Во МК се познати случаи на беспоштедна експолатација на работниците, т.е. неплатена прекувремена работа која нема врска со кариера, туку со гол опстанок ан работникот. Секаква друга расправа на темата кариера е теоретска.
Шанса за напредување имаат колку што знам во банките. И? И таму за да се вработиш треба да имаш врски!
Има професии кои не се мерат со позиции. Работата во школо, во болница, во полиција...
Друго сакам да кажам: една од работите на кои сум горда на мојот народ е што во МК никогаш работата не била СЕ на светот. Значи, џабе ти пари ако немаш време да ги трошиш. И многу се чудам кога ќе слушнам како некој (со краиера де) од МК се фали дека работел по 12 часа на ден!! Мене таков муабет директно ме врача у 19.век.
За тим билдингот: една познаничка работеше во голема американска компанија, каде многу често им организираа тим билдинзи, речиси секој викенд беа некаде.
Во еден момент, вели таа, сфатив дека јас немам друг живот освен тој на работа, дека почнувам да ги губам врските и контактите со луѓето надвор од работата, едноставно живеам и постојам само за фирмата.
И цурата даде отказ (се разбира, прво си најде друга работа).
Повеќе од ова не можам да се согласам
Морам во животот да работам нешто што интелектуално ќе ме исполнува, парите ми се слаб мотиватор - не ги гледам како некаков си успех на крајот на месецот. Парите ништо не вредат ако немаш со кого да ги потрошиш.
Меѓутоа, ете, не разбирам ни луѓе кои се амбициозни и наеднаш прифаќаат пониски позиции заради домаќинлук.
Типичен пример ми е чистачката на работа - жената е со магистратура на ПМФ, имала солидно работно место, кога останала бремена дала отказ. Во моментот тоа и се чинело како најпаметна одлука, да се посвети на семејството, ама 15 години подоцна, кога децата веќе почнуваат свој живот да гледаат, а не може на овие години да си најде пак така добра работа - е тотално разочарана.
Затоа сметам дека не е паметно со ништо да се оди во крајност, нит со кариера, нит со домаќинлук. Всушност, ако некој за себе одлучи дека во животот му е цел да биде следниот Стив Џобс, воопшто и не мора да формира семејство.
А за нормална кариера, од лично искуство, знам дека ако се сака се се може, и никој не може да ме разубеди.[DOUBLEPOST=1414545672][/DOUBLEPOST]
Мајка ми истото ми го кажа и змам дека и двајцата сте во право ама ете потешко е на своја кожа кога ке осетиш.
Имам среќа што маж ми е најфиното суштество на цел свет и ми дава целосна подршка кога е во прашање работата и син ми. Кога сме дома ме мења 100% во домашните обврски за ја да можам времето да го посветам на малиот.
За успех во брак (срмејство) или кариера и тоа е битен момент. Ако се има разбирањ е со партнерот може да се има баланс во кариера и семејство.
Sent from my GT-I9300
Ај бар ти викаш добри пари и позиција
Другарка ми си го истера цело породилно (9 месеци) ама што дека, работи за ич пари и тоа како под казна ја ставија само втора смена да работи (предходно само прва работеше) па еден куп перипетија за да ја избркаат од работа.
Сама вика, да имав чаре, денес отказ ќе дадев, ама за гол живот рмбаат со маж и.
За жал во Македонија си крива ако родиш дете, па не ли ти е срам, цели 12 000 те плаќаме