Дали убавината е чувство?

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Како вие ја разбирате убавината? Дали таа е само дар од природата,, која некому му дала повеќе,,некому помалку или пак таа е константна за сите? Може ли некоја личност иако можеби не е многу физички убава да се чувствува дека е убава,,и дали за таа личност и вие кога ќе ја погледнете ќе можете да го помислите истото? Дали убавината е чувство,,и ако за себе мислиме односно се чувствуваме дека сме убави,,тоа навистина е така,,и обратно?
Јас мислам дека убавината навистина е чувство,,затоа што ако не се чувствуваме самите убаво во сопствената кожа,,тогаш никој ни со најубавите комплименти не би можел да не разубеди докрај..Ова го велам затоа што познавам токму такви луѓе,,кои се толку самокритични што не прифаќаат искрени коментари..Додека пак,,за себе можам да кажам дека комплиментите можат да ми влијаат само доколку се дадени од вистинската личност..Секако дека убавина е дар од природата,,но мислам дека не е се во физичката убавина...Токму тоа е она чувството,,кога сме задоволни од себе и од она што го правиме ..Токму затоа според мене убавината е чувство,,кое секој треба да го има,,како за себе,,така и за другите...
Што мислите вие? Кој е вашиот став? И секако образложете ги вашите мислења...повелете:smir:
 

candybabe

~ПЛАВУШКА~
Член од
16 јули 2008
Мислења
588
Поени од реакции
9
хмммм.....убавината може да се каже до некаде дека е чувство , или пак да како што кажа се чувствуваме дека сме убави..хехехе..поише ми делува како психолошка ствар и тоа ипак е релативна работа , зависи како се чувствувам у моментот ако сум избедирана , колку и да сум стварно убава, ке ми се вртат филмови у глава као грда сум незнам ти таму што , а пак ако сум весела у моментот онака да ми се десило нешто што ми напраило кеиф , ее тогаш се осеќам какко најубавото суштество на цела планета хехе:pos2::pipi:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не, убавината е субјективна перцепција на нешто материјално. Особено е субјективна во случаи кога се перцепираме самите себеси.
Ти се чувствуваш убава, затоа што кога ќе се погледнеш во огледало гледаш убав одраз, кој за некој друг е неубав или обратно. Пошто мозокот селективно ги процесира информациите при образување на мислења, ти, без оглед на тоа дали си според „општи стандарди“ убава или не, ќе го примиш сопствениот одраз како убава глетка зошто е твој и си пристрасна при проценката. :)

Технички, никој не може објективно да си го процени својот изглед и степен на убавина. Или ќе биде престрог (најчесто кај лица со комплекс на намалена вредност) и ќе се смета себеси за грд, без оглед на тоа дали другите го доживуваат така, или ќе биде пренереален, и ќе се доживува себеси како највеча лепота, иако реално не е до толку надарен (кај лица со комплекс на виша вредност). Има и едни трети додуша, кои се сметаат себеси за просечни, или не знаат како да се оценат, зошто не патат од никакви екстремни комлекси. :)
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Вака мило.Прво големо браво затоа што си отворила прекрасна тема-најискрено мене тоа не ми оди.
Убавината,факт е дека е релативна работа.Убавината е чувство кое е поврзано со психата.Значи колку повеќе си се допаѓаш на самата себеси и колку повеќе добиваш позитивни комплименти-толку повеќе имаш самодоверба.Тоа е факт.
Но има една работа што сите девојки мора да ја знаат:секоја жена е убава на свој посебен начин.Значи грижете се за самите себе,посветувајте си време и внимание-не гледајте само за другите и извлечете го максимумот од себеси истакнувајќи го она што сметате дека е убаво на вас.И на крај сакај те се бидејќи тоа ве прави поубави-не мислам да се сакате себеси во крајност на егиозам,има луѓе кои воопшто не се сакаат себеси.
Гледајте на правилото за критикувањето:Наместо постојано да ги критикуваш другите критикувај се самиот - но критикувајте се во реална смисла со цел да станете подобри и критикувајте се карактерно а на од надворешна страна.
И се разбира не гледајте на тоа колку повеќе машки ви се пуштиле толку поубава сте.Има вкус и вкус.
Поздравче ****:smir:
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
епа не мислам дека е чувство, ама знам дека се чувствувам убаво кога сум убава на себе си :)
 

GarDiaN

ФудБалЕрчЕ
Член од
16 февруари 2006
Мислења
465
Поени од реакции
19
Тое е чувство и секогаш ќе остане чувство. Проблемот што некој не се чуствува убав или не може да биде разубеден е затоа што за тоа чуство си дал некакви критериуми според кој го оценува тоа чуство. А тие критериуми ги прават најголемите проблеми, различни критериуми различно ценење, а по само тоа и различна конотациа на зборот убавина.

По мене секој треба да се чуствува убав, по критериум дека за тоа чуство ако треба да има критериуми требаат да бидат во целост во кој физичката треба да биде најмалку вредната, а најмногу внатрешната убавина, затоа што тоа само ја дава правата слика на твојата душа. Во твојата душа се наоѓа убавината, не во физичката убавина тоа е само како некаков подарок завиткан во некаква хартија, некои во убава прекрасна а некои во обична.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.552
Поени од реакции
1.812
ако ние не се чувствуваме убави, тогаш џабе би било ако сите околу вас ви го тврдат спротивното.
убавината се чуствува од внатре, таа доаѓа од внатре и се формира внатре.
убавината е всушност позитивна енергија која ја пренесуваме кон околината за да околината нас не гледа како убави личности.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
Убавината е релативна работа, низ историјата креитериумот за убавина се менува. денеска имаме сосема поразличен критериум за убавина за разлика од пред 1 век на пр. но како што потенцираа некој од членовите, важно е човек да се чуствува убаво во своето тело, да се грижи и негува за него, но мое мислење е дека не е чуство туку повеќе припаѓа во некој систем на вреднување и перцепција.
интересна тема за размислување....:toe:
 
S

Sith_Lord

Гостин
Убавината е аршин сама по себе. Вредност.

Различни поднебја и историски периоди имаат различна перцепција на она што е убаво и она што е грдо.

Впрочем, убавината е мерило кое е подложно на најголеми измени низ вековите.

Не е толку чувство, колку што е ствар на општествен консензус и дериват од целокупниот моментален општоприфатен светоглед.


А, да. Пластиката е грда. Ова е според мене универзална вистина. :P
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ај како може убавината да биде чувство?

Љубовта е чувство и кога ќе ја видите саканата особа ја чувствувате таа љубов односно имате некое чувство.

Убавината ја чувствувате?
Какво е чувството?
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Ај како може убавината да биде чувство?

Љубовта е чувство и кога ќе ја видите саканата особа ја чувствувате таа љубов односно имате некое чувство.

Убавината ја чувствувате?
Какво е чувството?
Ubavinata se cuvstvuva.Nestoto ne e ubavo samo po sebe ili samo za sebe,toa zavisi od toa kako ti go dozivuvas,dali go cuvstvuvas kako ubavo ili kako grdo.I tokmu zaradi toa e relativna.Eden ist predmet site go percepirame na ist nacin,onakov kako sto e,no go dozivuvame razlicno i zatoa razlicno ja ocenuvame negovata ubavina.

Cuvstvoto,vo sekoj slucaj e prijatno,ednostavno cuvstvuvas nekakov vid ispolnetost,zadovolstvo.Kakvo sto e custvoto koga ke ja vidis sakanata osoba,slicno e cuvstvoto koga ke vidis nesto ubavo,normalno ne so ist intenzitet.Tokmu od taa pricina vo nasata priroda e da gi sakame ubavite nesta,a da gi odbegnuvame grdite.Ubavite nesta pravat da se cuvstvuvame ubavo.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Ако фатиш некоја убава за гз во поминвање а таа тоа го почуствува дали е и тоа во категорија “Убавина е чувство“ ?
 

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Koга би се обидувале да ги поврземе убавината и чувствата, тогаш, „според моите теории“, убавината може само да е причина за, во најголем број од случаевите, убави чувства...
Не е точно тоа дека убавината е чуство.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Koга би се обидувале да ги поврземе убавината и чувствата, тогаш, „според моите теории“, убавината може само да е причина за, во најголем број од случаевите, убави чувства...
Не е точно тоа дека убавината е чуство.

За прв пат да се сложам со твоите теории... :helou:

Е ова веќе да...се прифаќа, ама во никој случај и тоа дека убавината е чувство.
Убавината не е чувство!
Убавината е само перцепција за изгледот која пак од своја страна може да ни донесе психичко задоволство или незадоволство, во зависност од видот на перцепцијата.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Убавината не може да е чуство. Не може да чуствуваш дека си убав или дека друг е убав. Може само да согледаш дека некој зрачи со убавина, но не и тоа да го наречеш чуство. Самата убавина е поврзана со нашето расположени и со нашиот мозок и тие придонесуваат самата личност да може да се чуствува среќна и задоволна поради убавината.
А самата убавина е нешто надворешно кое го согледуваме и од кое може да добиме одредени чуства.
Притоа убавината е релативна работа. Додека чуството не може така да го претставиме. Или чуствуваме нешто или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom