Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
и шо одморање е тоа, со кукање пискање и дерење, со таква нападна содржина пресечена одвреме-навреме со реклами од по 15 минути? :) (Толку) нема поасолна содржина да се опушти народов?
Мое мислење е, а го делат голем број луѓе.Има и добри работи, не знам зашто секогаш плачењето го гледате, епа ајде пукањето некого не му чинеше, тепањето не, епа тоа е филмот бе, кој не му се свиѓа бујрум во театар или на балет.
 
Не гледам TВ веќе 3/4 години + само тенис, фудбал, ракомет.
 
Мое мислење е, а го делат голем број луѓе.Има и добри работи, не знам зашто секогаш плачењето го гледате, епа ајде пукањето некого не му чинеше, тепањето не, епа тоа е филмот бе, кој не му се свиѓа бујрум во театар или на балет.
Голем број луѓе слушаат и турбофолк, глеаат реални шоуа, што ти значи тоа "а го делат голем број луѓе"?
По твојов пост ќе искочи театар и балет не чинат, а турскиве серии имале добри работи. Што не е ни чудно во денешново време на извртени вредности...
Како може бе телевизија да не гледате? Шо луѓе ќе бевте....

Глупави. Наместо да зјапаме во телевизор цел ден, а поготово со денешнава програмска шема...
 
Голем број луѓе слушаат и турбофолк, глеаат реални шоуа, што ти значи тоа "а го делат голем број луѓе"?
По твојов пост ќе искочи театар и балет не чинат, а турскиве серии имале добри работи. Што не е ни чудно во денешново време на извртени вредности...


Глупави. Наместо да зјапаме во телевизор цел ден, а поготово со денешнава програмска шема...
Така е шефе само вади ми од контекст реченици.После ќе испадне сум кажал нешто трето.Јас сум таков човек што ретко плукам и ги мразам оние што плукаат по се.И во се, па макар и во цртан филм го вадам она најпотребното најпоучното а останатите delete.
Да се вратам на темата главното се е политизирано, и секој настан гледаат да му дадат политички карактер, па не е можно бе цртан филм нема да тв, какво детство имаат децава денешни.:facepalm:
п.с Ако не ти се свиѓа нешто не ме цитирај веќе, си уживам во успехот на Металург.;)
 
Кажи а? незнаеме што пропуштаме? па уште и што луѓе :pos::icon_lol:
Мора да гледаат МТВ?Канал 5? Нека гледаат странски телевиии, англиски филмови, документарни такви работи.Шо излетуваш со глупи коментари?
 
Да ги пофалам само Канал 5, веќе 8 дена го немаат дадено Lucky Number Slevin.

Thumbs up за МТВ за Симпсонови, секогаш се интересни. Алфа има горе долу добра програма, кога и да упалам онака ТВ ми седи на Алфа. Но тие се доказ дека џабе колку и да се трудиш со малку поразновидна програма, пак гледаноста ќе оди на азербејџанскиот увоз на Сител и Канал 5.
 
Да ги пофалам само Канал 5, веќе 8 дена го немаат дадено Lucky Number Slevin.

Thumbs up за МТВ за Симпсонови, секогаш се интересни. Алфа има горе долу добра програма, кога и да упалам онака ТВ ми седи на Алфа. Но тие се доказ дека џабе колку и да се трудиш со малку поразновидна програма, пак гледаноста ќе оди на азербејџанскиот увоз на Сител и Канал 5.
за болдот :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Инаку старата Алфа телевизија ја даваше Only fools and horses, па ако ја имаат во архива може да ја репризираат таа има скоро 10-тина сезони, ептен добра серија. Исто имаат и некои англиски серии со актерите, кои играат во Only fools and horses, а може да ги откупат и Монти Пајтон сериите, англиски хумор секогаш е смешен и интелигентен независно од времето.
 
А Алфа па колку и да се трудат кога ќе ми го пуштат Реал во сред реклами ме прават и скоро никогаш да не ги пуштам.:D
Најгледана телевизија ми е ХРТ2, да се живи и здрави и никогаш да не ми ја тргнат.:icon_lol:
 
Цитро кратко и јасно :D

Туку Алфа ми е телевизија по мерак од нашиве барем и Телма чат пат. Алфа Телма и МТВ се единствени телевизии без турски серии. Само им треба поквалитетна филмска програма и добри ќе бидат. Башка Ана со Пулс и Кате на Телма со години ги водат нивните емисии и барем мене уште ми го привлекуваат вниманието.

Инаку се кладам дека ако на МТВ и светне сијалицата дека во архива има ѕверски филмски класици кои може да ги врти на програма ќе стане многу погледана. И онака мрдна од мртва точка ваков потег добро би и дошол.
 
Не сум задоволен, не гледам многу ТВ, повеќе ми е позадински пуштен ТВ-то дур сум на ПЦ, но факте дека нивото на квалитет на ТВ-програма е толкууу многу паднато во овие неколку години, тоа е страшно.

Додуша вината не е во нашите ТВ, туку во достапноста на се и сешто на интернет.

Повеќе нема амерички серии и ситкоми оти сите ги гледаат (и тоа новите сезони) на интернет. Има помалку спорт оти повторно некои странски ТВ ги откупуваат правата.

Но, ја нема ни домашната продукција, 80% од програмата на главните ТВ се некакви турско-индиско-срање серии. Каде отидоа многу авторски емисии ( не дека беа сите гледани и интересни, ама сепак имаше домашна продукција).

Мометално само Алфа и за чудо МТВ донекаде се обидуваат да направат нешто, да излезат од концептот дека на ТВ мора 80% од времето да има некакви ефтини надсинхорнизирани серии.

А да не зборувам за тешката исполитизирансот на ТВ- тоа е веќе друга тема, доволно е да го спомнав фактот дека двете најгледани Тв имаат газди коалицони партнери на владејачката партија, а башка и двајцата се тешки сељандури.

Генерално, не е само кај нас, телевизијата е медиум во опаѓање, тоа е еволуција, како што ТВ го прегазила радиото на времето, сега истото интернетот и го прави на ТВ, а тек ќе и го прави според мене.
 
Со нашиве телевизии,гледајќи ги и да си нормален ќе скренеш.Барем грам мозок да имаш и тоа ќе ти испари.24 часовно отупување на Македонецот со турски серии,најдобри шоуа на светот бај Лила Филиповска,за вестите муабет да не правам те убедуваат дека живееш во Шведска,најнови и најдобри филмови дава ТВ Едо диреткно симнати од замунда со српски превод,реални шоуа со поштени домаќинки кои лесно се заљубуваат и се пердашат пред цела бивша Југославија,најатрактивната англиска фудбалска лига на никој не му текнува дека треба и ние Македонците да ја гледаме,интерактивни квизови со водителки кои незнаејќи што да кажат верглаат една те иста реченица и добиваш впечаток дека некој папагал излегол пред камера,забавни емисии од типот на Драган Вучиќ и селска задруга,за едукативни емисии и програми-што е тоа?И ова ѓубре да го гледам?Никако.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom