Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  • Да

    Гласови: 46 46,0%
  • Не

    Гласови: 38 38,0%
  • Немам одговор

    Гласови: 16 16,0%

  • Вкупно гласачи
    100

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Во денешно време по трка по парите луѓето мегусебно се отуѓуваат и забораваат на сопственото семејство. Се повеќе се фокусираат на својата кариера и трошат повеќе време на себе и на својата кариера отколку на своето семејство. Според мене успешниот човек со успешна изградена кариера во животот поточно за човек од 40 години. неговата кариера влијае и на неговото семејство со тоа што веќе оние семејни вечери ги заменува со бизнис состаноци, времето се помалку го поминува со своето блиско семејство, заедничките моменти се повеќе се намалени откако еден успешен човек ќе изгради кариера. На некој начин јас вака ги гледам работите на еден успешен човек. Успешната кариера е добра од само една страна тоа е материјалноста, но таа материјалноста ги краде оние моменти кои треба да ги има во секое семејство, успешната кариера лошо влијае на блискоста во семејството.

1-8-principi-na-uspeshnite-lugje-www.kafepauza.mk_.jpg

Што мислите вие дали успешната кариера лошо влијае на семејниот живот?
 
H

HoT IcE

Гостин
Гласав дека немам одговор. Всушност одговорот ми е и да и не, ама углавном зависи до самиот човек.
Има примери за успешни луѓе со успешен и среќен фамилијарен живот.
Има и примери за спротивното.
Како и да е, условено е од различни фактори, ама највеќе до самиот карактер на дотичната личност.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.734
Поени од реакции
4.485
Ова во глобала е дел од поголемото прашање т.е како до среќен и исполнет живот.

Одговорив не, но мислам дека ниедна од понудените опции не е погрешна. Во главно прво треба да се дефинира успешна кариера. Доколку се мисли од финансиски аспект тогаш мојот одговор е НЕ т.е можно е и да имаш доволно пари и да се грижиш за семејството.

Вториот аспект е, доколку желбата ти е, да се истакнеш со некој успех или дело во твојата област. Тука е малку дискутабилно, но би одел со ДА. Зошто?

Историјата покажала дека големите научници жртвувале скоро се што имаат и дури биле на добар пат и разумот да го изгубат во тој процес во потрага кон нешто повеќе(или било која друга професија еве сега пример со атлетичариве замислете колку жртвува некој за да ги постигне тие резултати?).

На овој свет времето е лимитирано и доколку сакаме да бидеме број еден невозожно е по тој пат да не направиме жртви. И за крај да се навратам на почеток т.е како до среќен и исполнет живот?

Според мене тоа е вложување на постојан напор за баланс во приватниот и професионалниот живот(и се останато), но сметам дека оваа одлука е инвидуална така да не е ова некое универзално правило.

Доколку некој смета дека работата е она што го исполнува и на сметка на тоа треба се останато да запостави или обратна ситуација, семејството е најбитно се друго е споредно. Во секој случај тоа е избор кој секој од нас како инвидуалец мора да го направи и да ги сноси последиците. :D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Невлијае ....
Напротив неуспешната каријера има лошо влијание на семејниот живот. Човек без работа, без пари не може да има ниту добар приватен живот.
Но овде се работи за лажно прикривање на нештата
Демек ете немам успех во работата, но затоа имам успешен семен живот.
Тоа е исто неточно како и кога велиме, ете немам пари но имам здравје
Со тоа само се тешиме. И богатите и сиромашните можат да бидат и здрави и болни.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Јас сум на почетокот на мојата кариера. Немам основано семејство, ама имам некое претчувство дека ќе морам да ги урамнотежувам двете.
Пред некое време ми кажаа една многу убава реченица: Успешноста на еден човек не е кариерата, туку какви деца успеал да израсне. :)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Невлијае ....
Напротив неуспешната каријера има лошо влијание на семејниот живот. Човек без работа, без пари не може да има ниту добар приватен живот.
Но овде се работи за лажно прикривање на нештата
Демек ете немам успех во работата, но затоа имам успешен семен живот.
Тоа е исто неточно како и кога велиме, ете немам пари но имам здравје
Со тоа само се тешиме. И богатите и сиромашните можат да бидат и здрави и болни.
Под кариера не се подразбира имање работа, туку одење на скалила погоре и погоре. Ако мислиме само да имаме работа која може и 20 години да ја работиме, тоа не е кариера, туку работа. Кариера е да вложуваш цело време во тебе и да имаш придобивки од тоа. А навистина е тешко да имаш усшешна кариера и задоволство и срека на домашен ( семеен )план. Барем според мене е така.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Прва работа, што значи успешна кариера?
Да му правиш на некој многу пари, за тебе да ти дава ситнеш (1-2к Евра), тоа не е успешна кариера, тоа е работа за без пари. Успешна кариера е работи помалку заработувај повеќе со тоа и ќе имаш повеќе време за семејството.
И што ако некој брка кариера, кога после тие пари треба да ги даде за лечење на децата или самиот себе, пред се заради разните нервози што носат разни болести ?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Терминот „успешна кариера“ на овие простори важеше само за пејачите и за глумците. Порано не знам за човек кој се чувствуваше за неуспешен. Без разлика кој што работеше. Успешни се осеќаа дури и домаќинките.

Денес демек се сите кариеристи, демек сите може (и пожелно е) да имаат успешна кариера, за која ние ни немаме баш јасна дефиниција што значи тоа. Ама жабата видела дека го потковуваат коњот, и таа кренала нога.

Малку е смешно во Македонија да се зборува за луѓе со успешна кариера, кога дел од луѓето кои седат во бордовите на успешните компании се партиски активисти и нивното знаење и умешност немаат никаква врска со успешната им кариера.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Успешноста на било кое поле се рефлектира во сите останати. Ако си задоволен со личниот успех уште посреќен ќе бидеш со партнерот. Исто е и во обратната насока, ако имаш љубов и поддршка десет пати ќе се издигнеш од дното. Се разбира ова важи за амбициозни ликови. Тоа е таа сила која те движи нагоре и само нагоре. А време се има за се ако се сака. Ако не се сака, тука е разводот :)

Другите приказни ги измислија несреќите кои уште од дома пари бараат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Се зависи тоа од човекот :)

Одлично артикулирано!
Директно во суштината!

Ако некој имал дилеми околу тоа од што зависат овие работи, сега веќе нема.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Успешната кариера бара голема посветеност, одговорност, вложување на напор и жртвување на скоро цело слободно време. Затоа што кога веќе човек ќе започне да чекори по тоа скалило на успешна кариера, тогаш веќе започнува да ги запознава термините: прекувремена работа, деловни состаноци во било кое време од денот, постојано дружење со колеги и колешки замаскирано со терминот `тим билдинг`, ѕвонење на службениот телефон во било кој ден и било кое време во текот на денот, постојана достапност и јаки нерви....
Сите овие термини се убијци на здравиот и стабилен семеен живот. Одгледувањето и воспитувањето на деца, стабилните брачни односи, следењето на сите работи кои се одвиваат во семејниот живот - сето тоа бара време и силни нерви. Успешната кариера го одзема тоа време и тие нерви.
Под семеен живот не се подразбира само сопруг или сопруга кои ке имаат разбирање за огромното залагање на партнерот за успешна кариера, или родители кои несебично ќе ги чуваат вашите деца...Подразбира огромна посветеност во обезбедување на топол и стабилен дом на своето дете, следење на неговиот развој и напредок, застапеност во секој сегмент во неговото воспитување, несебичност и љубов спрема партнерот и грижа за родителите кои веќе и нема да се толку млади за да се грижат самите за себе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom