мисли на учењето како учење, или на задолжителното образование.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Со учење дефинитивно може да сфатиш дека си глуп и за ништо не те бива, ама нема да оглупавиш.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Читајте меѓу редови. Сака да каже авторот дека науката оглупавува а библијата опаметува

.
Кога учењето не е основано врз Љубов, туку врз животонепријатен притисок и страв под кој што мораат да патат најмалите и најмилите, тогаш знам дека мојот Господ и Пријател на таквите учители засигурно ќе им ги скрши катедрите!...:cool:
.

 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
68
Поени од реакции
36
учењето во ниеден случај не може да ги оглупавува и отупува учениците,колку и да не е интересна темата за учење што ја има ученикот,или колку и да е на висок стил напишана за да не може да ја разбере,или колку да се лошо формулирани речениците од самиот автор(што ретко се случува бидејќи таа книга пред да стапи на сила преходно ја читаат и одобруваат рецензенти),со самата фотографска визуелизација на зборовите и повторувањето во свеста на истите при читање,претставува тренинг во био психичка и интелектуална смисла на зборот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom