Дали сте завидливи?

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Тоа е онаа од тие теми каде сите сме светци, безгрешни и не, ние никогаш не го правиме тоа. А сепак надвор во реалноста се соочуваме со милион такви луѓе. Кој апсурд. Само најдобрите се собрани на кајгана.

Да не се лажеме, во одредени ситуации сите сме се фатиле како нѝ е криво што некој постигнал повеќе од нас, а свесни сме дека имаме поголеми квалитети од него. Дури и кога неправдата е таа што нè тера да завидуваме, сепак сме завидливи. Сите.
Баш се согласувам со тебе.
:helou:

Толкава завист постои меѓу нас луѓето што ни самите не си се осеќаме.
Некогаш сте си викале:"Ај јас да бев модератор што ќе направев тука на форумот?"И тоа е завист нели?
Никој нема да Ви замери ако бидете колку-толку малце поискрени:smir:
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Хм па мислам дека зависта е уште една од многуте негативни особини што ги поседувам како типичен претставник на скорпиите:kesa:Е сега дали свесно или несвесно сме завидни,факт е дека зависта постои.Никој не сака да ја чувствува, ама ете луѓе сме,грешници,никој не е совршен,,освен Чак,нели:pos2:.Е сега да давам примери,отприлика сум се нашла во исти:nesum: ситуации како и секој од вас,во суштина тоа е само едно негативно чувтсво кое може да се јави кај секому без разлика дали вие викате "Јас никогаш не завидува",сепак ние не управуваме со тоа,исто како рефлекс:D
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Нормално. На безброј луѓе сум им бил завидлив, на парите кои ги имаат, на стилот, па дури и на шармот. Нормална човечка емоција, како љубов, како омраза, како страв и срам...

Имам инаку чуено за такви кои никогаш не биле завидливи, ама имам чуено и за чудовиштето од Лох Нес... дека постои. :pipi:
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Така е, никој не може да каже дека не е завидлив. Може само да каже дека досега не бил завидлив.
Зависта се раѓа во оној момент кога на човек ќе му се погоди слабата точка, односно кога гледа дека она што него му е се во животот и стимул да продолжи понатаму тој го нема, додека некој друг безобразно ужива во истото. Оној момент кога тоа ќе се случи, горенаведениот John Doe ќе се смени у корен, ќе загние.

Затоа не велете дека не сте завидливи, никогаш не се знае.
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
134
Поени од реакции
1
Човек без завидливост не постои(реално да збориме)
Секој човек завидува на некој во различни работи..
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Сите ние добро знаеме и сме потполно свесни дека завидливоста е особина која единствено наштетува на личноста која ја чувствува и дозволува да владее со неа.
После сево ова што го знам за оваа особина или чувство, се обидувам да не размислувам во таа насока а со тоа да си помогнам себе си.
Не велам дека никогаш не сум била завидлива - свесно или несвесно, сум била и знам дека колку и да се трудам во иднина пак ќе има моменти кога би завидувала на некого:toe:, но за мое добро ќе се трудам тоа да биде на минимално ниво знаејќи ја лошата страна и речиси ништо позитивното.
Кој што си има, кој што си постигнал си е заслужен за себе, ние сме тие кои треба да знаеме да се радуваме и за/со другите, а со тоа да ја покажеме нашата несебичност.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Не !!! Затоа што тоа што е мое по дифолт е најубаво :pipi: Може да биде и 10 пати поевтино, но самиот факт дека е мое, ми го гуши тоа чувство што знае некој пат да се јави. Реално на никој не му цветаат ружи, па така да можеби завидлива ќе бидам на некој, кој во сите области ќе биде супериорен и успешен во однос на другите.... Е ама таков до сега не се нашол...
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Да, сум бил завидлив и ќе бидам завидлив затоа што не постои човек што не завидува на некој друг. Затоа што тоа е нашата природа, без разлика колку и да имаш и колку и да се успеал, секогаш ќе има некој што има повеќе и повеќе усеал од тебе и ти тоа ќе го посакуваш...
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Зависи како се мисли... има луѓе што се завидливи и завидуваат на секој за се, но мислам дека тие се мал процент.. а особината како завист се појавува кај секој и никој не може да каже дека никогаш не завидувал за ништо..
..а тоа што сите во темава велат дека не се, со тоа се согласувам. Сакаат да кажат дека не спаѓаат во тој мал процент (ни јас не се ставам таму :baeh:), но без разлика секој од нас понекогаш почуствува завист за нешто..
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Зависи како се мисли... има луѓе што се завидливи и завидуваат на секој за се, но мислам дека тие се мал процент.. а особината како завист се појавува кај секој и никој не може да каже дека никогаш не завидувал за ништо..
..а тоа што сите во темава велат дека не се, со тоа се согласувам. Сакаат да кажат дека не спаѓаат во тој мал процент (ни јас не се ставам таму :baeh:), но без разлика секој од нас понекогаш почуствува завист за нешто..
Се мисли на особина, а не интензивна зафист која преминува во љубомора....
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Искрено не сум.
Ок, сигурно некогаш сум почувствувала момент на завидување, но брзо минливо дефинитивно. Умеам да бидам среќна за туѓиот успех. Не сум од оние луѓе кои имаат поглед во очите полн со љубомора.
 

Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Не сум завидлив. Зошто би бил? Тоа што некој некогаш е подобар од мене во некоја работа не ме прави да се чувствувам несигурен. Тоа ме прави среќен, бидејќи имам предизвик да бидам подобар од него. Јас обожавам предизвици.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
никад не сум завидувал за ништо а ни на никого.. немам причина.. едноставно не сум таков човек.. секој за себе!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom